Недо мори, ама бели нози имаш
Некое време си бил некој поп мераклија, он повише си гљал жените отколку црквата. И си одел покрај чешмите, покрај фурните, обично тогаш кога жените се збирале таму. И една ден ја гља бела Неда, иде на чешма оддалеку.
- Е, Недо мори, ама бели нози имаш!
На женава и се досадуе, му кажуе на мажот:
- Мажу, од овај поп глава не можам да кренам, туку што да му прам?
- Само едниов поп ли те задева?
- Како едниот? Од тројцата - рече - глава не можам да кренам.
- Не бери гајле, жено, кажи им утре нека дојдат.
- Добро, мажу.
Кога утрента оди она на чешма и овај еднио поп:
- А, Недо мори, ама бели ноџиња имаш!
- Да ти стојат на рамо, дедо.
- Кога? Кога, кажи? - рече попов радосен.
- Вечер околу седумте.
- Е, добро - е се насмеал попов и отишол по работа.
Кога по пол сат иде другиот поп.
- Е, Недо - рече - ама бели ноџиња имаш!
- Да ти стојат на рамо, дедо.
- Кога, Недо, леле убава на дедо кога?
- Вечер околу седум ипол.
И треќиот поп стасуват.
- Е, Недо - рече - Господ како те даде олку уба? Бели ноџиња имаш!
- Да ти стојат на рамо, дедо.
- Ами кога?
- Вечер околу осумте, дедо. Дојди, ќе ја свршиме таа работа.
- А, убава на дедо, многу далеку е осумте сатот, кога ќе чекат дедо?
- Што да ти прам, тогај ќе оди Стојан на работа.
Кога околу седумте сатот некој чука на порта. Ова си спрема вечеричка, убо се си дотеруе и отвара.
- Кој е?
- Јас сум, бе Недо, попот.
- О, дедо, бујрум, качи се горе, оди!
И он едно влегол, од врата одма ја граба Неда.
- Чекај, дедо, одмори се малку, имаме време: ноќта е наша, цела ноќ што ќе работиме? Дај ќе се напиеме, ќе си касниме малкичка, ќе си поиграеме. То не оди наеднаш, од врата право пикни го, и јас да осетам малку.
- Убо, Недо, убо, како ќе кажеш, така дедо ќе пристане.
Додека праеле муабет, поминува пол сат. Еве го другиот поп чука на врата.
- Леле!
- Кој е, Неде?
- Што знам, дедо, може е мажот ми? Бргу!
Го пикнала зад една каца зад врата. То кацата она спремала пред време, го пика дедово внатре. Еве го флегуе вторио поп.
- О, добро вечер, Недо!
- Добро вечер, дедо, што прајш, што чиниш, арен ли си?
- Море, не ме прашај толку, не ме виткај. Ајде, давај, да свршиме работа!
- Полека, дедо, софрава е полна, се е спремно за нас. Ич не му се плаши. Цела ноќ ќе поминеме за мерак, со дикат.
Додека праеле муабет, ете треќиот поп чука на врата.
- Леле!
- Кај да се кријам?
- Пикни се у кацава, дедо.
Кога се видат двајца попови - ќутат. И треќиов:
- О, Недо, добро вечер, како си, што чиниш, арничка ли си? - рече.
- Арна сум, дедо, фала богу, да речеме.
- Недо, немаме многу време, осум е сатот ... Ајде!
- Има време, дедо, мажот ми е на работа цела ноќ. Сум ја наредила, ќе си поминеме јас и ти цела ноќ.
Додека тие праеле муабет, чука на врата мажов. И она:
- И-и-и, дедо, мажот е ова - рече.
- Аман, каде да се скријам сја?
- Оди, у кацана таму, пикни се натре, па ќе видиме работава после, додека се смириме малкичко. Сигурно забораил нешто од работава?
Кога се пикнува треќиот поп у кацата, влегуе мажот од вратата.
- Што има, мажу, што толку си забрефтал?
- Остај се - рече - отидов на работа, ме налутија: на секого му кажувам дека сум купил пушка, никој не ми верува. Дај ваму, жено, то пушката!
Ја зима он пушката и нишани у кацата. Дигни ја пушката погоре, попот слегни подолу, натопи се у водата; па он подоле, он дигни ја пушката погоре.
- Жено - рече - токму во средината ќе гаѓам.
- Аман, мажу, немој, у што ќе тураме расол?
- Море, мајката, ќе купиме нова каца, да ја измерам пушката, да им докажам на народот дека точно можам да гаѓам.
Им писнуе три куршума, сите тројца натре ги свиткуе.
- Сја, жено, одма ќе 'и фрлиме, иначе маф ни е работата: попон да отепаш - рече - не е шега работа.
Зимат, го товаруват во една вреќа едниот. Носејќи го на рамо, на мостот го среќава еден комшија . .
- Каде?
- Абе - рече - еден поп се намострил дома, душата ми ја вади цела ноќ. Го свиткав.
- Многу убаво си напрајл, да ти помогна, оти јас да можам уште двајцана да ги свиткам, оти душата ни ја вадат на сите. У поп вера нема, жена не смејш да пратиш в црква.
Фаќа он од мостот - бум! го фрла доле у то реката. Се враќа назад, го зима другиот. Па комшијава:
- Каде?
- Мајчина му, ја уште дома не отиден, тој се вратил назад.
- Абе, како се вратил?
- Море, поп со лесно не умират, бог го оживуе.
- А, мајката негова: во подлабокото! ...
Одат, го фрлат во подлабокото. Се враќа назад, го зема треќиот и го носи на грб.
- Што е ова сега? - го праша комшијата.
- Абе, одејќи дома, го сретнав пак, пред порта виси.
- А, дај, ќе му врземе еден камен на гушата, дандалот ќе му го земеме.
Му врзаа некој голем камен, го акнаа у то подлабокото - да не испаднел попот. Враќајќи се назад, поп друг од некое село на коњ си идел назад:
- Мамето твое, затоа предвреме стасуаш, оти на коњ идеш.
Му писнале двајцата, удри, удри, го отепуват и тој четвртиот поп. И него у Вардар натре. Се вратует дома назад.
- Што напрај? - го опитала жена му.
- Го свиткавме и четвртиот, со коњ фтасал. Мајката да им ебам, поп у куќа да не ми влезе од сега.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни