Бабата и купениот дед
The old woman and the purchased old man
Некоа баба стара имала еден син и снаа. Бабата била многу стара веќе, у години. Даже оќоравела, не ни види нишчо. Арно ама, почнала да накарува сино да а жени, да и доведе дед:
- Де, синко, кат туку одиш на пазар, купи ми еден дед и на мен. И јас да с' имам дед. Утре вода ќе ми донесе, дрва ќе ми расцапи, това-опова. Требе ми дед!
Па сино, шегувал се:
- А, мамо, ако ида на пазар: има дедовци, продаваа се, ќе ти купа еден дед. Ка така, јас не те оставам без дед. Арно ама, денеска а лаже, утре а лаже, друг ден а лаже, дајма а лаже. И са бабата чека дед. С душа чека дед да и купат. По едно време оди па он на пазар, доди си. Знае оти маќа му чека дома дед и ќе земе да му се лути, ако не и купил. И оди, вика:
- Е, мамо, каков дед бех ти купил арен. Убаф! Убаф! Убаф ! Ама, ето, качих го на коне, падна од коне ф една река, удави се и ајде ... Са шчо да праим?
- Е , оти така, синко, не си го вардил да се удави?
- Е, шчо да праа! Ја, носа му потурите, му собух за да се увериш оти вистина сам ти купувал дед. Едни потури му земах, да видиш оти не те лажа.
А он ја лаже. Земал од башча му - ќе умрел - некои потури стари, и дава на маќа му да види тамо. Она не види, ни познава. Доноси и потурите, фата она, пала и, пала и така, пала и, пала и, пала и:
- Леле, златен, милие дед! Колкав е бил, вреден је бил! - Ах, синко, синко, - земала да го к'не - ти не си бакарил, уdавил си ми дед ми! Дед ми си купил па си ми го удавил!
И така бабата си останала па без дед.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни