Лажниот аберџија
Во едно село имало собор. Некое момче од друго село дошло на соборот и видело една многу убава невеста. Ашик останал по неа. Се распрашал која е, чија е, каде седи. Така разбрал дека мажот и бил војник. Штом чуло дека невестата е без маж, момчето веднаш скројало марифет како да ја клаи в рака.
Приквечерината, кога свршил соборот, тој чукнал на нејзината порта. Му отворил свекорот на невестата.
- Добар ден, дедо! - му рекло момчето.
- Добро ти бог дал, момче! - му одговорил дедото. Когу бараш, момче?
- Дедо, јас сум другар на Стојана. Во иста чета служиме војска. Ви носам абер од Стојана.
Дедото се израдувал и свикал:
- Жено, снао, бргу ваму, момчево носи абер од Стојана!
В куќи тие почнале момчето да го распрашуваат за Стојана. Момчето било многу итро и раскажувало и што знаело и што не знаело: дека Стојан бил здрав, дека бил добар војник и дека скоро ќе дошол дома. Кога веќе се стемнило, момчето станало да си оди. Дедото му рекол:
- Момче, не бива, не те пуштам ноќе да се враќаш во твоето село. Далеку е... Остани кај нас вечерва, па утре, здравје боже, денски оди си.
Момчето тоа со душа чекало. Останал кај нив да преспие. Стариот тогаш и заповедал на жена си да меси една погача и да испече една кокошка.
Разговарале потоа што разговарале, додека стасала вечерата. Седнале да вечераат. Момчето кришум, под софра, почнало да ја пофаќа невестата. Оваа ќутела. „Е, што ќе биде, ќе биде вечерва“ - се израдувало момчето. По вечерата, се приготвиле за спиење. Знаеш, тие сите спиеле во една одаја. Послале во едниот ќош за момчето, во другиот ќош си легнала невестата, а во третиот дедото и бабата. Момчето чекало, чекало ... - Кога бабата и дедото за'ркале, тоа лека-полека се прибрало до невестата и веднаш ја налеrнало убаво, убаво. Онака загорена за маж, невестата почнала да офка, да стенка ...
Дедото се разбудил и привикал:
- Што праите вие, бре, таму?
Момчето се исплашило и рипнало да избега. И дедото рипнал и сакал да го фати. Имал в рака некоја голема крпа. Во темницата, не знам како, сакајќи да го удри момчето со крпата, го фатил за алатот и му го избришал. Момчето успеало низ врата да избега. Дедото од прозор свикал колку што можел посилно:
- Сељани, бре, сељани, држте гa ... Држте га, бре!
Мислејќи дека е некој крадец, селаните припукале со пушки, арно ама момчето веќе било далеку. Дедото седнал на едно столче и фатил да офка:
- Оф, море едеп'сзу еден, такој ле бива да не излажеш сите? Оф, мори жено, ти погачу му меси и кокошку му испече! А ти, невесто мори, пичку му даде! А јас, јас кур му избриса! А сељани, сељани? ... Сељани п'к с'с пушке гa испратише!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни