Кајмакамот, неговата анама и бекшијата
The kajmakam, his wife and the field guard
Во турско време некој кајмакам излегол на прошетка по лозјата. Имал и свое лозје. Одејќи така, наишол на полјакот (бекшија по турски). Ама, полјакот си 'и турил гаќите, се припекол на с'нцето а меретенот го спружил. Кајмакамот ка видел така, зел една прачка, а пресекол и отишол му го мерил. И прачката си ја клал во појасот. Вечерта си оди дома. Си оди дома и таа прачката му паднала од појас. Го пита анката:
- Шо е тоа, шо е тоа?
- Ами, едно дрвце!
- Како дрвце, шо е тоа дрвце?
- Едно дрвце - рекол - денеска се занимавав ка лоз-
- Не, ќе ми кажиш, тоа зошто е. Оти не е или подолго или покусо, туку баш толкаво? Ќе ми кажиш!
И едно време кајмакамот и кажа:
- Вака и вака е работата: денеска бе на прошетка по лозјата, па удри тамо на полјакот и вака е работичката : му го мери со ова прачка.
И му вели анката:
- Остави, не зборувај такви зборови во нашава куќа! Срамота е, не зборувај!
Добро, по некое време анката се разболела и мy вели на кајмакамот:
- Ми текна за грозје.
Кајмакамот излава и го пречекува полјакот.
- Бекши!
- Бујрум, кајмакам ефенди.
- Денеска ќе земиш кошницата, ќе појдиш, ќе набериш грозје, ама бендере, бендере грозје и ќе носиш на дома кај мене.
- Пеќи, кајмакам ефенди!
И зема бекшијата кошницата, оди во неколку лозја, одбира грозје, а наполнува кошницата и ја носи. А носи, на вратата, тропа. Пита анката:
- Ким сен си?
- Бен'м, бекшилари.
Оди, отвора и му вика:
- Ѓел бре, ѓелди чери! (Дојди ваму.)
Овој вели:
- Како да дојдам внатре, кајмакамот ќе разбере, ќе не заколе двајцата?
- Море, ела внатре, бре!
- Не, не!
- А бре, ела внатре. Ако не, ќе му кажа на кајмакамот оти ми побара ти мене и така ќе те заколе и така.
И овој влезе внатре и му вели:
- Сега ќе прајш работа!
- Бре!Бре ќе биде, бре не бидува, бре вамо, бре тамо! Едно време се согласи ... Ама во тоа време си дојде кајмакамот на ручек. Тропна на порта.
- Ами - вели тој - сега шо прајиме?
- Е, сега пикни се во оџакот!
Се пикнал во оџакот. Во оџакот имало едно железо протнато напреку и тој застанал на оџакот просту, ама заспал. Заспал во оџакот. И едно време во сонот, виде: некој влезе во едно лозје да краде грозје. И овој од оџакот вика:
- Еееј, кој си ти таму, бре, шо крадиш грозје?
А кајмакамот и вели на анката:
- Бак, бак, каков полјак имам јас: вика наму во ридот, а овде се слуша!
Добро, ама полјакот па почна да повтара, да вика по втор и трет пат. Кајмакамот се сети оти полјакот е во оџакот и едно време му вели:
- Море, пријател, славај долу, да не зема еден сноп 'ржан и ца да те изrора. Славај долу!
И овој, виде не виде, излезе, слезе, застана.
- Е, шо е работата?
- Е, грешиме, ефендија.
- Е, како?
- Грешиме!
- Е, сега ќе ми кажиш право: правите работа со анката или не?
- Е, правиме.
- Колку пати?
- Трипати.
Кајмакамот вади ќесето, го развитка, му дава една бела меџудија.
- Еве ти ова бела меџидија - рече - да идеш да јадиш, да пијеш. Ај ми со здравје, немаш кабает! Мој е кабаетот оти на анката мерата е донесов.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни