Волшебните дрвја
Некој човек си бил добар домаќин. Имал женичка и си живееле. Додека жена му била како што треба и он бил многу добар. Ко една еен почнала женава да досаѓа многу и му вика:
- Мажу, или биди чоек или ја отидов одрака!
- Добро, ќе се разбереме ја и ти убо.
Жената му побегнала, го оставила. Си нашла некое маже поасолно. Мажот тргнал да ја барат. Одејќи чоеков низ една планина сретнуе една крушка, каснуе од крушкава - стануе магаре.
- Ај - рече - и овој таксират ме најде мене: магаре, магаре да станам!
Пасејќи магарево по пат, наоѓа некоја јаболкница. Каснуе од јаболкницата - стануе чоек! Се враќа назад и собира од крушава една торба голема, од то селските торби плетени некогаш. Наполнуе друга торба со јаболка. Оди понагоре, каснуе од едно јаболкниче малечко: му никнуваат рогови. Со рогови оди нагоре, наоѓа една смоква. Каснуе од смоквата: му паѓаат роговиве!
Добро, си зима торбата, е наполнуе смокви и од тоа јаболкничето и оди сега право пред царската палата. Се препрајл, се дотерал као трговец. Викат:
- Продавам крушки, продавам јаболкца!
Испаѓа жена му, ко гледа јаболкцава: да те види господ! Она него не го познала. Он си ја познал женава своја.
- Колку пари јаболкцата, колку пари ги продаваш?
- А бе, што ги продавам, само да касниш; само да касниш, па после ќе се пазариме.
- Аман, ме прати царицата. Колку пари сакаш да ти платиме? Многу се убави јаболкцава!
- Добро, дај некој динар, што ќе даеш свеедно.
И ова одма плаќа и зима едно килце јаболкца. И ги носи горе. Кога ги видела царицата има што да види: јаболкца убави! Дошло време за ручок. Измиле јаболкцава, си каснует, не знаејќи што ќе им се случи. Тамам каснале од јаболката, по некое време им никнале рогови големи: почнале да терат тие ѓаолски! Море, немало кај да се вртат, низ баџа испаднале на царот, на царицата низ собата. Ќерка му исто се виткат. Кукаат... Па и оваа ѓаолска слугинка каснала од јаболкцата.
- А-а, аман, крај на ова!
Бргу царот наредува кај да се нај лекар роговиве да ги симни. Идат лекари на заобет, само не могле крај да најдат, што е, како е. Овај чул, мајчин.
- Сја ќе падне пара и овдека - си рекол.
И он фаќа, оди купува една бела руба, се дотеруе, се избричуе. Ко доктор зел едни слушалки фини и мине пред царската палата.
- А бе, да не си доктор ти?
- Да, доктор сум. Го барам царот. Слушам дека имал некоја голема болест.
- Оди ваму, сиромав цар душа дават само некој да го оздравее.
Одат они кај него. Кога ќе види, има што да види.
- Што вака, царе?
- Аман, ѓаволски јаболкца каснавме. Еве низ баџа роговите отидоа. Крај не можеме да најме толку време.
- Не бери гајле, царе! Тука сум јас, се ќе биде, не бери гајле!
- Слушај ваму, докторе, ако ме излекуваш мене, женава и ќеркава, половина царство ќе ти го дадам.
- Динар нема да ти земам. Важно е да се славит моето име, дека можам да те излекувам. За пари не е мака, ти шо ќе дајш, ќе дајш.
Фаќа вечерта се најадуе, се напивкуе. Све ја гледа жена му убавка. „Само ако паднеш, ќе ти кажам тебе убо“ - си рекол. Утрента сабајлината фаќа од то смоквите, ги згмечуе убо, ги исцедуе, дотеруе еве и во шишенце разматуе. Оди кај царот, гo фаќа за роговите, гo растресуе, гo чука.
- O-о-о!
- Не офкај, царе, не , офкај! Потешки работи сум свршил а камо ли твојата. Ќе мине време, ќе помине се. - Ај, царе, ај шо ќе ти дам, касни малкуцка.
Му пикнуе од то смоквите малку. Оп, роговите се смалиле, од оџакот паднале, слеrнале. А-а-а, царот почнал да ја врти главата.
- Аман, те молам, докторе!
- Што ќе биде, ќе биде, ама тебе ќе ти помине главата.
Па утрента дошол кај него, зел то чеканот: чукни лево, чукни десно. Го мачел царот ваму-онаму. И најпосле му дава повеќе од то смоквите. Ги лапнал царот. Оп! Му ги скинал роговите. Царот се нашол во небрана, радое голема. Бргу трча да види жена му што прај. Она седела у соба цела укопана, не може да мрдне од големите рогови. Царот рекол :
- Аман, докторе, те молам, и женава излекуј е!
- А-а-а, ќе биде, царе, ќе биде, полека! Како твојто помина?! Само трпение, бог здравје нека дајт, се ќе биде. Господ дал болки, ама дал и лекови.
Кога утрента отишол кај жена му, ја гледал: царска женичка, знајш како ти е! Па почнал, си е галкал си је мазнил. Море, една, море уште една, до што му било слатко си терал, ќеф си терал. Па е дал малку смоквички. Оп! се ослободуе малкучка. А уште малку смоквички, па и ги симнал рокчињата малку. Па уште малку терал ќеф, уште малку ... Па смоквички. Три дена си ебавкал. Најпосле и ги исчистуе роговите.
- Аман за аман, бог здравје нека ти даде - рече.
- Те молам, сега ќерка ми излекуј е!
- Зар и ќерка имате?
- И ќерка ми, докторе, се опакости: имат рогови!
- Не бери гајле, не бери гајле! Ќе биде, ќе биде!
Кога влегол внатре, кога ќе види, има што да види: на курето да капне, да си лизниш - толку убо била. Кога ја фатил, ко ја соблекол, сиромашкото пиченце ренде и ја напрајл ... Кај неа се задржал пет-шест дена.
Царот питал:
- Аман, ќе бидет?
- Ќе бидет, честити царе! Ама, младо, јаки корења фанало, роговите не може така брго да се симнат. Кај вас, стари луѓе, полесно оди!
Ѝ ги симнал роговите после шес-седум дена, кога истерал ќеф убавко. А сега го замолиле за слугинката што им била избеганата жена на докторот. Отишол кај неа.
- А, добро вечер, како си, што прајш?
- Ами арна сум, докторе, ама болна сум многу од роговиве. Еден врач дојде, дандалот ни го зема на сите, проклет да бидит до векот!
- Е, кога каснувате еве, триста манџи да каснете, ист вкус имаат. Ами маж, маж си имала и ти, што си побегнала од момчето твое?
- Ами од кај знаеш ти, докторе?
- Како од кај знам? Жено, те познавам, јас сум доктор, се знам.
- Туку, докторе, ај излечи ми рогојве, не прикажуј многу!
- Ќе ти ги излечам, ќе ти ги излечам!
Фани, ајде, држ, удри со чеканот, удри, удри, удри и се онесвести она. Она кука, куќата јачи дури. Ама ќи бутне малкучка од тие смоквите, ќе ги ублажи болките ќе паднат роговите малкучка. Ајде, пак, соблечи ја гола. Терај ... Пак бутни је малку смоквичка. По три дена ја излекувал и нејзе и оди кај царот.
- Честити царе, се е готово!
- Браво, браво, докторе! Ако сакаш, остани у царството мое, ако нејќиш, сосила не те држам. Царството за тебе е обеќано.
- Фала многу, честити царе, многу ти фала. Ништо нејќум и за сета оваа работа што ти ја свршив, те молам ако сакаш за женичка да ми ја дајш само слугинкава, оти многу ми се бендисуе.
- У-у, дадено! Одма земи си ја. - Оди ваму ти, Милко, човеков те сака за жена. Ајде, слуги, дајте и еден товар-два лири овдека.
Товариле некое товарче злато на чоеков. И по пат одејќи накај дома, он бутни на жената една крушка. Стани жената магарица. Качи и се. Јавај, јавај, по пат оди. Ко ќе му текне за друго, ќе и бутне една смоквичка - ќе стане жена. Оп! ќе си ја земе женичкава, ќе си ја ебне. Па ќе го мрзи да оди пешки, ќе е напрај магарица, ќе и се качи. Така ја мачил три дена и три ноќи.
- Ти, жено, ме познаш ли кој сум јас?
- Не те познавам.
- Ами ја сум твојот маж. Ми побегна мене, мислеше не ќе те најдам. Кај да идеше, ја ќе те пронајдев. Зато да бидеш паметна и за другпат да слушаш. Кај да одам дома сум ти. А сега, ова ти беше голема казна. Друг пат, ко ќе го напрајш овоа, уште поголема казна те чека. Знајш, многупати жениве ко ќе се прајт паметни и ќе си го најдат внатре! Бате, тоа дума нема!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни