Жената што се нашла во небрано
Биле маж и жена. Имале еден петел, им одел во комшиите. Еден петок навечер, спроти сабота, со домаќинот се разговарале што да станит со петелот.
Мажот не бил толку мераклија на месо и викат:
- Утре е сабота, земи го, жено, петелон, продај го!
И во саботата го носит петелот таја в раце и одит низ чаршија да го продават. Ама, женава, многу згодна била. Некој си е сретнал и е прашуват:
- Жено, колку петелоф? ... Колку пари?
- Сто пари.
Овој премислил на кој начин да е однесит до дома, докај него, викат:
- Добро! - извајл пари, е дават. Подаве си и повлекујт.
Ова го прашует:
- А бе, зашќо се пишмани? Скапо ти е?
- Не е - велит - скапо, само ја имам жена и толку убаво живееме со жената ... Што да праам, е прашувам не. Ако таја се сложит, ќе го купам. Ако продавам нешто, пак не е прашам - толку многу убо живееме.
И женава викат:
- Далеку седите?
- Не, овде, под варош седиме.
И ојт тој напред, жената по него - сосе петел в раце. Одат горе, дома, се качуат по скала. Е наоѓат жена му. Си пекла леп. Гледат: маж је влагат, по него - жена.
Овај е прашал:
- Жено, што велиш ти, да го купам петелов од женава, али не?
- Па, што ме прашуеш? Ко си решил да го купиш, купи го - го пофаќат, велит: петелот, голем, ефтин, џабе ...
- Ајде, жено, да слезиме долу - велит овај.
Долу имале една одаја, влегле внатре. В одајава - нишќо друго, сем еден амбар, подигнат колку една длан над земја. И ѝ подават париве тука, на врата. Женава, поземајќи париве, петелот, и скокнуат, се пикнујт под амбар здола и ова - услуга да му напрајт на домаќинот, се навалујт да го фатит петелот под амбар шќо бил. Се навалујт и овај, е го засукујт фустанот и прајле работа ... И ова шќо ќе прајт? Да викат, немат ... Во небрано лозје била, во туѓа куќа. Ништо. Си излегла, си заминала. Дошла вечерата. От ко вечерале, му текнало на маж је да е прашат:
- Мори, жено, ти што напрај со петелоф? Али го продаде, али не, не те прашаф.
- Го продадов - рече.
- Еј, колку пари?
- Сто пари.
И овај дека ефтино го продала и звикал со затегнување:
- Ама те мрднал!
Женава помислила пак мажот да не е гледал кога е ебал тој тамо. И велит:
- Море, пус петелот д' останит! Скокна под амбар. Ја се наведоф да о фаќам петелоф, да не му избега и тој ме еба. Та, инаку, пусто име ќе му останеше, шќо ќе ме работеше.
И така му кажала на маж је што напрајла.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни