Момчето, ан'мата и мухтијата
The young man, the lady and the servant
Еден сиромах човек еден син и мал. Тове рекол:
- Тате, шчо чекаме туа, ај д'ием да купим три-четириесе коча, да откараме да продадеме. Да земеме некој грош пари!
И тове послушал сино. И ошл и купили четириесе коча. И искараа ги у една планина. И вика сино:
- Тате, ајде туа ќе паса кочовето, а ти ќе ми донесеш една вреќа сол. Ќе си ги крма тука кочовето. Нека пасат. Ќе и поправа, па тогај ќе и продадеме.
И тове донел му една вреќа сол и ошел си. Заколи таа вечер еден коч: изеш месото, усукај си цревата на куро! За четириесет дена свршил кочо вето, ги изел. Тове си јаа магарето, сос песни, сос свирки дома ошел си. Башта му рекол:
- А, бе синко, камо кочевето?
- Тате, јазе продадох кочевето.
- А какво тека, бе синко. Ја парите?
- Парите ја ќе ги зема. Ти се не коси ! - рекол. Ајде, ќ' идеме да земеме некој товар пченица да докараме, па да идеме у Џумаата да продадеме. А за кочовето оттам ќе зема парите.
Ошли, земали печес товари пченица. Товарили печес кона. Ајде, та на Струма. И загнал се башта му да јаа коне. Син му рекол:
- Тате, нема да јааш коне, конето са товарени! Ела, ја ќе те пренеса.
- Е, можеш ле, синко?
- Мога, мога.
Е, качил се башта му на него. Таман до стрет водата фана ги до над појасо и сопира се:
- Тате!
- Шо бе, синко?
- Ќе те питам нешто ама право ќе ми кажеш. Ако ми не кажеш, ќе те акна у водата, ќе те у дава.
- А бе, сине, шчо сам видел ќе кажа.
- Тате, да ми кажеш право, на младие вакт по колку пати тераше?
- М'чи, синко, това е срамота!
- Не, ќе кажеш!
- Е, по двапати, по трипати, највеќе до четирипати!
- Е, тате, ја мога да направа четириесетпати.
- Можеш, синко, ти си млад.
Па одонат река една алајка вода лие и чула. Ан'мата и била оџова штерка, а маже и таксидар, немало го дома. И кажала на ан'мата:
- Ан'м, едн и тека и тека думаа, препираа се ...
- Брже - вика - да ги пречекаш, да им кажеш у нашие ан нека дојдат. И маме убаво сено, зоб... Нека дојдат у нашие ан.
Она ошла, кажува:
- Чичо, ан'мата ве вика у нашие ан да дојдете. Имаме рана добра, зоб, сичко имаме ...
Добро, ошли тамока, расположил се. Таман се седнали, те ти на вратата: так, так, так! Отворила вратата, алајката.
- Што е?
- Вика те ан'мата.
Тове - сино - иди.
- Што има?
- Ја сам те викала да се облагаме. Еден облаг да туриме.
- Каков облаг?
- Ако можеш четириесетпати, ќе ти дам четириесет ќисета пари. Ако не можеш, ќе ти зема и коњето и пченицата и парите.
- Ќе се обидеме - вика.
Налегнале. Танга, тунга, танга, тунга ... На четириесетие пат крф изблувава.
- А, не биде!
- Биде!
- Не биде!
- Ќе се судиме.
- Добро, ќе се судиме.
Ошли да се судат сега.
- Мухти ефенди, ние дојдохме да се судиме сос тове човек.
- Е, шчо е судмото?
- Да маане на мое орех и да отчука четириесе ореа. А па он еден шуплив отчука.
- Е, ти отчука ле четириесе ореа?
- Отчуках.
- Е, па еден ќе излезне шуплив у тиа четириесе ореа ... Дај му парите!
Тинк, тунк, тинк: четириесе чисета пари дава на тове.
Иде дома:
- Тате, погледни: парите од кочовето ја ги а!
- А бе, синко ! А-а-а!
- Таман седнал, па дооди ан'мата.
- Шчо има па сега?
- Сега ќе се облагаме па.
- Е, шчо е облаго сега?
- Од четириесе чекари ја ќе сам, а ти од четириесе чекари ќе се загнеш да ми свршиш таа работа.
- Добро!
Преброили четириесе чекари. Тове ка се пушти оттука, та в динг!
- Не биде!
- Биде!
- Не биде!
- Биде!
- Ќе се су диме.
- Ќе се судим, ќе се судиме.
Ошли да се судат, на мухтијата.
- Мухти ефенди, ја на тове рекох да си пушти коне право ра флезне у моата порта, а он флезнал у капеџико.
- Мухти ефенди, мое кон право идеше, ама она затвори портата, а он у капеџико ќе флезне. Па оно е добиче!
- Ама затвори ле портата?
- Затвори а.
- Дај му парите!
Земи момчето сега и тиа пари. Четиресе и четиресе осамдесе ќисета пари. Иди си дома. По малку време, па чука на вратата алајката.
- Што и ма па се?
- Ан'мата те вика.
Дојд там.
- Има оште еден облаг сос теб да се облагаме.
- Е?
- Јазе ќе се соблеча гола на фустанче тенко и алајката ќе се соблече, а ти меѓу нас ф стредата. Ако мош да се стрпиш, таа вечер да не не ебеш, те ти четиресе ќесета пари. Ако не, ќе ти земеме се: парите и коњето.
- Добро!
И тове зима еден канап, стегни си куро. Арно ама, са ан'мата си легнала, а алајката а-а на тува заврти се - стенка, натука заврти се - стенка ... „Ај, д'еба маќа му, што да чина?“ Таа поленка најди едн и сајбики ни ножици: крап! отсече канапо. Зем и сега сосе канап на алајката - так! Од неа на ан'мата - так!
- Не мож да се стрпиш!
- Стрпех се.
- Не мож!
- Стрпех се.
- Ќ'ием, ќе се судиме.
Ошли па да се судат у мухтијата.
- Мухти ефенди, дојдоме да се судим па.
- Шчо?
- Ја му рекох да си врзе коне, ни од нивата да докача, ни од ливадата да докача. А по негово кон и од нивата докача и од ливадата докача.
- Е, мухти ефенди, ја си бех врзал коне, ама они фанаа та му скинаа ортомата. Па оно е добиче! Мора да пасе и оттука и оттука.
- Ама скинаа ле му ортомата?
- Скинаа му ја ортомата.
- Дајте му парите!
Тинк, ја парите. Дале му 'и тиа пари. И сега соблече а, веќе пари нема. Имала еден петел.
- Ела, ќе ти дам петело, уште еднаш сврши, па ќе се фанеме рака за рака, па ќе се простиме.
Иди уште еднаш и на неа и на алајката. Шчо ќе даде алајката бакшиш? Дала му сто лири. А ан'мата? Петело го даде тогова.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни