Дедо Лесо и Анџиката
Некугаш некој дедо Лесо ошел ф Радовиш на пазар. Арно ама фоф ано там ка спали, рекол анџијата:
- Дедо Лесо, иди ти с моата жена, ќе пушчите вино, ќе донесеш да се напием!
Тамо ка ошли они да пушчаат вино од бочвата, маркуче она земала, турила и он така, ка се наводил, фата, пофата анџиката. Арно ама анџиката од там като маане с еден бокал по главата, пукнала му главата на дедо Лесо. Знаеш, и крв потекло. Одат тамока сос виното, вика анџијата:
- Шчо е, Лесо? Шчо си с таа гола крф?- А бе - вика - ка одих коњето да обида, па таа една пушчинска кобила чужџа, стопаница и, оттам, не сам ја ни знаал, ритлива. Та куга ме ритна, ќе ме утепаше.
А па анџиката знае а таа работа. И она е там, вика:
- Е, Лесо, ка чужџа кобила не и знаеш пофато. Пооддалеко се држ! Не туку палке отука-отука, она затова ќе те утепа. Кат не и знаеш пофато, не а палке дека не се пала.
И дедо Лесо така се смирил.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни