Невестата, оџата, селскиот кмет и мухтијата

Некое момче и невестата му биле ноrу сиромаси, момчето било голо, немало си дреи. Рекла невестата:

- Абе, човече, да ти спечала јас ношческа дреи?

- Ако, жено, ако можеш - спечали!

Излегни она навонка, на бунаро. Ја ти ефендијата тамока:

- А, невесто, ногу си црвена, ама дали мош да доеш до моите раце?

Она си ошла на дома, кажала на маже и. Тове и рекол:

- Иди па на бунаро, речи му нека дое у един саато.

Врнало се, он си седи тамока. Па вика:

- Невесто, искам една дума да ти кажа: дали ќе склониш да тиќ дам една ж'тица само да те цална?

- Ага, може дојди!

- Куга да дојда?

- Дојди у един саато.

Тове се зарадувал ноrу, оти ќие при рисјанка, при невеста.

Едно време поврнала се она. Ја ти един селски кмет, и он се нагледал на неа, рекол:

- Невесто, стига оди нагоре-надоле при тове сиромах, еда при мен, пари ќе ти дам таа нош да одеш при мен.

- Ако, ти дојди! Ама ти да доеш поарно е!

- Е, ако, невесто! Тогава ја ќе доа. Мажа ти дома ле е?

- Нема го - вика - он е на пазар. Нема го дома. Сама сам таа вечер.

И един оџа фрлил мерак у неа. Оџата рекол:

- Оџа сам, ама верата ќе изгуба. Имам мерак да доа при тебе!

- Оџа, примам те сос добра волја.

- Е, па коку ќе тражиш?

- Неќу да тража нишчо, малку нешчо ќе тража.

- Е, коку?

- Куга доеш ќе се пазариме.

Арно ама она подредила работата да дое у един саато еднио, другио у два саато, оџата да дое у три.

Дошел ефендијата у един саато:

- Добро вечер, добро вечер!

- Ожџлди, ожбулдук - одговорила му таа.

Прибрала го. Рекол:

- Е,- невесто, ајде, не се туку улави надоле-нагоре, ела, на ти пари, да свршим таа работа, оти па ќе си ода.

- Чекај, бе, ефенди, ќе свариме кафе, ќе пијнеме, па ќе се соблечеш, ќе окачиш тука дреите на тове клин, па тогава.

Арно ама чукнал маже и.

- Кој е? - рекол ефендијата.

- Мож да е човеко дошел!

- Е, дека да се скрија?

- Ја през вратницата у таа кашча да влезнеш.

Он рипил, та доле на пато гол, на гашчи и на кошула.

Не бил маже и, ами тропнал кмето.

- Добро вечер!

- Дал ти бог добро! Флези фнетре, маже ми го нема а ја сам сама. Ќе те прибера, ај!

Затворила вратата, рекла са:

- Ќе свариме кафе, ќе испиеме по едно па ќе си легнеме: ношта е наша, шо сакаме тоа ќе праиме. Ама соблечи се, окачи си дреите, па ќе се расположиме, ќе си легнеме голи ...

Арно ама маже и се обажда од таване, спадне, тропне и па се скрие. Ама кмето соблекол се.

- Е, невесто, кој е? - вика кмето.

- Еле е човеко дошел од пазар.

- Дека д'иа?

- Ја од тука през таа вратница у онаа кашча ќе флезнеш!

Арно ама он ка се џифни та доле на пато гол виси. Куга види и другаре му сос него доле. „Кој си ти?“ Не мош да се разберат. Голи и двата, без капи, без пантолје, без палтишта, само на кошулча и на гашчо.

Е, дошел у три саато оџата. Чук-чук на вратата.

- Кој си?

- Ја сам.

Отворила му. Флезнал оџата.

- Добро вечер, невесто!

- Дал ти бог добро, оџа! Ожџлди, ожбулдук?

- Е, не ме питај за ожџлди, туку ајде ... Ме чека жената на вечера. Ајде, шчо е наше да видим!

- Де, море, оџа, немој токутука од нога. Ќе свариме по едно кафе, па ќе се соблечеш гол. Окачи туа ... па ношча е гулема и наша.

Он се зарадувал. Соблекол ќурко, палтото, пантолје нови. Окачил 'и на клино. Маже и усетил куа е флезнал. Чук-чук па на вратата.

- Кој е?

- Ја сам, жено!

- Е, шчо ќе праа са? - исплашил се оџата.

- Ја през таа вратница ќ'иеш у онаа кашча, ќе заперда па неќе да види, сабале ќе с'иеш. Куга заспи, час ќе с'иеш!

Фрлил се и он доле на лате. Куга виа двуица го чекаа доле голи, зазикаа од студ.

- Кои сте вие?

Траат. И тове се са уплашил оти е гол и он.

Арно ама научил се мухтијата дека таа жена е терикат, оти е соблекла тиа мажје. Он рекол: „Кам мен да може да ме соблече некој? Мен не може да ме излаже. Да ми се падне на мен, та нека ме излаже.“

Другие ден, ова рекла:

- Абе, човече, а д'иа покор мухтиово двор, беки е вонка, малку нека му мрдне!

Куга заминала она, мухтијата седел на праго и пуши луле тутун.

- Добар ден, мухти-ага!

- Еј, невесто, ка те глеам, да ти рипна а ти добар ден ми кажуваш!

- Ако, мило ми е.

- Може ле таа вечер да доа кад тебе?

- Е, мухти-ага, та ти си чорбаџија, имаш пари ... па ќе дадеш и повеќе, нешчо малку, ние сме сиромаси.

- Абе, невесто, таа работа нека е! За пари коку сакаш има. Ќе те постела од петите до главата сос ж'лтици.

- Е, бре мухти-ага, па не се жала шчо ќе дам ...

И мухтијата сос радо срце - малку е бил стар - накоравил се, ќ'иде при невеста.

- А кое време да дојда?

- Ќе доеш у полунош, куа нема никој да те види човеко ми е на гурбет.

- Е, ќе дојда тогава.

И зарадувал се мухтијата. Ошел околу три саато, никој да го не види, при невестата, почукал на вратата. Отворила вратата.

- Е, мухти-ага, добре дошел. Ка си се најмел сега?

- Е, невесто, за чуждо ле се не радува човек?

Флезнал мухтијата. Рекол:

- Ај, невесто, ај поскоро, да не узнае моата жена. Поскоро ај, не шетај нагоре-надоле.

- А, мухти-ага, са ми си дошел на госје, па ќе свариме едно кафе ... Знаеш, на мухтија шчо се праи кафе.

- Е, ајде, ајде, па ќе ти послушам думата оти кафе ќе ми свариш, па и слатко е оти е од млада невеста.

Едно време, ка испил кафето, рекол:

- Ајде, невесто, ајде де ајде, не шетај!

- А, соблечи се, па си полегни. Јас ќе расукам баница па ќе повеќераме, ќе те скорна и сабале ќе станеш и ќе с' иеш.

Расоблекол се мухитијата, свалил чалмата, на бели чорапе ... „Ах - рекол - шчо сам начекал јазека. Това никугаш не ми се падало, са ми се е паднало“. Едно време маже и почукал.

- Кој чука?

- Е, маже ми од гурбет си иде!

- Е, каде са да се криа?

- Ја ќе те повија у органи, ќе реча родила сам машко дете. И он ќе послуша, куга заспи, ќе те пушча да с'иеш.

- Е, ако невесто - рекол.

Она го повила у јоргане и турила го на кревето, покрила му очите. Машко дете е родила.

- Ајде, жено, отварај, измрзнах, мокар сам ...

- Чекај, бе човече, болна сам, не мога да стана, одвај се држа.

- Шчо е, мари жено?

Окаеќи едвај станала, отворила:

- Ох, болна сам, ох, болна сам!

- Шчо, бре жено?

- Е, шчо ти си ошел току време на гурбет, нема те ... ја еле сам родила машко дете. Ја на кревето дека сам го повила.

- У, жено, миленкото ... Кам да го вида?

- Немој, са спие, спие ...

- Ако спие, ја като башча ќе го вида, нема да го разбуда.

Она не давала. Открил крпата од очите и куа виш: детето с мустаци, гулеми мустаци!

- Мари жено, оди де, оди тизе тука!

- Шчо, море човече?

- Па ти си родила дете сос мустаци. Саки срамота е това какво си го родила. Ќе доат жените утре, куа ќе видат ќе речат: „Дете с мустаци е родила!“ Дај ќе му оскубем мустаците.

- Немој човече, ќе плаче.

- Неке, полека-полека ќе му ги оскубеме.

Скубаеки му мустаците, куга виш - имало и заби!

- Мари, невесто, виш: заби има детето! Ти ме лажеш дете си родила а дете се не ражџа сос заби!

- Е, па човече, таквоа си го напраил, такова ќе е!

- Донеси туа теслата и чуко да му ги исчукаме! Ќе те е срам, и мен ќе ме е срам, ќе речат какви са тиа свет дете сос заби да родат.

Донела она чуко и теслата. Чукаеќи искацали му забите. Он само трае. Едно време рекол:

- Жено, смрди ми нешчо. Сигурно това дете се посрало, дај разви го, истри го!

- Ај, човече, не се посрало.

- Море, разви го бре, смрди ми, не мога да седа ф таа кашча!

Куга го развила да го трие, видел маже ѝ: имал гулем.

- Ууу, жено! ... Па това е па дури ногу срамота. Па шчо това дете с токав кур? Ја немам токав, оно да има!

- Абе, човече, такова се е родило. Шо да праа?

- Море, дај да му го отсечеме! Ќе те е срам, жените ќе доат, ќе го развиеш. „Кам да го видим?“ - ќе речат и ќе погледнат. И ќе се исплашат, ќе избегат навонка. Шчо ќе праиш? Море, жено, дај да му го отсечеме!

- Ух, човече, ќе го боли еле е дете, ќе умре од това, ако му го пресечеме.

- Неќе, жено, неќе ... Оџите сунетисуваат, па ништо, та наше ле дете ќе умре оти ќе му го отсечеме? Нема да умре!

И крај ! Не знам какво е станало потака.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org