Невестата и попо
Една невеста имала си работа сос попо, а момчето и било ќириџија. И на момчето кажували човеците:
- Бре, момче, твоата жена сос попо си има работа.
- Ајде, море, не кажувете това да се караме ниека со жената.
Неколку пати му кажал: „Ти ќе расипеш кашчата сос жената ти! Она с попо с'има работа.“ Е, вика: „Ќе обида да вида дали е истина.“ И он рекол на жената:
- Невесто, да земеш да ми собереш сага. Утре ќе ода јас рано на пазар. Ти да ми собереш да ми е готово за утре!
И собрала му невестата и ошел он на пазар. Дал коњето там на друзи, он се врнал и се скрил некаде да види ка ќе да е, шчо ќе да е. И видел: дошол попо при невестата. Стевнило се било. Он се направил ќораф и вика на вратата:
- Невесто, невесто, отвори ми!
- Кој си ти?
- Ја сам.
- Не те познавам.
- Отвори ми! Јас сам - момчето ти.
- Момчето ми ојде на пазар. Нема го тука.
- Ојде на пазар - вика - ама дуунаа ветришчата по пате - самовилите, та ми искараа очите, та оќоравех. Не вида нишчо. Нишчо не вида!
Е, станала, отворила му она. Гледа веќе оти е ќораф и прикажуваа сос попо, еле е ќораф, он не види нишчо. Арно, веќе като не види нишчо, вика:
- Вечерахте ле, невесто?
- Вечерахме малку. Ти ќе јадеш ле?
- Ќе јам, ама не мога да си угода устата.
Турила му на скуто да јаде. Он на шаро-напаро, веќе апнал малку.
- Наистина, нистина си е оќоравел - вика на попо. Тове не види. А на нас е лесно еле не види. Това е колај работа. Не види, не види, ама па ќе надѕира по малку! А, д'идем фоф плевната ние тамока, там не се види.
Он си азардисал едни ножички у него. И кат ошли фоф плевната они и тове полечка, полечка и он се намакнал фоф плевната. И зели невестата му и попо да с'играа. Тове издебна и пресечи му на попот курето. Турил го ф ѕебо. Врнали се од плевната: на попо пресечено курето, нема веќе шчо да чини. Попо си ошел дома с пресечено куре, а невестата се врнала дома. Сабаљето прочуло се, попо умрел и она вика:
- Боже, човече, попо е умрел!
- Еба ле му маката, са кој ќе не чати? Ам не ќеш ле да му носиш китка, да му палиш свешчи?
- Арно е да му однеса да се запали. Китка не се носи, ама свешчи се палат. Ќе му однеса свешчи.
- Ако, ајде, однеси му!
Она земала свеш, ќе оди кон попо да му пали свешчи. И она ка се стегнала, ќе оди, вика:
- Човече, јас ќе ода.
- Ти ќе одиш, ама нешчо кат куга гледам, нешчо т' се напрашила шамијата, така ми се чини, по главата. Стој да вида дали е нистина!
И он пала а по главата, по шамијата, затни и курето на главата. И ошла тамока и му пали свешчи и го плаче: „Попе, попе, като беше толку арен, од дека ти дојде таа умреш, та си умре толку брже?“
А ониа ка и гледаа курето дека препетушчичка, исправја се, накриви се, ка се исправува, наклонува ... сите се смеат.
- Попе, попе, да станеш да видиш, попе, сите ти се смеат, само јас те плача! Од шчо ти е, попе, таа умреш?
Они и викаа:
- Од шчо му е умреште, на главата го носиш!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни