Плачењето на пресниот гроб
Некој слуга бил у некој поп. Поминували по пате и видели некоа ожалостена жена, прилежна ногу, плакала на гробиштата. Плачи - крвави тркала на некој пресен гроб. Они с попо ка минали, к'одили некаде по работата, попо вика:
- Е, сирота жена, умрел и маже. Виш, плачи - крвави тркала ... Шчо праиме?
- Шчо ќе ми дадеш, попе, јас таа жена д' иа да а еба?
- Ка, бре? Таа е ожалостена. Там на гробо ќе маане да те строши кутлицата.
- Ш чо ќе ми дадеш, јас да и сврша таа работа?
- Мулето ќе ти дам.
- Добро. Скри се ти доле фов валтата, качи се там на таа ќиселица, мулето нека пасе. Јас шчо ќе праа, ти само гледај.
И оттука оди и он, гледа некој попресен гроб и се пуунува на гробо. Плачи и он ошче повеќе од неа. И она погледнала: маж плаче! И оди - тамо си е адет на гробишчата да претвара кој на кој поујаде - и вика:
- Оди, баче. Зашчо плачеш?
- Осте, невесто, не ме пите. Моата душа знае зашчо плаче.
- Баче, и јас плаках, плаках, нема фајде.
- За режи! Ти мож да не си крива. А јас кат сам си виновен, зашчо да не плача?
Е, са вече поусталожила го да не плаче. Вика:
- Кажи ми, зашчо па толку плачеш?
- Ја зашчо - вика: тове пушчина ми е толкав. Она вика половин го тури, јас цал, ако не е не мога ... И одеднаш напнех и умре ...
- Баче, и на мене не ми се живее. Ако може, дај и јас да с'умра. Дај и на менека!
- А, море, невесто, тува се гробишча, греота е ...
- Не ми се живее. Ако мош така лесно да се умира? ...
Са она е каил од това да умре. Од ќотек не е.
- Е, добро, ајде ќ'излезем од гробишчата вонка. Само, ај ќ'ием на сенка, под таа тамо ќиселица.
А попо на ќиселицата. И тие легнуваа. Мешнал, а не бил толкав.
- Де море, мушни!
- Е, мушни, мушни! Шчо ќе мушна?
А попо вика одозгоре:
- Мушни, мушни, д'еба вашча маќа! На мен муленцето оти ојде, не гледаш?
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни