Воловарот и змијата

The herdsman and the snake

Пасол си еден воловар воловето по ливадата. Гори една капина фоф ливадата. Ошел да види там нешчо пискало. Видел змија. После спасил змијата и рекла она на него:

- Шчо искаш од мене да ти поклонам?

- Ќе ми дадеш една дума, куга а продумам да ми се уважува се.

- Која сакаш дума?

- Кога кажа заќис, да се залепи се.

- Е, добро!

Ошел воловаро да спрега воловето. Воловето подалеко били од јаремо. Он кажал заќис, они сами се упрегни. Канили го на свадба тове човек. На свадбата веќе има џумбус, игра се. А он бил запорник на момата, на невестата. И поради шчо не а земал и ка си леrнали невестата и момчето там еден до еден, продумал он: заќис! Залепили се.

Бре caг, кумо натам, свекоро: чудат се што да праат. Невестата и момчето се залепили; не мош да се одлепат.

- А - рекли они - има една баба, она мош да разбаа тиа работи, ама нема кој д'иде.

Воловаро рекол:

- Јас ќ'идам.

Ошел тамока по бабата. По п'те пита го она:

- А, бре, што е?

Така и така ... срамота е, бабо! Да видиш какво биде!

- Е, какво биде?

- Невестата и момчето се залепиа, не мош да 'и одлепиме.

- Е, ка така, бре?

Бабата до магарицата си одела. Гледаа там преку ни дека оди еден ага сос чибук д'г. Он рече заќис, чибуко се залепи на устата на агата. Он па рече заќис: чибуко се залепува за газо на бабата. Устата за чибуко, чибуко на газо и он си води магарето.

Продолжили наонамо, одвел 'и там. Џумбуз гледа там: и момата и момчето, и бабата и магарето, и агата сос чибуко, сите се наловили еден за еден и шчо ќе биде, де бре, де бре! Он рекол:

- Јас мога да излекувам сите. Може ли да ме земе са мене невестата?

- Може! - вика запорнико.

- Е, ако може ...

Продумал он расќис и се расќинали сите до еден. Агата си ошел фоф џамијата, магарето си одрикало, бабата си ошла. Секој си ошел дома.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org