Жената, полјакот и нејзиниот маж
The woman, her husband, and the field guard
Се собрале во едно село да избират полјак. Од секоа куќа имало присутен, но од една куќа го немало домаќино и на негово место дошла неговата жена. Таа си се мрдала со некој си тамо што божем полјак ќе биде. И со него таа се здоговорила утрото да дојде кај неа и убаво да си поминат а потоа тој да си замине по работа. Куа се вратила дома, уште вечерта мажот ја прашал:
- Де, мори жено, како го избиравте полјакот? Што ќе му се плача? Колку време ќе биде?
- А бре, мажу, лесна беше работата за која се погодивме. Ќе ги ебе на ред сите мажи, па рекохме бидејќи сам сама жена од селото да почне од кај нас: прво од тебе! И тоа утрото сабајлето да бидеш тука.
И како што било договорено тај божем полјак доваѓа да го ебе мажот, а таа се припремила неа да ја ебе. Кога влегува тој во дворот, таа му вика на мажот:
- Скри се! Јас ќе го превртам и нека сврши со мене работа. Само редот да помине!
Скрива го под една рогозина. И куга влегува тај, божем се кара:
- Каде ти е мажот?
Она го превртува тука и почнува неа да а работи. А мажот е скриен под рогозината, под кревето. Едно време полјакот прашал:
- Па што ти е, мори невесто, тоа под рогозината?
- А, бе, тоа е кучето. Ногу е лошо па сам го ставила под рогозината да не ги каса луѓето.
Едно време мажот почнал да 'ржи од под рогозината. И ништо. Се се свршило: си ја изебал полјакот невестата и си отишол.
После тоа вика мажот на својата жена:
- Мори жено, е па како ти текна да се снајдеш да кажеш кучето е?
Таа му одrовара:
- Мозок, мажу, мозок!
А пак вика она сега:- Мажу, па како ти текна ти па да 'ржиш на носот?
Он оттам:- Мозок, жено, мозок!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни