Трите жени и судијата

Пролетно време собрали се жените така на припечина. И ка се собрали дошли до разговор од шчо е куро. Една рекла од кокал е, втора рекла од јака жила е, трета рекла од обично месо е. И се скарали, и са дошли до судење. Ошли са кон судијата за прекршок. Судијата бркнал сос раката фоф џебо да го пофати, та да пресуди од шчо е. Врти го на тука, врти го на понам и не мош да установи од шчо е. И не можел да пресуди жените. Ошел си вечерта дома и легнал си. Ни заспува, ни на судиката врши работа, сон го не фата. По едно време вика судиката:

- А, море, што тизека тека? Ни работа на мене вршиш ни заспуваш. Каква е таа работа?

- М'чи, м'чи ! Това е срамота да го кажувам.

- Шчо, море? Кажи на мене!

- Е, шчо? Дојдеа три жени да се судат денеска. Не можех да 'и пресуда. Това е првпат да не мога да пресуда.

- Е, зашчо?

- Ами едната вика куро е од кокал, едната вика од јака жила е, едната вика од обично месо е. Ка а жените таа работа тумачат? Јас не можех да го претумача и не можех пресуда да дам.

- Какви беа тиа жени?

- Ами едната беше околу дваесе и дветри години, едната околу триесе години, едната околу четириесе години.

- Таа шчо е од дваесе и дветри години, ќе речеш на твое маш е куро од кокал; таа шчо е од триесе години, ќе речеш на твое маш е куро од јака жила; таа шчо е од четириесе години, ќе речеш - од обично месо е! Ето ти пресуда!

И донеле пресудата на жените.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org