Полјакот и оџата
The field guard and the hodzha
Полјак му го чувал на еден оџа лозјето. Оџата бил добар човек и секој ден одел да му носи ручек на полјакот и да си поднаберит по тро грозје. Арно ама еден ден го нашол оџата полјакот кај што спиет во лозјето. Гледат оџата и се чудит. На полјакот, пустиот, од јадење грозје, ко смочиште издолжен. Зел оџата една сламка, му го измерил и си клал сламката во чалмата, и е заборајл така.
Дошол оџата дома и го видела пустата жена и му велит за сламката:
- Што ти е ова, никој пат сламки не си носел?
Оџата, сиромав, пусти штури, ама никако не можел да е измамит и најодзади е кажал.
Кога си отишол оџата, анката е пратила слуrинката да го викнит полјакот дома. Дошол полјакот и свршиле уба работа, ама токмо тогај ете ти го пустиот оџа идет дома. Кај ќе го скриет анката полјакот? Овде, онде и е истекнало да го скриет на таван. Се качил полјакот таму и заспал. А полјакот бил научен ко ќе се разбудит да викат: „Хо, бре, а ха, ха, ха!“
И така, штом се пробудил, се развикал на таванот полјакот.
Кој викат вака? - прашал оџата.
- Што зна ја? - рекла анката.
- Кој е горе? - викнал оџата.
Се јавил полјакот и кажал дека анката го викнала, та зато се нашол на таван.
- Ај, сиктер - рекол оџата - не си ти крив, ја е згрешив работата со пустата сламка.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни