Царицата вдовица и итриот измеќар
The king's widow and the clever servant
На една царица умрел и царо и останала довица. Она забранила во царството да се не сишќа бесрамна дума. и терала измеќар кон неа да и служи, ама шчо не ќе да дума бесрамно ич.
И мало троица братќа. Сиромашчија ногу било, башча им умрел. Едено, постарие, вика:
- Мамо, јас ќ' ида кон царицата д' и служа.
Ама царицата пратила абер: „Кој дое кон мене, ако продуме бесрамно, одмах ќе го застрела“.
Мајка му вика:
- Мили синко, не оди. Ја царицата каков абер испрашча. Ако се излажеш нешчо да продјмаш, ќе те застрела.
- Неќу, мамо, нишчо да думам. К' ида.
И сиромашчија се не трае и ошел. Арно ама, царицата го качила на фиаќер и ќе го прошета да му каже кое до дека е да работи. По пате сретнали една кобила и еден пастух. И пастухо качил се врез кобилата.
- Шчо е това?
- Кобила.
- Шчо е това?
- Пастух.
- Шчо работат?
Кажал он: това работат. И продужуваа: ја една матурица на пате, нерезо ја јаанал. Па го пита цари цата:
- Шчо е това?
- Матурица.
- Шчо е това?
- Нерез.
- Шчо работат?
Па кажал шчо работат. Ај, па продужуваа .. Сретнали една крава и еден бик.
- Шчо е това? - прашува царицата.
- Крава.
- Шчо е това?
- Бик.
- Шчо работат?
- Това работат.
И вршча го и го застрелува, с пушката го утепува.
Дума бесрамно.
Арно ама, средние брат са вика:
- Ти ојде, братко, утепаа те, ама па са јас ќ' иа. Мамо, не ќе мен да ме излажат.
Оди кон царицата. И на него така се десува: го качува фоф габролето, пa оди, па наодат тиа нешча, па го пита, па го вршча, па го утепува. И него го застрелува. Ама третие - најмаленќие - вика:
- Па јас ќ' иа, ама мен не ќе ме застрела.
Е, ајде оди и он. И като оди, качува го и него ф колата, па исто сришчаа. Напред кобилата и пастухо. Вика царицата?
- Шчо е това?
- Кобила.
- Ами това?
- Пастир. Варди кобилата да пасе, да не напраи некоа штета.
Натаму сретнале матурицата и свинчето.- Шчо е това?
- Матурица.
- Ам това?
- Свинар. Варди тука да не направи некое штета ф некои нивје. Свинар е та а пасе.
Ај, натаму кравата и бико.
- Шчо е това?
- Крава.
- Това?
- Воловар.
- И са не дума нишчо бесрамно. Врнала го она и вика:
- Ти си за мене. Тува е бањата. Ф таа соба јас спија.Ќе се соблечеш като од маќа роден - гол, ќе се избањаш, ќе доеш кон мене на таа соба.
Он са се чуди шчо го е патило, и шчо ќе да го снајде са, кат го тера гол да иде кон неа. И он мора, цар нарижџа - царица. Обанува се, оди тамо, оди малчичку, така пристапува, стра го е ногу. Царицата вика:
- Флезни, флезни!
Он флезнал и она гола - ф кревето.
- Ела понаовам! - вика царицата.
Оди и она му фата раката, тура по лицето:
- Шчо е това?
- Божјо лице.
- А тува понадоле, шчо е това?
- Рајсќи плодове.
Ама царицата мести му раката: ај понадоле.
- Шчо е това?
- Е, ливада.
- Ам ф ливадата това?
- Кладенец.
А он не смее нишчо бесрамно да дума. Ама царицата па него го пита. И на него му тура раката.
- Шчо е това?
- Ами божјо лице.
- Това?
- Рајсќи плодове.
- Това?
- Кон.
- Ами това под коне?
- Дисази.
- Ами ти вика што раниш тове кон?
- Повеќе го паса по ливадите, ама и сено по малку му турам.
- Ам дали не ќе по мојата ливада да пасе?
- Ш чо знам? Ако а реса тревата!
- Е, пушчи ГО!
Он пушчил го да пасе по ливадата. Не ќе, не ќе да пасе, само лигави.
- Е, от не ќе да пасе? - вика царицата.
- Беќи му се пие вода.
- Пушчи го ф кладенецо да се напие вода!
И пушчил го ф кладенецо да се напие вода и го пригрнала.
- Ти ќе си за мене. Кој шчо знае нека си работи.
Од тогај се ослободило по дуњата сѐ.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни