Невестата и пчелите

На една невеста не и се држали пчелите. Писка, вика: „Пчелите ми са умрели, пчелите ми са умрели! Шчо да чина, ка да чина, какоф лек да им најда да ми остан- ат?“

И јавило се некое момче од некаде.

- Невесто, тизека питаш пчелите нешчо ти ѓинат?

- Ѓинат ми пчелите, измреа се: Ошче малку имам тамо. Се ми фоф уленико измреа, лек да ми тераш.

- А, невесто, леко е у мене. Јас ќе 'и излекувам.

- Кажи ми, братче, каков лек?

- Час куга се стевни, ќе земеш тизека една мотовилка и едно кроено, та ќе јаанеш кросното, јас ќе јаана мотовилката и ќе им баа тамока. Не ќе вече да мриат пчелите.

И веќе стевнило се. Земала мотовилката, земала и кроеното, ошли при уленико.

- Ако не сме - вика момчето - голи, не мош да се фане баењето, да оздравеат!

Соблекли се голи, јаанала она кроеното, јаанал он па мотовилката, сос мајата да бае да 'и оздравеа пчелите. Е, изобиколили трипати голи и он бајал на мотовилката: „Мат, мат, мат!“ Па она викала: „Брз, брз, брз!“ Ка изобиколили трипати мленико и ка а палкала, кроеното по газицата, там и дошло на ак'ло:

- Мили братче, мили, брцни го та макар ни една да не остане!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org