Умната жена и Бего
Некое момче било слуга каде некој стар трговец. Тове бил добродушен, па и безроден. Ка нараснало момчето, он посинил го него, оженил го. Заживеали си арно сос домаќинката и старите и поштували. Фоф тове град, дека живеали они, имало некој бег. Имал една шчерка и ја чувал затворена ф една соба, никак човек да не флезе при неа. Бего а варди. Само џамо може да се отвори и през џамо она може да гледа на вонка дуњата, иначе фоф дуња ника: да се не збрка.
На тове момче, куга одило на дуќане, пате му бил од тамо - по тове пат заминувало. А бил млад, така нанога, убав бил. Ка заминувал, она го бендисала. И еден ден ка заминал он, она земала едно огледало - на џамо било - завртела го накаде него сос гледо, после го завртела па сос грбо и го пушчила. Он ошел, земал огледалото и однел го дома на жената му. Кажал и:
- Жено, така и така работата. Заминуваеќи од там, беговата шчерка пушчи това огледало. Ем да вииш - вика - еднаш го заврте сос гледо накаде мене, после го заврте сос грбо и го пушчи. И нишчо не ми рече. Јас земах огледалото. Шчо ќе да е таа работа?
- Мажу, вика те д'идеш при неа.
- Е, сега не ида. Ка ќе д'ида јас тамо? Неа ја чува часавој на вратата, та јас ќ'иа при неа. Ич, смеа ле!
- К'идеш! Она те вика д'идеш ношја. Ќе те измакне през вратницата. Затова е така огледалото пушчила.
И он се поразмислил малку:
- Па, жено, д'ида.
- Ами иди - вика.
И оттука станува он една вечер, ка затворили дуќане, оди там. Она му пушча една ортома и го извлачи при неа. Знаеш, тамо убаво го пресретнала. Се арно. Арно ама, пo едно време часовое привикал на бего:
- Бегу, човек има при шчерка ти и това каурин!
- Бре, така ле е работата!
Бего се разјадосува и излези. Гледа: каурин!
- А бре, свињо, шчо ти тука?
И моментално тамо он пресуда: и двата ќе 'и бесат, шчерка му и него. И това ќе 'и бесат на соборе там, сите да гледат. И двата се они уплашуваа, веќе нема од них нишчо. И сега кажали на жената му: „Твоето момче е там и там. Ќе го бесат на ручок.“ Она се размислува: така ле е? Оди оттука, зима од попо котлето, крсто, една ќитка босилок, попсќи дреи, се ... Направја се поп и оди оттука при бего. Вика:
- Бегу, фанал си еден наш човек тука и ќе го бесиш заедно сос шчерката. Према нашче обичаи, ние него требе да го исповедаме, ако дозволиш, пред да го обесите.
Бего рекол:
- Може, флези!
Флези она там, затвара а вратата. Таа соблачи се и вика на него, и он се соблачи: она соблачи попосќите дреи, она вобува неговите дреи; он попските и котлето и китката ф рака и низ врата излази ен. Е, сега веќе дошло ручок - дванаесе саато, ќе 'и бесат. Искаруваа 'и тамо, народ се собира. Ке 'и бесат и двата: и шчерката и тове шчо е флезнал при неа. Прикарали 'и веќе на бесилката. И обичае тамо бил последно шчо има да кажат. Питаа го него:
- Шчо искаш да кажеш последно?
- Нема нишчо друго да кажа, само искам да кажа на бего оти сам и јас жена кат шчо е и шчерка му!
- Бре, така ле е работата! Ја две жени тамо да видат дали е жена това.
Гледаа они: жена! Е, бего са тука вика:
- Па зашчо флезна?
- Така, да ти докажа оти не мош шчерка ти да а дочуваш да не флезе човек при неа.
И од тогај бего ја ослободил шчерка му да живее слободно и она като сите.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни