Кради путка на пладнинка

Stealing cunt at noontime

Еден овчар си ги пасел овците. Жената му кинисала леб да му носи. На патот одејќи имало шума, во шумата некој дрвар берел дрва. Жената влегла внатре. Овчарот ја видел кога влегла жената, ја чекал да излези, ја чекал ... Ја немало! А дрварот ја потиснал жената во шумата, на зелено, и си тера работа.

Овчарот кога видел дека ја нема, дека се забавила повеќе отколку можела да го изоди патот, си рекол: „Чекај да видам шчо стана со жената!“ Кога отишол, гледа вамо, гледа тамо: на патот ја нема. На едно место над пат му мрда тревата. Гледа во тревата: нозите од жената му нагоре и се мафтаат. А меѓу нози машка глава. Се доближил до нив, не можеле да го видат од тревата. Застанал и се чуди што да им прави. Си вели на себе: „Да го удрам од позади, ќе и го донапика, да го удрам отстрана по слабина, ќе ја шибни настрана - ќе и ја исчепи! Да го удрам одозгора по глава, ќe го отепам, ќе умре, треба да лежам затвор. Ами чеки, ќе се поиставам подалеку и ќе му свикам, ќе го устрамам.“

Се поиставил и почнал да вика:

- Не те страм: кради путка на пладнинка! ...

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org