Шќо си праил, то си дочекал

What you've done, that's what you got

Биле маж и жена. Овај, од многу шќо е сакал жената е завикал: Кривапичка! Коа ќе дојт од дрва со магарето - комшиите си слушат - тој и викат: „Излези, мори, Кривапичко, да го расториме маrарео!“

Таја се страмувала. А тој то и го нарекол шќо толку е сакал. А не мислел оти таја се страмит. Таа, ден уз ден, ден уз ден, се јадосувала. Едно време дошол некој си прематар со прстенчиња и со накити, со рабоќе во селото. Се собрале жени. Една прстенче одбират, друга гушниче одбират, треќа ова, четврта она ... Ова седит, си ќутит отстрана и останујт последна. Се растуриле жениве други и му велит на прематаров:

- Ти мајстор си?

- Мајстор.

- Ами, ти 'и работиш овие?

- Ја. Ја 'и работам - велит.

- Слушај вамо, бре: маж ми ме нагрдејт, ми викат Кривапичко! Па, ако си мајстор, дојди, ако можеш да ми е исправиш. Седам во таја куќа. Ке те чекам, маж ми не е тука.

- Добро - велит - ќе дојдам.

Е, тој дур се подготвил, таја отишла дома, заклала еден петел, добро јадење му напрајла. Овај се јавујт кај женава. Таја му велит:

- Идај, идај горе!

Отишол тој горе.

- Е, - викат - ти ако си мајстор, вака и вака е работата моја. Дали можеш?

- Можам. Ќе ја исправиме ... Лесна работа.

Е издлжил на кревет убо и почнал ... Гнетол, гнел дур му било доста. Поистргај се чинел, попули се:

- Ај, уште малу, уште малу да се исправит!

Најодѕади, ко се задоволил:

- Сега, жено, е права ко пушка! - викат.

Е, ова радосна оти е' исправила. Мислила да и е вистина крива. Дошол маж је. Викат:

- Слези, мори жено - Кривапичко, да расториме магарео!

- Е, доста, пусто име да ти останит. Помина еден мајстор и м' исправи ... Ко пушка је - велит - ко пушка!

- Од кај бе е мајсторот? - велит маж је. - Од кое место? Знајш ти?

- Знам ... Беше од струшките села. Добар мајстор!

Увидел маж је дека е крив, тој дотера до тоа нешто да бидит. Ништо не и рекол на жената. И велит просто:

- Жено, утре ќе напрајш една погача. Ќе одам ја на далечен пат. Ке се вратам.

Овај за да му вратит на мајсторов се напрајл питач. Искинат во алиштата парампарче, конец за конец алиштата, одит во Струга, прашујт тој златар кај се наоѓат, од дуќан на дуќан. И го наоѓат ќуфенџијата. Му влагат внатре в дуќан.

- Мајсторе, ме глеш каков су, до кое дереџе дојден ...

Да живеам немам. Ке ти работам само за корка леб. Ништо ти нејќум друго: пари не, ништо! Само за јадењето. Што ќе ми речиш, то ќе ти работам - велит.

И овај, златаров, се помислил, се помислил.

- Добро, да појдам, да е прашам жената.

Отишол, е прашал.

- Добро, ако е само за лебот, земи го, нека работит - му велит таја.

Дојдујт тој на дуќан. Велит:

- Добро, ќе те земам. Ќе ојме дома, ќе те однесам.

Го однесол дома. Му задават рабоќе: ова, она ... Работит еве што ќе му речит. Златаров имал и лозје. Дошло време да го берат, да почнат во една ден сито. Било пазарен ден. Мајсторот му велит на момоков:

- Слушај, бе, момок: ти ќе ојш со женана на лозје! Денеска е пазар, ја не можа да дојдам. Ќе берите што ќе мојте да наберите. И припази.

Мајсторов бил Турчин, па жената да е припазол, да не наишол некој, ова, она ...

- Добро, мајсторе, еве ќе напрам шо ќе речиш. Ко отишле на лозје, брале. Таман кон девет сатот, ко се згорешќило, и се соспало на Турчинката. Велит:

- Море, момок, ја ќе легнам малу, ти варди некој да не поминит.

- Добро, ќе вардам.

Таја носила и накит, златен, на гуша. Таман заспала, овај кроце кроце и го откопчујт ѓерданот, си го земат в џеп. Ова ко се пробудујт, гледат: нема ништо!

- Еј, момок, ела вамо!

- Шќо е?

- А бе, вака и вака ... Ѓерданов ми го нема мене - велит.

- Не се тревожи, кадан, не се тревожи. Лесна работа.

- Еј, како лесна работа? Гo немат. Маж ми ќе м'утепат.

- А бе, ништо живо не помина ... Само, ти го лапна тебе пустината!

- Е, бога ти, како така?!

- Така, ја видов.

- А то, чаре?

- Чаре ... ја имам едно ваѓалче. Лесна работа, ќе г'извајме.

Ја оддлжил убо, е избричил, шибал, шибал, дур му било доста. Тап, мајка, ѓерданот го наврел на ваѓалчето. Го е ваѓат ...

- Еве го, кадан, готоо е! Да немаш гајле. С' израдола та, до тука бидујт. Отишле дома. Па му велит:

- Ни загина и едно котле нас, стребрено.

- Е, да пробаме, да пробаме дали ќе можеме да о фатиме ...

Удрил, удрил, удрил. Велит:

- Кадан, лошо е завртено: со газерот надвор, со рачката внатре! Да о зафата никако не можам. Сите сили е употребив, ама не можам.

Дошол маж је. Му кажујт женава шќо се случило преку денот. Ѓерданот је го лапнала пустијата. И велит:

- Благодарение на момокот, да е жив, имал ваѓалче. Ми г' извај!

- Како така?!

- Така! Па и котлето шќо ни загина, то стребреното, и то го ваѓаше, ама со газерот било завртено напред, внатре со рачката. Никако да го зафати.

- Како - велит - и то ти напрај?

- И то.

Ко дошол момокот, му велит:

- Слушај вамо, бе! Ти шќо си напрајл?

- Еј, ја напрајв. Ти мајстор беше за исправање пички, а ја пак за ѓердани ваѓање! Шќо си прајл то си доче кал!

И завршило така.

Kiril Penushliski. Macedonian erotic folktales
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org