На Божиќ кукавица кука ле

Некој човек оженил се. Имал си невеста и така си живеали. Арно ама, он иде на работа некаде далеко. Невестата, това-онова, ујдисала се с един шумар ф селото, они били на колибата прво.

Дојде шумаро, скрие се одонат ф осоето имало кладенец, и после завика: „Куку, куку, куку!“ - кука. Невестата земе грнците, ќ' ие на вода и там сос шумаро да се видат ... Де денеска така, де утре така, сека ѕаран доди куковицата да кука, там невестата оди. Куга маж е приметува таа работа: приметува оти куковицата кука па еднаш вика: „Стој, да вида јас таа куковица каква е!“ Таман почнала куковицата да кука, невестата грабне грнците, ќ' ие на вода. Мажо зарижџа воловето, оди ф осоето, се скрива и гледа шчо се работи тамо. Невестата јадење однесе, пиење ... Добро ама, мажо само гледа шчо се работи. Глеа, едно шчо не бива! И таман си ошла дома невестата, он ја преварил. Фата един палечник од ралото, нажежува го, така мераклиската. И доди невестата. Вика:

- Ти каде беше?

- Е, одих на вода.

- Е ти, невесто, оди на вода, ама каква е таа куковица ф осоето ? На Божиќ куковица кука ле? Това не мош да биде!

- Шчо а знам каква е. Таа беќи е некоа циrанска куковица та јас не сам ја ни чула.

- Е, шчом не си ја чула, са ќ' а видиш.

Зема палечникот и - со извинение - изгорел и газо.

Арно ам тове шумаро не знае шчо бива. Утре невестата легнала болна се е опрлена. Доди шумаро ф осоето, кука: „Куку, куку, куку!“ Добро ама, момчето и немало на невестата дома, она отвара прозорецо и се подига - од срешча му вика:

- Еј, куке, куке, пушчино! Гнездото ти изгореа! Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org