Попот што го допрајл детето

Некој младич се оженил, поседол три-четири месеци со жената и отишол војник. Кога заминал жена му останала тешка. Ден за ден, нарастила жената прилично, да е погледнит човек можел да видит да е бремена. Еднаш било причесна и жената отишла ф црква, по обичајот. Попот кога ја видел, и се исчудил. Му се допаднала убавата женичка. Е запрашал:

- Невеста, ти од која фамилија си? Кај си, шќо си мажена?

И таја му разложила се, мислејќи дека попојте и оџите се многу побожни, да веруваат од бога и така ... И та му раскажала она шќо знајла. И попот ја прашал:

- Маж ти кај се наоѓат?

- Мажот ми је војник - рекла.

Кога видел тој оти немат таја маж дома и немало никој во куќата и рекол:

- Страм да му бидит на твојот маж! Ваква уба жена и така лошо да и мислит.

- Зошќо, бре, попе, лошо да ми мислит?!

- Па - рекол - то шќо го носиш во меот, то не ти е допрајно.

Жената се опчудила:

- Како, бре, да не ми е допрајно?

- Па, не е, бре! Го запрајл тој и не го допрајл, си заминал војска.

- А то сега, попе? Аман, з'аман! Шчо чаре да прам ја? Како да се мола на бога, да ми се допрајт?

И попот рекол:

- А бре, ја можам да го допрам, само су стар чојк, ете, да ме не мачиш.

- А бре, аман, попе, шо чинит ќе ти плата!

- Е, мадам ќе ми платиш! Ете, ќе се помача, ќе го доработа јас. Ќе дојдам кај вас дома и ќе го допрам.

- Море, те молам, попе - го замолила.

И една ден, кога се договориле, и пошол попот. Ко пошол таму, е фатил невестата, и тргнал едно попско ебење и ѝ рекол:

- Сега детето ти е допрајно. Ако се родит фалично, тогаш да дојдиш да се караш со мене.

Си заминал попот. По некое време детево се породило. Жената видела дека е без кусур детето. Не му фалит ни рака, ни нога, ништо ... Радосна, немало повише како да се израдујт. Детето растело. Дошло време да се пушќит мажот је од војска. Ко дошол тој од војска, кога видел како жена му го држит во раце детето, и го зел за да го помилуват, да го бацит, да го гушнит. И таја, жената, му рекла:

- Мрш, тамо, да те немат! Ти не си ми мене маж!

- А бре, како?!

- Бегај! Ти да го сакаше детето, ќе го допрајше. Не г' оставаше недоправено. Едвај попон на стари годиње да го допрајт. Да се мачит попон. Страм да ти бидит.

Тој толку бил бистар и не сакал дури да се издајт на жена му.

- Шќо? - рекол. Па попот го допрај?

- Па, го допрај, сигурно. Шќо мислиш ти?

- Е, па добро, жено. Знајш како е: да беф јас ќе го допрајф, ама војска ти е тука ... закон. Мораше да се одит.

И ја заминав. Немаше шо да прам. Ја не су кабатлија.

Поседел два-три дена и ѝ рекол на жена му:

- Жено, сега јас ќе одам на работа. Ќ' одам подалеку да барам работа. Имаш некој динар дома, помини дур дојдам јас.

- Добро! - рекла.

Се облекол тој во едни искинати алишќа и отишол божем да барат работа. Место да барат работа, тој отишол и поминал право пред портата од попот. А попот имал две убави ќерки. И кога отишол тој тамо и викнал од портата:

- О, попе, о, попе!

Излегол попот. Ко излегол, му е' испулел вака: Искинато момчево:

- Што е, бре, дете?

- Слушај, попе, вамо: ти си божовен чојк, барем ти гледај некако, за едно јадење да работам кај тебе, оти сега су дојден од војска. Немат шќо да прам. Ќе умрам за јадење, су сиромаф чојк.

Попот го распрашал:

- Ами, добро, имаш нешќо жена, деца, мајка, татко?

- Нишќо, попе, нема. Како шќо ме гледаш вака, и такоф сум!

И попот помислил: „Ја е' имам работа доста (имал и нивје свои, рабоќе други ... ), па ќе го зема. Нека ми работит, за едно јадење чим је - нека rаботит.“

- Добро - рекол - момче, дојди! Само ќе бидиш поштен, ќе работиш поштено, ќе ме не крадеш, ќе ме не лажиш.

- Не - рекол - попе.

Све и еве веќавал, само да влезит во неговата куќа.

- Добро - рекол попот и го примил.

Ден за ден работел, онадел ... Едно време дошло некоја слава, се правело на манастирите горе, за Мала Богоројца. И луѓето се збирале во манастирот. Одиле тамо и тамо го чекале ноќта. Цела ноќ тамо играле, се веселеле сите. А попот требало да појдит една ден порано. И попот кога одел за тамо, му рекол на слугава:

- Слуга, слушај вамо сега ти! Ќе ги земиш ќеркиве двеве, жена ми, ќе 'и прегнеш коњине фо фијакерон и ќе ги донесиш утре во манастирот. Само шќо порано ќе дојдиш за да фатат со време веселјето.

- Добро, попе, оди ти без гајле. Ја се то ќе учинам.

Попот заминал една ден порано. Ноќта момчето спало до кај пола ноќ така ... И се пробудило, слегло долу, ја прегнало колата, коњите 'и спремило и отишол да ги будит ќерките на попот и жена му. Викат:

- Попаѓо, станујте, оти доцна е, немат време! Да појме со повреме.

И попаѓата рекла:

- Добро, слуга. Се ќе станеме, само нека се спремат девојчињава: да се дотерат малу, да се променат убо. Тамо е слава. Не можат какогоде.

- Ама, попаѓо, дур се спремат тије, дур с'облака, дур се мијат, ќе се преденит. Под манастирот, тамо, имат едно чешмиче. Нека си земат со ними што им треба, на чешмичето ќе си измијат образ, лице, и ќе се преслечат и ќе се препроменат убаво.

- Добро! - рекла попаѓата и ги станала ними.

Собрале то шќо им требало за да се променат, се качиле во фијакерот и продолжеле. Кога дошле под манастирот, ноќе било, тамо имало некоја чешма. Тогаш почнувале здраци да се појават на денот, мала провидливос некоја се покажувала. И ј' однесол на чешмичето. Тије, обете ќерки околу-наоколу вратот ѓердан имале еве со златички, една до друга поредени. И тије за да се измијат, ги извајле од себе и ги остајле до нив, до чешмичето и почнале да се мијат. А попаѓата останала ф кола, со слугата. Слугата кришом слегол и отишол кај ниф и покроце-покроце се прибрал до ними и украдел на обете златишките и 'и скрил во себе. Се измиле тије, се преслекле, се променале. Кога 'и побарале златичките за да 'и клат на гушата, гледат - нема! И почнале една со друга да се распрашуват:

„Кај се сторе? Кај ни загина? Одавде кај можат да појдат? Леле, како ќе појди ме сега? Ќе не утепат татко тамо без златички! Како смееме да појме без златички?“

Слугата 'и чул и одеднаш истрчал и рекол:

- Шќо, шќо?

- А бе, златичките! Ни ги немат, загинале!

- А, ја знам кај се тије. Само, не вером да успееме - рекол.

- Море, аман, ако знајш ! Татко ќе не заколит. Барај шќо ќе бараш, само златичките ...

- А бре, ми е страм да ви кажам, инаку знам кај се сигурно.

- Море, аман - рекле - кажи чим 'и знајш. Немат шќо, само кажи! Татко ќе н' утепат.

- Еј, па - рекол - златичките ви ги лапнале пичките!

И тије се зачудиле:

- Како, бе, така?!

- А - рече - то е сигурно.

- Ами, ал сега? Шќо да прајме?

- Еј, па јас можам да ви ги извам, само ако сакате.

- Аман, слуга! Аман, то арно учини го! Ќе н' утепат татко, свршено!

И тије се тргнале во шумата. Ја одвел прво едната, е легнал на плешти и е го клал курот внатре и божем ја бацуват по лице со едната рака го ставил герданот на него. Кога е измрдал, убо, ко г'извајл курот и ѓерданот паднал од него.

- Еве го - рекол - гледаш!?

- Брго, сестро, брго! Мојот ѓердан се најде. Брго и твојот нека се најт, побрзо! - велит.

И таја одма дотрчала. Ушќе неиспулена, је го закопал и не. На исти начин го шушќал долу ѓерданчето. Ко слегле долу, тије на мајка и рекле:

- Мајко, знајш шќо? Златничките беше ни 'и лапнале пичкиве. Едвај успефне да ги најдеме. Оти ако не беше слугава не мојфме да 'и најме. Ами, стреќа, слугава беше знал да 'и барат. Го лупна внатре, сполај му, па 'и извај и мојте и од сестра ми.

И таја тогаш, попаѓата скокнала, рекла:

- Аман, слуга, чим си можел ти така да бараш, мене уште ланска година ми загина едно котле и да го најда никако не можам. Види ова пустина да не го лапнала и него!

- Ај - рекол - ќе ти учинам и тебе то арно.

Е сметнал од фијакер, е фтерал во шумата и ѝ го закачел.

Е дупел е дупел, е дупел ... и ќе издивнет:

- Ах, не можам никако! Свртено е со газерот од н'опаку. Да беше со рачката нагоре, ќе г' изм'лкнеф, ќе го тргнеф. Ама, му е газерот свртен од н'опаку. Да г' изва - рекол - не можа никако. Нека си стојт така!

И немало шо да прајт. Котлето, божем, и останало внатре. Се спремале, се качиле во фијакеро и радосни отишле кај попот. А попот тамо кушат, се молит на бога. Ги однесол на славата во црквата и се вратил назад.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org