Печалбарот и неговата невеста

The migrant worker and his wife

Некој во Мариовското имал една ќерка. А мажил во некое друго село. Дедот отишол три пати во Америка. На третиот пат го зел и зетот, тој има богатство дома, ама да спечале троа пари. Во Америка седиле три години. На трите години си кинисале. Ама дедот ка пошле дур да си кинисаја му водел сметка на зето шо носе, шо јаде, шо пије и ко'ку пари ќе му останат. Со дедот една иста работа работеле, токму пари земале. Демек, го обиѓава дали оде по друзи работи да му 'и зеват парите по курвалок. Тој не одел, се додржал. Ко с' иделе на пат на трите години, му вели:

- Колку пари имаш, зете?

- Имам околу триста наполони.

- И јас триста имам. Сеа те знам оти не си одел по чужди жени, оти 'и чуваше парите да 'и донесиш дома. Сеа си добар, сеа ќе ти кажа нешчо.

- Шо?

- Ќе си ојш дома, ќерка ми ќе а пробаш дали курвуала во вија трите години.

- Как ќе а пробам?

- Три вечери ќе спиеш и не ќе а дирнеш ич. Таа ако курвуала секак ќе те обиде.

- Как знајш?

- Таа не те остава, па ако не курвуала и таа ќе спие.

И вој си дошол дома. Ко шо му рекол дедото првната вечер вечерале, се напиле вино, ракија. И си легнале. До некое време невестата лежала, некое време го скорнала:

- Ајде!

- Не, можа сеа. Од параодите водни цревата 'и исфрлев од блуање. Сеа не ода, да одмора, утре, другиден, подругиден ќе биде и таа работа, ама сеа не можа.

Се осамна со муабетите. Другата вечер па така. Го скорна побргу. Бре, вака не, бре, нака не, се караа, се караа, се пусти ја и најодзади и рече:

- Право шо е право, ако сакаш да седиш - седи за сермија, ако не - оди си! Таја работа немам јас, оде тамо по жените во Америка, ми го секоа курето.

Таа и пушча на мајка и абер: вака и вака. Оде та и му кажува на дедот: вака и вака зетот.

- Бре, аман, как така, заедно беме?

- Вака, вака ... токо утре ќ'ојме да а земаме ќерка ми. Три вечери ќе сторе оше вечерва. Таа рекла да дојте да ме земете, вој му го секле. Утре ќе ода да а зема.

- Добро!

И тој оше една вечер треба да издрже. Вечерта таа го стегнала пак, го стегнала.

- Нема - рече - сеа да вида!

- Не, шо ќе видиш: рана ми е таму, не се посега!

Горе-долу, па се осамна. И таја пусте, шуре, крше ... Шо праве свекорот и свекрвата не знаат нишчо. Таја тура пајницата, пушчи ја - скрши се; тенџере шо било се крше, пусте, к'лне ... Е, без кур не се седе! Еве 'и, втасаа дедот и бабата.

- Добро утро!

- Добро утро!

- Шо праите?

- Арни!

- Шо праите, свату?

- Арни!

- Како поминуете со зетот? Донесе некоа пара?

- А бе, не знам, влезе ѓаволот от ка си дојде. Ва невестата - рече - пусте, шуре, крше, пусте, нишчо не е бива!

- Добро, и таа работа ќе се сторе, немајте гајле.

И не сака да а земе. Бабата веле:

- Не седи, туку ставај, нека и изваде алишчата да 'и товариме, ќе си а земаме.

- М'чи, мори бабо, ако е за маж, сеа ќ' ода и ќе и најда еден, ама за сермија не можа да и најда. Токо да ручаме.

- Како јадење? Стани, дедо, ќе си ојме: да и земиме плачките, да а земиме ќерка ми, да бегаме.

- Дур не ручам кај сватот, јас не бегам. Ако не ви се јаде, мајчина ви, шо знаете правете, јас ќе ручам. Џобро, тија заклаа кокошки, гаски, носат вино, ракија.

И веле мажот на невестата:

- Оди, од тоа убавото вино пушчи на татко ти и на мајка ти, да се напијат.

Таа отиде, пушчи од тоа киселото. Ко го пробаа: кисело!

- А бе, баго мајката, мене ме неќиш и не ме сакаш, ами мајка ти и татко ти 'и сакаш, на ни пушчи му благо вино.

Таа отиде, а натера, па пушча од киселото. И вој дедот му веле:

- Море, синко, ставај! Бочвите ќе ти 'и оставе отворени, ке ти истече виното, ваја збеснета е, не знае нишчо. Оди, види!

Ко отиде, таја наведена, па од тоа киселото пушча.

- А, бе, пушчи од тоа! - и веле.

Таа помести тој чеп и го остави да тече. И вој го стегна тој чеп, та пушчи на другото и ка беше наведена - коа и го сложи, ка е стегна убаво, убаво ... И таа двата чепови 'и вати и стегна да не капат на земи. Ќа се напи таа, та и се слади ... Оттамо идат дома. И веле мајка и:

- Не туку пушчај, ќерко, туку ајде бери плачките да си ојме!

- Ут, магарице една, плачките, како плачките? Стани да се истребиш оттуа, ако си за тоа дојдена.

Се напија, сторија муабет. Дедот извади чесето, му веле на зетот:

- На ти триста наполони, оти се додржа! Машко си бил! - А на ти тебе три да си купиш отровачка да се отруеш, оти си не можела да се издржиш за маж.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org