Задобливиот младожења

The brave bridegroom

Некој младожења малеч'к бил и мрвка, такој како задобливо дете било а довеле му жену. А она шерет била девојка. Правиле свадбу, ишле натамо-наамо, одиле што работиле - ќе ги турав навечер да спиев.' А свекрвата: врц горе, врц доле - радује се. А он, на снаата не могал ништо да ву направи; земала ципелу, та у главу: бамбе!

- К'д не си кадар бија, зашто си се женија?!

Он почнал да плаче:

- Ох, леле, мамо мори, крвчица ми потече!

А мајката, озгор:

- Синко, мил на мајку, ако ми е! Мајка за крвчицу иде по село та целива туѓи мужи. * Ако е!

Слегне доле, на младожења глава расцепена. И, викала:

- А мори снао, што е овој?

- Што е тој? К'д не сте имале мужа за женидбу, зашто сте га жениле? Јутре од мене еве ќе тражите, а он не е приш'л при мене. Ете, за тој с'м га чукнала!

*Обичај е во Кумановско: изутрината, на благата ракија, мајката на младоженецот да оди по селото и од радост што е снаата чесна, да бакнува кого ќе сре тне.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org