Ем тесна, ем бесна
Си бил некој чоек и жито однесол на воденица, за да сомелит. Ама тамо ко го тргале житото, си ги мереле со воденичарот. Ги закачил шилките во гунчето, си ги клал на рамениците и ги заборајл така. Дошол дома.
- Море, што се тије дрвциња - жена му му велит - во вратот?
- Ај, не е за кажоње.
- Зашто не е за кажоње?
- Па срамно нешто е.
- И што е срамно со шилките? - рече.
- Абе, ги меревме со воденичарот алатите и јас вака сум забораел, сум 'и клал овде мерите, не да ги фрлам.
- Чие поголемата мера?
- Е, од воденичарот, поизлежан. Видиш: цел длан подолга еднава мера!
Ама на женава је останало тоа во умот и почнала брашното растурај на свиња, на кучиња, едно-друго го растурила. Мажот ја осетил, не е како другипат женава. И еден ден му велит таа:
- Ја, брашно немат, а глад жито сеит. Брашно немат, требит да се ојт на воденица.
- Ја не можам да одам воденица, ја на орање ќе одам - велит мажот. Имам уште тамо недосејано орање.
- Е, ја ќе одам.
- Одај, ако ојш!
- Остај ми го коњот, ја ќе одам.
- Ете го коњот, јас ќе го носам со колата семето. Ете ти го коњот!
Зел колата ОВОЈ и поминал тамо кај воденичарот. Му рекол:
- А бре, слушај, вака и вака: ќе дојде жена ми денеска воденца, на ти колку пари ти чинит надница, оди да ораш ти, а јас ќе ја чекам жена ми, овде да дојт. И уимот - рече - што ти требит, пак ќе ти го дам тебе.
Со воденичарот биле добри и се разбрале.
- Да видиме жена ми што сака да праит денеска вамо - и му кажал тој како било со шилките.
Добро, се разбрале. Ошол овој на орање, а мажот је останал воденица; алиштата ги смениле, мажот се избрашненил така да не се познават. И лафит онака подмолито, да се не сетит. И дошла жена му.
- Ќе ми го сомелиш житото? - велит, откако го тргале.
- Не, имам друго.
- Ние ене ти стари муштерии, ќе го сомелиш, немаме ни за нас, ни за свињата, ни за кучињата.
- Да го сомелиме, само што вака наврапито сте завршиле?
- Е, немат, сме завршиле. Мажот ми не моеше да доет, па ја сум дошла денеска водеица.
- Добро.
Го прецрпале од кошојте житото туѓо во вреќи, ниното го туриле да се мелит и ќе го чекат. Ова почнала да ги префаќат шилките, да ги онадит.
- Абе, што сте прајле со мажа ми - велит - пред овој ред ко дојде воденица? Со шилките што сте мереле?
- Ај, зар ти кажа тој? Срамота! - велит.
- Не е срамота. Ми кажа, сте ги мереле куројте.
- Вистина, ги меревме.
- Чи беше подолг?
- Не знам, не сум запамтил.
- Твојот како подолг малу бил?
- Можит, јас су изумил.
- Ами ќе може - рече - да напраиме работа?
- Па ако сакаш, да напраиме. То е за то - рекол.
Неисе, почнале.
- Како подлабоко да одит? - велит таа.
Воденичаров, маж је, стануват, е велит:
- Уште еднуш не се можит!
- Ај, да напраиме уште еднуш! - рекла.
Ајде уште еднаш, трипати ... Се сомлело брашното, го собрале и заминала. Си ошол и овој на орање, тамо сменил алиштата и му ја платил надницата на воденичарот. И дојдуват дома вечерта, таа се пофалува:
- Бев водејнца.
- Убо си напраила.
- Ама пак и го премлев, го почекав. Ми го премле, дека стари муштерии. Имаше жито друго.
- Е, добро!
Ама другиот ден било празник. Не одит на орање овој.
- Мори, жено, така ми е тешко, главата ме болит. Ја постели крај огнот едно постелче, фрли ја рогозината, да се потоплам, да полежам.
Му послала. Овој велит:
- Море, седни овде да ти полежам на скутот и ќе ми потупкаш така во главата. Нешто како да ме јадит и ме болит глава.
Седнала таја и овој почнал ѓо божем му кажува нејзината нешто:
- А, бре, поголем! Ај, двапати? Е, не требало ... а трипати, е, многу, пак поголем?
- Поголем е, не требало - велит овој - многу зорлама ти дала. Не требало така. Ај да бил колку мојов, ајде, ама тој бил поголем, пак трипати едно подруго. Што било то?
- Што е - рече, - море чоеку?
- Мори, како што е? Еве ја, туку плачит твојава, ми кажуват нешто: вчера со воденичарот сте претерале многу. Ем поголем, бил, пак трипати!
- Ама како?
- Па еве ја, таа кажуват, плачит ... Еве ја е, како је заилена.
И како што седела ова до огнот е добрала машата до огнот, во огнот. Мажот станал, излегол надвор, и ова со машата: фрк си ја пикнала, и таја чр, чр ...
- Ова, ем е тесна ем бесна! Ем таа ме натера, ем таа му кажа. Му се исплакуват, а таа ме натера! ..
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни