Златната боја
Седеле маж и жена дома. Си имале некое ниско куќиче, пенџерињата биле полојна метро до улицата надвор издигнати. Мажот, загледуејќи се во жената, и вели:
- А, мори жено, многу си слатка, се уба на тебе. Уште онаа да ти је златна многу поуба ќе ми бидеш!
- А бе, мажу, така је, ама господ, ете, не остајл д' имаме златни.
- Ќе ти је напрам, жено, не бери гајле, ќе ти је напрам. Златна ќе ти ја напрам!
Кога они го прајле тој разговор некој си мине по улицата, слуша разговоров и застанује до пенџерето. - „А - си рекол - добро е: овде ќе падне златна утре сабајле“. - И си иде чоеков.
Сабајлето домаќинов си оди на работа, а чоекот иде и так, так си чука на врата.
- Шо има?
- Вије ли сте Рајна на Ристе?
- Е, ја сум.
- Е, ме прати мажот да ви је позлатам.
- Леле, вистина муабетот синојќен го исполнуе, го прај!
- Ајде!
- Ами за пари?
- Лесна работа је, мори жено. Није се погоди вие сос него. Лесна работа је!
- Добро, мајсторе, добро, што треба?
- Не треба ништо. Соблечи се, легни на креветот, одма идам ја.
Мајсторчево си влегује у соба, море ракииче, море винце си црцка вамо-онамо, додека му се наострило куренuето. И си флегује внатре и је гла женичкава пред него голка.
- Може ли, мајсторе?
- Може - рече - одма.
Фаќа и го тргнуе еднаш, ушт еднаш, ушт еднаш, додека му се наситује душичкава. Најпосле зима од бојата, ја растворује малкучка, разбираш, и почнуе со четката да ја бојадисува. И је набојадисуе со златна боја и ѝ ги закачуе нозете горе з еден дирек. И и вика:
- Немој да мрдаш се додека мажот ти не дојде вечер!
- Ами, мајсторе, ние прајме муабет и на ќерка ми д' и је позлатите.
- О, уште поубо! Ајде, нека дојди и ќерка ти.
Ја кутнал и незе на кревет, си напрај ќефот. Со четката и нејзе ја набојадиса со златна боја. И незе ноџињата и ги закачује.- Што чини, мајсторе, што чини?
- А бе, ние се пазаривме две лири, туку што ќе даеш - дај.
- Ау, како така? Ја нејќум да го погазам лицето на мажот ми. Зар он бил толку паметен, муабетот одма го примил - фатил мајстор, па ја да го одбија пазарот! Не, еве ти, мајсторе, две и пол лири.
Кога с' иде вечерта мажот и глеа нозиве на женава и на ќерката напрчени. Кога ќе види има што да види.
- Што е, бе, ова мајчина ви?
- Ту, види го, што је чуден! Ами ти нели си пратил мајстор да ни ги позлати?
- Како сум пратил мајстор?! О, да се не најде куќата што има пенџериња на сокак, да не мојш муабет да си напрајш асолен! - Многу убо си напрајла, жено! Алал нека ти је! Сега вистина ти е златна!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни