Дете родено на три месеци
Се оженило едно момче, и невестата што ја зел му родила дете на трите месеци. Момчето било не дотолку итро и веднаш не се сетило оти требало на девеетте месеци да му роди невестата. Мнозина беа му се подбиле шега на момчето, дека му родила невестата дете донесено од татка је и откај мајка је.
- Мори, невеста - му рекло момчето - за детево што го роди ти, мене ми се смеат светот оти си го родила брго - во три месеци. Требало да го родиш на деветте месеци, а не на три.
- Море, домаќине, не биди будала да и слушаш светот кој како ќе ти речит; светот ни завидуаат, а домаќине, и сакаат да не расипат и милоста да ни ја земат од помеѓу нас. Да за детево што ти рекле оти не било носено девет месеци, тоа саде те лажат. Ами, еве, слушај, да ти го кажам есапот колку месеци ни имат детето: три месеци го носив откоа ме сврши; три месеци го носив откоа си ме зел, се сторило шест месеци, и три месеци ни имат детето, гопод да ни го поживит, ете ти девет месеци, домаќине. Еве пак, ако сакаш, преслаrај сам ти и да видиш оти девет месеци ни ет. Еве пак еден друг есап да ти преслаrам, бре домаќине, уште поблизу до умот: три месеци откоа се свршив јас и три месеци ти, еве шест месеци и три месеци детето ни имат, еве девет месеци, бре домаќине. Да ако ти се посмеит некој отсега вамо, стори му го овој есап, и удри го преку чурило за уште еднаш да не му текни да се бие шега со тебе. Оти знаиш, домаќине, светот си бараат пубудали луѓе за да си праат мезе со нив. Да уште еднаш ако ти речит некој, какошто ти кажав, удри го преку светила и гледај си работата.
Со тие зборои, бидејќи поитра невестата, го излагала момчето је и тоа си поверуало оти е така.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни