Аман, изгорела сам за грозје!

Oh mеrcy, I'm dyig for grapes!

Си бил еден маж и една жена, ама ногу са били сиромаси. Едно време на жената и се пријало грозје. Арно ама, пари немали да купат. И текнало на жената и рекла на мажо:

- Мажу, ќ'идеш да украднеш грозје! Земи кошница и ќ'иеш. Падаре е тамока. Ке глеаш да го испазиш, да флезнеш, да нап'ниш таа кошница. Аман, загорела сам за грозје!

И мажо не хтел никако на таков ајдучки начин да набере грозје. Арно ама, видел зор' од жената и тргнал. Одил, одил ... Дојди до лозјето. И таман клокнал да бере грозје, туку падаре за шиата го фанал.

- Шо тераш тука?

- Е, малку да набера грозје.

Падаре му земал грозјето. Маани што му земал грозјето, туку го заплашил ќе го кара у станицата. Он од страх премрел. И са пуштил го. Са тове човек дошел си кае жената без грозје, без кошница. И жена му го пречекала. И куга видела оти нема грозје, почнала да му вика, да му црка. Најпосле грабнала една сачка и почнала да го маа. Тове човек маани шо се уплашил од жената а повише го страх да го не пријави у станицата падаро. Жената немала трпление и рекла:

- Мажу, ти са ќе чуваш каштата и децата тука, а ја ќ'иа, ќе набера и ќе донеса. И ќе видиш кој е поербап - јазе ле или ти!

И крепи она, поленка, поленка ... Падаро се шетал. И она ни пет ни шес пришла си при падаро и почнала да го потштипнува, да го пофатува ... Е, на тове падар му се приебало. Одведи а у лозјето. Напупи а, тргни и еднаш, двапати ... Изеби и се убаво. И нап'ни и он сам кошницата сос најубавото грозје. И она ќефна, радосна дома.

- Е, мажу, срце да те јаде, виш ле ка се доноси грозје? А тебе те не бива ни за ништо!

И седнали, јасли. Текнало и другио ден. Па ошла. Падаро почнал да рипа од радости ка а видел па:

- Идеш ле ми па, мари? Па ти се е пријало грозје?

- Еј, ида. Мажо ме прати. Усладило му се е грозјето!

И он па налегни а. Изеби а убаво. Па и дај грозје. Е, таа жена зачистила, уарнило и се. Арно ама, еден ден веќе мажо усетил работата дека е нечиста. Рекол си сам на себе: „Е, мамата нејзина! Јас еднаш ојдех и таман флезнах и ме фана падаре. Какво тека моата жена веќе десетина пати оди да а не фане падаро и се грозје од најубавото доноси! Е, ќе а паза сега.“

И она па крени. И он по неа, по неа ... ама се се прикривал да не го види жената. И дојди до лозјето. А падаре лежел, тека истегарил се убаво. И она ка дошла при него почнала да го гали. И он се разбудил.

- Еј, идеш ли ми, мари гургутко?

Са што ќе е са ќе биде. А мажо си а пратил. До това лозје, малку поодалеченко едно стотина метра, имало едно дрво гулемо. И маже и качи се на това дрво горе и се да гледа што се работи.

Падаро ка се разбудил, ка му бил станал, не чекал ни пет ни шес, одмах ја напупил. Арно ама, она не хтела, рекла:

- Де, де, немој одмах! Дај да набереме грозје па после.

И послушал падаро. Ошли, набрали грозје. И рекол падаре:

- Е, жено, сѐ пробааме, оше не сме пробали магарешката. Са ќе тераме като магарињата! Оди тука кае това дрво. Ја ќе те врза. И ја ќе застана одзаде.

Она се сложила. И он таман почнал да а врзува, да а напупува и некак погледнал нагоре воз дрвото. Куга да види: маже ѝ! Та кат си побегни. И таа, жената туку земала една рака трева и почнала да вика:

- Пулу, пулу, пулу, пулу!

Он се не обрашта. Она па:

- Пулу, пулу, пулу, пулу!

И маже и одозгоре:

- Еј, мари жено, он зарежа златна путка, та ќе се врне по една рака трева!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org