Тројцата браќа и златните јабаки

The three brothers and the golden apples

Дошло време да се женат тројца браќа. Арно ама се разгласило дека тиа били без курове. И никоа жена не хтела д' иде за них. И рекол најстарио брат: Јас ќе одам и ќе барам чаре да се жена. Одил, одил д'лго време. Ногу денове прекарал по патот. И некаде сретнал некоа стара бабичка. Таа бабичка оше поодалечко го видела дека е това момче нефелно, нешто уилно. И му рекла:

- Еј, бе синко, што си уилен толку?

- Е, бабичка, како да не сум уилен? Веќе над триесе години сам, па оше не мога да се ожена!

- Е, зашо не мож да се ожениш?

- Е, малку ме е срам, ама ќе ти кажа.

- Кажи море!

- Е, немам си кур!

- Е, сину, не се јадосај, бабичка ќе ти каже. Се што ти кажа ќе слушаш. Ќе одиш оште малку и ќе те сретне една рајска градина. Там имa едно дрво јабака. И таа јабака златни јабаки ражда. Ке си отќинеш една јабачка и ќе ти поникне кур.

И тоа момче како што му рекла бабичката по нен пат ошел и нашел таа градина. И видел златни јабаки. И само една си отќинал. И ја изел. И едно изиждање, туку му никнало мевце. И ошел си дома.

Дома куа се научили дека најстарио брат си иде маж, тапањето викнали, џумбус. И после некое време тоа момче се оженило.

Са фторие брат му мака, оти брат му се оженил а он не мож да се ожени. Тове брат што се е оженил, кажал му каква е работата. И рекол:

- И јас ќе ода, и јас ќе тража чаре.

Исто ката на постарио брат и на него му излезнала таа бабичка:

- Е, синко, што си толку уилен?

- Бабичка, тека и тека, немам си кур!

- Ништо не се јадосај. Ќ'иеш там. Има една рајска градина. Ќе си отќинеш една јабачка и ќе ти поникне куре.

Арно. Това момче од радости не послушало бабичката - малку било и лакомо. Место една јабачка да отќине, он две отќинал. Куга: два му никнали! И ошло си дома. И исто кат на постарие брат и на него му веселје направили. Арно ама, он бил уилен и рекол:

- Јас ќе ода каде бабичката па ќе а тража. Сос два не мош да врша работа. Дошли са еден на тека, еден на тека. И ошел каде бабичката. И бабичката му рекла:

- Е, чедо, не се јадосај! И на таа има лек: еден за празник, еден за делник!

Е, он врни се и по некое време и он се оженил.

Дошло ред на најмалечкиот брат. Расправили му двата братја се какво да прави. И ошел баш на тоа место. Најди ја таа бабичка. И он па оше толку бил уилен. Ка го видела бабичката:

- Што, синко, тука идеш?

- Е, бабичка, ниа сме труица братја. Сите се родихме без курове. Арно ама, какво правна ониа браќа успеа и им поникна и си се ожениа.

- Ништо, чедо, и на теб бабичка ќе ти каже. И ти ќе си одимаш. К'иеш тамока: има рајска градина. Едно дрво родило јабаки. И ќе си откинеш една јабака и ќе ти поникне и теб.

Она, најглупафче, не да си отќине една јабака - какво го советувала бабичката - туку да откине три јабаки. Малку му била една, малку му биле две, туку три откинал и ги изел. Туку му пониќнали три. И ошол си дома. Неговите родители и браќата почнали да се веселат. Арно ама, она било уилно. Са шо ќе праи сос три? Рекло „Јас ќе ода каде бабичката. Не мож да се кара сос три“.

Иди каде бабичката.

- Е, синко, не се пукај! Бабичка ќе а оправи: еден ќе ти е за празник, еден за делник ... *)

*) Раскажувачот овде застанува, за да предизвика некого од слушачите на приказната да праша за третиот и да го добие следниов одговор, во кое се крие шегата:

- Третио за твое газ!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org