Критериуми
Некој директор на голема фабрика често си ги менувал секретарките: или тој бил сит од нив или тие од него. Еден ден тој пак останал без секретарка. Го повикал шефот за кадрови и му рекол:
- Димче, ми треба нова секретарка. Ти знаеш каква таа треба да биде, па гледај што побргу да најдеш некоја добра...
- Директоре, без гајле, ги знам вашите критериуми. Бргу-бргу ќе најдам секретарка.
Димче се вратил на работа и веднаш почнал да размислува за кандидатките од фабриката. Во неа работеле стотици работнички, па изборот не бил лесен. Димче си ја знаел работата и брзо нашол решение. Се сетил која работничка најдобро ќе одговара за секретарка. Испратил човек да му ја повика. По малку време, кај него влегла работничката. Не знаела за што ја викаат, па била некако исплашена. Димче станал и ја поздравил, па ја одмерил. Онака исплашена, таа, кутрата, уште повеќе се исплашила и зацрвенела. Димче повторно ја одмерил. Таа била, убава, млада, парче ипол - од мерак да посакаш веднаш да ја зграпчиш и галиш, галиш ...
- Марице, знаеш за што те повикав? Безбели, не знаеш! Сакам да те унапредам: да му бидеш секретарка на главниот директор. Што велиш, а? А платата поголема, а работата полесна! Ке ми бидеш благодарна!
Марица уште повеќе се исплашила и не можела мирно да стои. За да ја растресе, Димче ја пофатил за цицињата, ја чукнал по газињата и пак и рекол:
- Ајде, де, не се срамувај! Што велиш?
- Другар Димче, па јас не сум многу писмена, како можам да бидам секретарка? - успеала Марица некако да рече.
- Марице, без гајле, ти реков дека работата е лесна: ќе му вариш кафе на директорот, ќе му ги закажуваш состаноците, ќе му даваш врски по телефон. Тоа ти е целата работа. Другото е само ќеф! Кога ќе биде директорот слободен, ти ќе му го нишаш пенисот!
- Е, другар шефе, штом работата е толку лесна, јас кандисувам.
Марица така станала секретарка на главниот директор. Му варела кафиња, му закажувала состаноци, му кажувала кој го бара по телефон и слично. Уште првиот ден, кога завршило работењето, директорот ја повикал кај него и веднаш ја налегнал. Дури тогаш таа видела што било да се „ниша пенис". Директорот бил саде ќеф, таа убаво му мрдала, а згодна била, ти реков веќе - парче и пол! Директорот почнал на Марица да и купува чевли, фустани ... дури и бунда.
По некое време Марица посакала да појде во нејзиното село. Директорот му наредил на својот шофер да ја одвезе во селото. Кога Марица пристигнала во селото, наконтена како некоја госпоѓа и со „Мерцедес“, нејзините другачки побрзале да ја посетат и да се распрашаат како таа толку далеку дотерала.
- Марице, мори, што работиш ти сега? Како се искачи толку високо? - ја прашала една од другачките.
- Ја сум секретарка на главниот директор - одговорила Марица. Работата ми е убава, лесна, а платата добра.
- Леба ти, Марице, како стана секретарка? Нели не си многу писмена? Што тогаш работиш?
- Така е, јас не сум многу писмена, ама работата ја вршам добро. Варам кафиња, давам телефонски врски, закажувам состаноци ... Кога нема работа, му го нишам пенисот на директорот.
- Оф, мори Марице, што ти е тоа пенис? Не сме чуле за таква работа.
- Их, ама сте прости! Пенис - тоа ти е кур, како нашиов селски кур, само е помек!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни