Господ од пештерата
Некоа девојка си сакаше ошче од девојче некој, ама не го зе него. Коа го зе овој шо не го сакаше, почна да му се праве на него многу:
- Те сакам мажу! Шо си ми мил. Ама не го знам господ да ми каже дали д'го ќе живееме со тебе, или да не умриме некој.
Ама мажот се сети шо сака она да праве и шо праве и ѝ вели:
- Господ е во наа пештерата тамо. Со едно огревање с'нце. Ама не можиш да го видиш, тој не се кажуа да го видиш. Ако појдиш во недела ќе се каже. Во недела ќе го најш!
Ваа оше рано во неделата појде да го бара, а вој се скри во пештерата и однатре вика:
- O-о-о, кој е?
- Јас те барам.
- Зоштооо?
- Да ми кажеш дали ќ' умре мажот брго да си го земам тој шо си го сакам.
- А-а, не умира, не умира, туку ти во недела да ми донесиш една погача, една карта вино, еден пагур ракија и една гуска печена, па јас ќе го ослепа и ти слободно можиш со него да си живееш, да не ти види мажот.
И ваа се враќа радосна, праве шо требаше, зема вино, ракија. Другата недела пред с'нце оде и обесла на едно дапче шо и рече господ и му веле:
- Боже, тука ли си?
- Тука су.
- Еве ти а погачата, печената гуска, виното, ракијата!
- Добро, добро!
Ваа си отиде. Мажот си слезе, си а зе погачата - си а изеде гуската печена, испи виното и ракијата. Вечерта си оде дома, слеп се прај - не му се виде. Ваа да се увере дали е слеп го вика побратимот. И вели мажо:
- Кој е вој, мори жено?
- Брат ми дојде.
- Милата женска рода, дај да си а бакна женската рода!
Вој да се увере дали е слеп му наврте газо и вој му го бакна. Е, му го бакна газот. И вија се уверија дека е слеп.
Си легнаа жената и побратимот еднаш салам. Него му послаа сам и ваа му вели:
- Мажу, јас ќе си лежа со брата ми, одамна години не сме лежале под еден покрив.
- Лежете си, жено, лежете си! Милата рода женина, ах, милата рода!
Си легнаја. Таман ноќта заспаја, тој стана, со едно јаженце го удави брата и, го удави. Коа се пробуди, ваа рече:
- Море, мажу?
- Шо рече, мори жено?
- А бре, умрел брат ми.
- Ам и чаре, шо правиме? Ќе не вате власта, ќе не затворе. Шо праиме сега?
- Ами не оти знам.
- Ај, крени го ти на рамо и ќе го пуштиме во езерото да го удави ме, да не знае никој и ќе речиме оти не дошол кај нас. Мож' да не го видел никој да дојде!
И жената се сложи, го крена на грб, вој одзади а држи жената божем и го крепи. Ама вој си зе една игла и еден конец и за алишта од жената и од него шие, па шие, шие. И таман дојдеа на езерото, и рече:
- Ајде, таму е подаб'ко.
Она боже да го врле него и она со него - в'п во езерото!
- Еве ти, жено: коа су ти мил јас, ти мене повеќе си ми мила!
А удави и се куртули од неверната жена.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни