Бутни го, не го трлај
Един татко имал син, ама бил непокорлив на татко му. И го лагал: „воденица прави“.
- Синко бре, каде одиш тизе та те нема за работа, а пари зимаш? Викаш, воденица правиш!
- Права, бе татко, права воденица. Само оште колото да замеле. Туку ми дај пари да купа три коча. Ќе ги откарам покор царската кашта.
Тове му дал пари и купил три коча. Ошле кае царската кашта. Пасол кочовите. Излезнала најстарата царска штерка. Видела убави кочове.
- Еј, бре момче, дај ми един коч од тиа?
- Ке ти дам ама ако дадеш да ти вида нозете до колената.
И таа си рекла: „Па што ќе биде от ќе ми види нозете до колената, само да му зема коче?“ Подигнала фастане. Видел и нозете до колената. Дал и коче. Другата царска ќерка и она искала да му земе един коч, като видела од сестра ѝ. Дошла царската ќерка тамо:
- А, бе момче, што пасеш туа по нашите бахчи кочовите? Ќе ти зема кочовето да ти откарам.
- А-а, не може! Пари сам броил за тиа кочове. Какво ќе ми ги земеш?
- Ти си пари броил, ама пасеш по нашите бахчи.
- Е, ќе ги откараш, ама дај да ти вида нозете од колената до газо!
- Е, срамота е това што викаш.
- Е, па срамота е и оти ќе ми земеш коче.
Ајде, ајде пресрамила се, запрчила се. Видел и газо. Дал и коч. Најзадната штерка рекла: „Сестрите ми земаа кочове, та и јас ле да не зема? Ќе се пофалим на татко сос кочове.“ Ошла.
- А, бре момче, шо пасеш туа по нашите бахчи?
- Оти да не пасам? Това е трева, неќете вие да пасете, стоката ќе а пасе.
- Ќе ти го земам! Ќе те убиа туа што пасеш.
- Немој, бе моме, немој! У твоите очи сам се заљубил. Сакам да те пољуба.
- Е, ако е за љубљење пољуби ме, па ми дај коче.
И тове едвај чекал. Мрднало му куренцето за најмладата оти е била најубава. И рекол:
- Ќе ти дам коче, ама да го потрлам покор путката ти малку!
И таа видела не видела рекла си: „Па што дека ќе го потрла? Коче да му зема.“ Пристанала.
А го потрлал а по земјата го повлекол. Ка земал да го трла покор путката, вжег ла и се путката. И рекла:
- Бутни го, бутни го! Не го трлај!
- Не мога, нема кој да е воденичар!
А татко му од гредата озгоре:
- Бутни го, синко, ја ќе сам воденичар!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни