Што да садиш, да дај Господ, тоа да ти никне

God grant that what you plant sprouts for you

Живееле баба и дедо. Сами. Имале една бавча покрај некој крстопат и од неа се преранувале. Тој везден во бавчата си работал. Бидејќи бавчата на крстопат, крај неа многу луѓе минувале и секој чоек ќе ro поздравел дедото „Добро утро“ или „Добар ден“ и ќе ro прашал потоа: „Дедо, што работаш? Како си?„ На сите познати и непознати луѓе, дедото им одговарал и на поздравот и на прашањата.

Еден летен ден, кога било многу голема вруќина, дедото имал баеѓи работа во бавчата. Тој ден голем број минувачи гo поздравувале и гo прашувале: „Што работиш, дедо? Како си?“. Дедото морал да ја прекинува работата и на сите им одговарал, ама веќе му здодеало. Кога веќе требало да ја приврши работата, покрај бавчата на деда поминал господ, преправен во селанец.

- Добар ден, дедо! Како си, што работаш? - гo прашал.

На дедото веќе му било дошло до гуша од прашањата и одговорите. Онака преморен и лут што сеуште работата не ја свршил, на непознатио селанец му одговорил наврекнато:

- Ете, садам курови!

- А, така ли, садиш курови? Ај, што садиш, да дај господ, тоа да ти никне! - и си заминал.

И дедото си отишол дома и па катаден работел во бавчата: насадот си ro залевал со вода. Едно утро имал што да види: од земјата наместо краставички никнале курови. Дедото се стаписал, седнал под едно дрво и почнал да плаче. Ете ти гo господ, сега поинаку преоблечен.

- Добро утро, дедо! Што вака, зошто си толку нажален? Што ти станало? Што мака имаш? Да ти поможам, ако можам - му рекол.

- Остај се, чоеку! Маката ми е голема. Што можеш ТИ да МИ ПОМОЖИШ?

- Кажи, де кажи! Белки има некое чаре?

- Е, да ти кажам: му згрешив на господа. Тој ме накажа. Ја послушал клетвата на старецот. Така и треба, кога на чоекот нечоечки му одговорив на поздравот.

- Што било тоа, дедо. Што си сторил? Што си му згрешил на господа?

- Море, братче, ги гледаш ли овие во бавчава? Знаеш ли од што никнале? Не знаеш, се разбира. Ке ти кажам па да ми олекне на душава. Еве, еден ден јас везден работав во бавчава и се изморив преку сила. Цел ден луѓе минуваа, сите ме поздравуваа и ме прашуваа како сум со здравјето, со работата. Ми домачне од многуте поздрави и прашувачки оти требаше да ја оставам работата и да им одговарам. Последен намина еден старец и ме запраша и тој што работам и како сум. Јас, онака истоштен, му реков: „Ете, садам курови!“ А тој ми рече: „А, така ли! Е, ај, што садиш, да дај господ, тоа да ти никне!“ Ја гледаш ли бавчава: го послушал господ, ме накажал ... Со чоек треба чоечки да се разговара.

- Тоа ли ти е гајлето, дедо? Ич да не жалиш, ништо нема да изгубиш, туку ќе спечалиш. Овие 'ркулци не се обични, туку волшебни. Кога ќе им речеш „Ај сега!“, тие веднаш работа. Разбра ли? Ама ти уште малку време да ги повадиш за да порастат. После исечи ги и носи ги на пазар. Ќе видиш колку пари ќе спечалиш.

Му го рекол тоа господ на дедото и додека овој да се сети и да му заблагодари, господ се изгубил. Дедото продолжил да ја вади бавчата. Расадот пораснал и еден ден дедото исекол неколку десетици со срп, ги наредил во една кошница и пошол на пазар. Кошницата ја покрил со крпа, како што се покриваат јајцата кога се продаваат на пазар, и се наредил накрај до жените што продавале јајца.

Жените што купувале јајца, што ќе дошле до дедото ќе ја подигнеле крпата за да видат колкави се јајцата во кошницата. Имало што да видат: место јајца во кошницата наредени - курови. Секоја жена ќе спискала. Дедото ќе ја смирел:

- Не плаши се, мори жено, не се тие тукутака ... Тие се волшебни ... Ако им речеш „Ај сега“, тие веднаш работат, разбра ли?

Штом ќе го чуеле ова поучение од деда, жените купувале, како која: еден, два, три. Избирале големи, дебели, криви ... Зачас ги распродал дедото - како алва, си го наполнил ќесето со пари и саде ќеф се вратил дома.

Утредента била недела. Бабата му рекла на дедото:

- Дедо, јас ќе месам зелник, ти наполни шише вино, па да појдеш кај зето да видиш како се со ќерката?

- Арно, жено - се согласил дедото.

Не поминало многу и тој тргнал да оди во некое друго село каде ќерка му била мажена, ама тој не знаел дека бабата во кошницата турила и еден од никнатите за ќерка си. Таа умувала: „Зетот везден работи, одвај да има време за ќерка ми. Ќе и се најде овој за зло време ... “

Одејќи дедото по пат, се заморил и седнал под некое дрво да се одмори. Седејќи така се замислил нешто. По едно време му текнало дека треба да го продолжи патот. Гласно рекол:

- Ај сега!

Штом го рекол тоа дедото, пустион рипнал од кошницата и в газ му се пикнал ... Офнал дедо. До бога се чуло.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org