Прањето на двете комшики
Куќа до куќа, една д о друга, живееле две комшики и муабето си ro имале, што се вели.
Забележала Цвета дека кога перела комшиката Петра, времето секогаш било убаво: сонце греело и ro белело испраното. Таа, пак, кога перела секогаш било врнежливо. Мака и било затоа, и завидувала на комшиката и преесапила дека таа ro погаѓа времето со некој марифет. Еден ден, кога пак почнало да врне штом таа испраното ro пружила, не можела веќе да додржи и пошла кај комшиката.
- Мори, Петро, ќе те прашам нешто, ама право да ми кажеш, немој нешто да ме излажеш!
- Кажи де, Цвето, кажи што ти е прашувачката?
- Виде ли, Петро, дека секогаш врне кога јас перам, а кога переш ти секогаш има сонце. Кажи ми, како погодуваш да избереш убав ден за прање?
Знаејќи колкав е умот на Цвета, итра бидејќи, Петра веднаш скројала шега.
- Е, штом ме прашуваш, Цвето, ќе ти кажам. Нема голем марифет. Штом имам ниет да перам, ко ќе станам сабајлето, му ro фаќам мандалото на мажа ми и ro подигам, па ro пуштам: Ако падне налево, тогаш не перам: времето ќе биде лошо, ако падне надесно, почнувам да перам оти знам дека ќе има сонце. Ете, тоа ти е целиот марифет!
Утредента Цвета сакала да пере, и штом станала, му гo фатила мандалото на мажот. Тој се зачудил и ја прашал:
- Што ти е, мори жено, што ти текнало уште взори?
- Трај, мажу! - му рекла таа и му го повлекла. Мандалото се скочанало, па не можела да го пушти и да види на која страна ќе падне.
Го оставила бргу мажот и пошла кај Петра. Уште од врата ја запрашала:
- Петро мори, Петро, на мажо му се исправи куро кога му го подигнав за да видам какво ќе биде времето денес за прање. Што да правам сега?
- Остај прање Цвето оди на ебање! - рекла Петра и слатко се изнасмеала.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни