Попот што ги исповедал жените в црква
Некој ноф поп дошел у некое село. Арно ама како ноф поп мора нешто и да среди. Некој ден минал по пате, гледа: таа невеста убава, па друга поубава; еден ден сришча на пате најубавата невеста. Вика: „Ка мога јас таа невеста да а изработа?“
И ден-два минало. Мора да кајдиса, да избуне. И веќе сришча е и вика:
- Невесто мари, од тука?
- Зашчо, оче, зашчо, кажи?
- Зашчо ти с маже ти таквиа работи работиш и ф петок? Не те ле е грех?
Арно ама, таа млада кат млада, мора да с' огреши: петок не петок, таа не трпи. Тука шчо прави, вика:
- Ам од дека познаваш?
- Јас шчом те вида, по очите знам шчо работиш. Да доеш да се исповедиш!
- Е, шчо мога да се исповедам?
- Ка не, дојди!
И попо оди ф црквата, направја едно маленко џамче и озгоре тура шчичка на конец, сутле од ке светило, оттам мушкало на главата ... Ка дошла невестата, спушчи шчичката, натисне а на шиата, заглави е. Дигне и фустане, исповеда а убаво и салдиса. Арно ама, таа ја дојаде зашчо така само неа да а исповеда. Жени кат жени, муабет по муабет: дека оди, шчо оди:
- Ја така, одих да се исповедам.
- Зашчо?
- Ами зарад петок. Тиа работи не смееме да 'и работиме. Одих да се исповедам.
- Боже, ам еле и јас така праа, мари. - А, мари, там ле е попо?
- Там е. Варке додека е там.
Отрчува и таа. Таа кажува па на друга, па на трета. Арно ама некоа будала жена била. Вика, се чуде:
- Така и така: одих да се исповедам, ама ексик да му е исповедањето и се. Мене така и така исповеда - и кажува на една довица - шчичката ќ' и е спушчена на конец, фустане кренат ...
- Па баш ф црквата ле тиа работи да работи? Е, досега ве он исповеда, ама са јас него ќе го исповедам. - Ти си м'чи!
Доди довицата кон попо. Са тове од дека знае дали е жена, дали е довица - жена с фустан! Ка му б'снали очите, само чека нешчо да закачи. На довицата кравата и отелила шарено теле, го поводила и телето и зимала едно лонче млеко. А попо земал да заклучува, ќе с' иде.
- Попе, попе, чеке!
- Е, зашчо?
- Ја ида за исповедање.
- Ам теленцето?
- Него ти го носа за награда, за исповедањето.
- Е, добро, ајде, флази!
Отвара вратата, а телето останало у авлиата тамо.
- Ај, невесто, побрже мушни тува главата от треба да си ода, па гладен сам.
- Мушни ти, да вида, та после ...
- Ја така - вика попо и мушнал главата.
Таа му спушчила шчичката и го натиснала на шианико. Смакнала му гашчите на попо, поплискала го млеко. Доводи телето. Додека се цари млекото низ космето, разбираш, телето цица ... Намале, 'pгa телето, разбираш ле, ќе тера млеко ...
Жената му го чека за ручок - нима ти поп, нима ти нишчо. Отрчува да го тера, вратата на црквата отворена а таа вдовицата се скрила зад врата ка ропнала вратата. Жената гледа телето: 'pгa - млеко тера. Извикала:
- Жени, варкате! Мое поп је отелил шарено теле ...
Телето гладно за цицање, не мош да го откачат од цицањето.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни