Врбави јабаки
Имало едно време еден маж, ама жената при него била се болна, а при други куга дадат - здрава. И он питал ја:
- Кажи, мари жено, па не јадеш нишчо. Шчо ти се јаде да ти најдам?
- Е, шчо ми се јаде, мори мажу? Од врба јабаќи ми се јаде, ама нема.
- Е па да ода, мари жено, да терам.
- Е па ќе одиш, ами. Додека не најдеш да не додиш.
И го испратила. На попа била на крае кашчата, и рекол:
- Дека, синко, ќ'идеш?
- Па, дедо попе, жената е болна, нишчо не јаде. Јаде и се од врба јабака та ме е пратила да терам и ќе ода. Додека не најда, ми е рекла, да си не ода дома.
- Јас имам у мене дома, оди - викнал го попа. - Седи довечера, довечера ќ'идеме.
- Добро!
Седел тамо и вечерта попа зел и го турил ф една вреќа. Од една страна товарил дрва попа и вика:- Ајде са! Ти да м'чиш додека јас не ти реча да излезеш.
И ошли тамока и викнал:
- Невеста, невеста! Тува ле си?
- У, дедо попе, тува сам. Ка си дошел баре ќе ме венчаш.
Она си имала веќе друго момче дома.
- Де, држ' ти од там - од ка дрвата, јас од тува! Има грнци фоф таа вреќа, та јас ќе држа грнците да се не строшат, па ти растоварај дрвата.
Е, добро, зел од вреќата и ја фнел у като дома. У ќоше ја турил. Она вика:
- Дедо попе, ка си дошел ќе не венчаш. Месила сам зелник за вечера.
- Добро!
- Дедо попе, да вечераме! Еле, та па ќе не венчаш?
- Ајде ќе вечераме!
Вечерали.
- Ајде, дедо попе, са да не венчаш.
- Море ајде, да заиграме едно оро та после ќе ве венчам. Дај клуче да заклуча врата! Немој случајно да дојде некој.
Заклучил попо и го турил ф џебо клучето. Вика:
- Ајде да играме една песна!
Кој ќе изводи? Она ќе изводи, па попе до неа, па на крае момчето шчо довела.
- Ајде!
И она пое:
- Ах, мари, јазе пратих мое маж од врба јабаки да тера!А попо пое:
- Слушаш ле, сајбио, шчо ти се ф кашча работи?
А момчето вика:
- Нешчо не ме грее поповата песна!
И изиграли и после вика:
- Ајде ќе не венчаш!
- Ајде! Стој, фоф вреќата е книгата и патраиле да извада и ќе ве венчам.
И он бил турил и един чук фоф вреќата та ќе го даде чуко на мажо и вика:
- Ајде, бре, излази! На ти чуко: додека стигнеш!
И он - попо - фанал тове момчето та натепал, а тове натепал жената. Вика:
- А сега да седиш тува, ете ти од врба јабаќи.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни