Развратната попадија
Ф едно село имало еден поп. Тој одил и по друзи села да попува ... Иде попо, а попадијата заколе кокошка, расточи баница сипе од бачвата вино, та си покани гости, та цела нош јасте, пите, песни и оро. Накара аргатино да свири с кавало, а тија ф орото се фука до гредите и пее:
„Имам попа глупава, та го пратих на миндаљки, да ми бере миндаљки, уппеее, естааа, да ми бере мидаљки!“
Еднаш аргатино рек'л:
- Бре, дедо попе, фного добро с'ч видел от тебе, та искам нешчо да ти кажа, ама да се не разјадиш.
- Ше е тава нешчо, бре синко, кажи да видим; оти па ќе се разјаде?
- Ти одиш по друзите села да искараш некоа пара, ама да знаеш тука што станува! Кашчата ти се расипува. Попадиата уготви вечере, сипе вино, покани си госте и цала нош јада, пија и играа оро. Мене накараа да им свире.
- Шо думаш, бре синко, ти ме лажеш: моата попадна не е такваа.
- Ниста, бре дедо попе, нистина. Ако не веруваш, ај се обложим из двесте гроша. Ти ќе се скриеш на потоно и ќе вардиш из една дупка.
- Чекај па да се скриа, да виде шо ле ме лаже тоа калп, рек'л си попо.
Обложили се из двесте гроша. Попо излаг'л попадиата, ке ќ'иде по селата и се скрил на потоно да варди. А тија тава чекала. Растрчела се онаа попадиа, заклала кокошка, оплешила а, расточила баница, уготвила чудна вечере, сипала од бачвата вино и поканила госте. Јали, пили и кату траснаа онова оро ... Попадиата се фука до гредите и пее: „Имам попа глупава, та го пратих на миндаљки, да ми бере миндаљки, уппеее, естааа, да ми бере миндаљки!“
Аргатино е надул кавало и пее: „Слушај, попе, та трпи, та ми гости двестетеее!“
На оне попо му прикапувало на срцето, прикапувало, та като слезе, та грабне едно ропало, та кој дека стигне. Тату кату побара па попадиата, та млати, та млати ...
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни