Говедарот и чупата
Некое момче било многу лично а сирома, веќе немало посирома од него. И се главило во едно село говедар: да 'и пасе говедата селски. Имало нека чупа чорбаџичка. Појди да 'и тера говедата од татка ѝ и ќе му речи:
- Море, лиго, море, лиго, ти убаво да и пасиш говедата!
Пак утре, па оди.
- Море, мрсолко, ти да не 'и забаваш ногу навечер говедата!
Пак утре, пa оди.
- Море, ќелав, ти оти не 'и пасиш говедата убаво? Да 'и тераш кај шчо има трева!
И овој сирома се врати вечерто и шо да прави. Имало некоја баба, и вели:
- Мори, бабо, вака и вака, шо да права? Една чупа секоа ден кога иде, кога 'и тера воловите, се ми вади некои прекари, вамо тамо ме напаѓа. Шо да чина?
- Добро, баба ќе ти каже, ама имаш три наполончиња?
- Е, мори бабо, ќе барам, ќе најдам.
- Е, добро! Баба ќе те научи и ќе ми ти ја наврти, ти да си свршиш работа со неа.
- Бре, аман!
- Ќе биде таја работа.
Чупата ќе оди да пере на реката. Се навела, го навалила котелот, се навела на коритото да пера. Ова бабата се вртка така, се вртка наки:
- А, мори чупе, убава си, нема каде! Ама - рече - пустото пиче ти е криво!
- Ами, чаре, мори бабо?
- Баба ќе ми ти го исправи, ама пет наполончиња.
- Море, пет, десет, не прашај за тоа, татко е чорбаџија, ќе даде, туку да не е манлија.
- Е, добро! Ти во сабота ќе дојдеш кај мене дома. Јас ќе зема тро масленце и ќе зема една глајца праз - добра, арна - ќе ти го намачкам со масленце и таа главицата и ќе го натегнеме на главицата и ќе се исправи.
Бабата му вели сега на говедарот:
- Слушај, ти во сабота ќе платиш еден чоек да 'и пасе гоедата, а ќе дојш кај мене дома и ќе се скриеш. Скриен ќе бидиш и баба ќе ја намести за таа работа.
И вој вати еден чоек да 'и паси гоедата и отиде кај бабата. Отиде, се скри. И чупата дојде и ја легна бабата тамо.
- Е, добро, ама слушај: ќе ми ти наметнам јас една вреќа на главата, вака, да не гледаш. Нешчо да не се уплашиш, али нешчо некако да не рипаш - ќе ти наметнам вреќа.
- Добро, бабо, како шо знајш ти, како те учил госпо, така!
И оваа му а наметна вреќата и почна со тоа масленцето, му го намачка, му го стори и се накашла, така било збор со момчето. Тоа иде отаде.
- А - рече - сега!
Говедарот почна, си сврши работа. И бабата со ишарет му вели:
- Ајде , сега испаѓај, испаѓај!
И овој с'излезе. Бабата а вати вреќата и а праша:
- Сети нешчо болка, али нешчо поарно, али полошо?
- Е, мори бабо, коа ми го макаше масленцето и така и така, ама таа главицата празот коа ми а стави, ми идеше вреќата со заби да а скина ...
- Е, добро, добро!
Си отиде чупата. Утрото оди да 'и тера говедата на говедаро. И затера говедата.
- Море, лигло, зошто ти сношчи толку 'и забаи говедата, зошчо не 'и тераш на време?
- Море, лигла, мрсолка, јас ти ја исправи.
- Како, бре?
- Ами, како? Знаеш бабата кога ти гo мачкаше масленце, па коа ти ја опна вреќата на rлаа и тоа празот? Си гo мислеше праз - ама тоа не беше праз, ова работа беше - моата.
- Како, бре, така?
- Така!
- Е, сега ја сум твоја, друг никој. Тебе ќе те земам.
И си отидоа дома, и вели на мајка и:
- Мајко, јас ќе се мажам.
- Како, мори?
- Ќе се мажам и говедаро ќе гo земам.
- Како говедаро, мори? Селски говедар ќе земиш, сирома. Како така, ние толку богати, како?
- Осен говедаро друг никој, ако сакате да ме дајте, дајте ме, ако не јас ќе се отепа ... Тој ќе биде и нишчо другo.
Видоа не видоа, пристанаа, си гo зедоа говедарот и си гo доведоа дома.
Kiril Penushliski. Macedonian erotic folktales