Обричениот поп
Еден поп од Разловци бил мераклиа на една комшика ногу. Добро ама, не е имало време како и што да направи од мажо и. Секој ден она си одила като сите други жени на вода. А попот ја чекал се куа ќе дојде на вода да ѝ потражи:
- Де, мори, кога ќе ми даеш?
- Еј, срам те било, бре попе! Попадиа имаш като кобила, од мене тражиш.
- Попадиата си е попадиа, ама јас искам тебе да те фана.
- Е, друг пат!
Ошла си жената дома. Кажала на мажа ѝ:
- Попот ми тражи. Шо да праа? Како да го одбиа?
- Мари, будала - рекол маж ѝ - не го одбивај! Викни го! Викни го нека дојде!
Другио ден ошла па на вода. Ѝ рекол попо:
- Ајде, мори, куга ќе ми дадеш?
- Ке дојдеш довечера. Чорбаџијата го нема. Ојде на Виница, на пазар. Тамо ќе спие а ти ќе дојдеш и ... ќе свршим таа работа.
Попо одвај дочекал да се стевни. Стевнило се, и рекол на попадиката:
- Попадие, јас ќ'иа малку у комшиите. Да спремаш вечера, ќе си дојда порано.
Ошел попо и почнал веќе да а пофата комшиката. Таман се она почнала да брани, притропал маже и. Попот се исплашува:
- Дека да се скриа сега?
Имало во едно ќоше в'на, чешена била и рекла жената:
- Дај да те покриа под в'ната! - Скрила го она под в'ната.
Попо само главата тамо малку оставил да ѕирка, да се не задуши. Улегнал газдата.
- Де, жено, да вечераме!
Вечерали.
- Таа работа, жено, на мене нешто ми мериша като на поп! Тука поп е доодил?
- Ама, не е, бе мажу!
- Не, на поп ми мериша!
Де тука, де таму го тражи. И го најде фоф в'ната. Го тражи, да не испадне договорено. И фанал сега, рекол на жена му:
- Дај, ќе го бричиме на суо попо!
Обричили го попо и го врзали. И го турили ф ќошето тамо, па у в'ната, па го покрили.
- Жено, иди са тизе викни попадиата! Попо е тука, ќе вечераме, ќе штуриме!
Ка дошла попадиата и тове рекол на жената му:
- Жено мари, иди стави на добиците, ама ќе се позабавиш малку.
Жената му ошла да стави на добиците а тове фани па налегни попадиката, па ѝ тупи еден кур а попо гледа ка се изебали едно убаво. Пуштила попадиата. Ојди си дома. Пуштил го и попо попосле малку. Ошел си попо.
- Еј, попадие, вечерата не е готова? - рекол на попадиката.
- Е, попе, вечерата неќе да е готова. Викнаа ме кае комшиите божем на вечера, та ме ебаа.
- Попадике, тебе те ебаа ами и мен ме мрднаа: фанаа та ми обричиа брадата! Са ме поп направиа баш като магаре!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни