Невестата си плаче умреното момче
The young bride mourns her dead husband
Било едно момче касапин. Клало си овци, говеда, сѐ. И вечер ка си доодило од касапницата и си доносило дробец, слесчички, главички, нозе, та си варило, мезе си јало. И сѐ си имало раќиичка та си пило. Крстомата седели и шишенцето меѓу нозете му стојало и мезенцето и си пијнувало и си апнувало. Арно ама дошло време умрел касапино.
Невестата викнала да плаче момчето оти е арно било:
- Ах, море, човече, човече! Зашчо ме, море, зарежа? Какво беше си арно, море човече, куга беше касапин, куга ми доносеше глави врез глави, нозе врез нозе, дробове врез дробове ... Ами сега, море човече, нима дробове врез дробове, нима глави врез глави, нима црева врез црева! Ами сега, човече, кажи ми шчо да чина?
На жените дава раќиичката, вика:
- Пијнете, мили жени, и викнете бог да го прости, ногу му беше слатка, се му меѓу нозете стоеше!
- Човече, ами сага шчо да чина?
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни