Тенџерето си има поклопче
Некој човек имал ќерка за мажење. Она коа мочаше, да ми простите, девет воденици мелеа и три валавици ваљаа. Таја еден ден му рече на татка си:
- Татко, оди, барај ми маж ! Јас до кога вака ќе живеам? Моата судбина, правда ќе а кажуваш.
Е, тоги киниса ќ'оди татко и, ќе и бара маж. Оди, оди, оди, врте по села и градови. Го најде еден легнат во дворо, си крши ореј со него.
- А бе, јас барам зет за ќерка ми. Али ќе мојш да ми бидиш?
- Каква е ќерка ти?
- Ами, ќерка ми коа моча девет воденици мелат и три валавици ваљаат !
- А, не су втасан јас за неа. Оди уште!
Пооди тој, пооди, најде еден - девет коли за кур врзани, преметнат на рамото, и си и води. И тој го пита:
- Ваква ми е работата: барам зет за ќерка ми. Таја коа моча девет воденици мелат и три валавици ваљаат.
- Не сум втасан јас за неа, барај си друг!
Оди, оди, оди, дојде до некоа голема река, као Вардаро. Ке преоѓа преку река. Ама коа за да прејди преку река, мост нема. Еден го наседнал курот, го спружил и сеа си преоѓаат на него луѓе, коли, еве ... му вели:
- А бе, иди, ете ти мост!
- Ме стра.
- А бе, како те стра?
- Ме стра.
И тој вати на задниот крај, легна на него и се преклопи:
- Држ'се - рече - убаво!
И тој: так! го заврте вамо на суво.
- Слези - рече - сеа!
Човеко слезе и тој па си го врати моето.
- До дека ќе одиш?
- Барам зет за ќерка ми. Таја коа моча девет воденици мелат и три валавици валаат!
- Таква ли е?
- Таква е.
- Јас можа да ти бидам зет. Коа ќе дојш да ме земаш, четиринајсе коли ќе донесиш да го товариме мандалово. Какви сакат коли нека бидат, само да можат да ми го носат.
Се разбрале веќе со него. И човеко барал, барал, барал: нашол угу тринајсе коли и дошол, го това рил. Го занесил дома. Човеко имал куќи големи, стари куќи, баи д'лзи - по дванајсет метра. Кога била свадбата, младоженецо крај ѕид, околу наоколу трпеза го извиткал куро. Си седнале луѓето на него. Не знаат шо е, покриен бил. Почнале муабети: море оваа ваква жена, неа наква жена. Тој му вели:
- Лоши работи не зборите, оти мислете на шчо седите!
Тија пак тоа ѓо си го знаат: ваа невеста вакве цикки, наа невеста ваква пичка, да ми простиш! И тап еднаш му чини на куро и разлетаа тие сите усвет: едни на греди, едни на баџи ... Па се смири човеко. И помина свадбата, си легнаа со невестата. Ајде, ајде, ајде, ама на невестата и дојде малце. Ѝ дојде малце!
- А бе - рече - коа не си бил втасан, шо си дошол да се жениш?
Јас втасан бе, туку татко ти не беше втасан.
- Оти? - рече.
- Четиринајсе коли му реков, а тој донесе угу тринајсе. Го товарив, другото ресто се влечеше поземи и се подјаде.
И туа се одбрани тој. Тија си останаа, јас си киниса ваки.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни