Младичот и калугерките

Имало десет калуѓерки во еден манастир. Еден младич сакал да дојди да и расипе калуѓерките. Женсколик бил, се преслекол во женски алишта и пошол таму. На старата калуѓерка и рекол:

- Јас сакам калуѓерка да бида тука, и ја со вија калуѓеркиве. Молим те!

- Добро, ќе те примиме.

- А примнале тамо и сега се борат калуѓерките коа вечер побргу да спие со новата калуѓерка.

- Чекајте - му вели старата калуѓерка - чекајте на ред: ваа вечер една, другата вечер друга и така, да ви пројде мерако.

И спала една вечерта. Оп, коа легнале, таа рече:

- Шо ми нарасте мене овде, шо ми нарасте мене! ...

Коа фаќа ова - стап, да простиш! Утредента па сака да лежи со неа. Не кажува никому. Сите на ред така и помина. По некој месец-два: оп нараснаа меовите. Стана старата калуѓерка.

- Шо е воа работа вака? Од каде ваа работа? Ај сите на ред да клекните.

Старата зрцала имала на очите. Овој го нагнете стапот под него здола, го скрила. Погледај ваа таму: женско, погледај ваму: женско! Гледа кај него со зрцалата:

- Постани, мори, ти!

Коа постана, куро тап - и ги крена зрцалата.

- Е - рече - су видела, су видела кур, само ваков со зрцала, немам видено!

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org