Влегува Цветко во аптека. - Добар ден, имате презервативи? - Да, кој број ви треба? - Хмммм незнам? - Еве ви ја даскава, гледате дека на неа има дупки со различна големина, одете во тоалетот и проверете кој број ви треба. Излегува Цветко после 20 минути од тоалетот. - Знаете мене веќе не ми требаат презервативи, а даскава колку чини! (287)
Влегува Цветко во кафана, двете раце му се во гипс, и му вика на шанкерот: – Може ли да ми го извадите новчаникот, да си платам едно пиво? – Да, да, секако. – А може ли да ми ставите во чашата, и да ми ја подадите да се напијам? – Да, да, нема проблем. После 2-3 пива: – А каде имате тука WC. – WC?? Подолу на 50 метри е автобуската, таму има WC. (1281)
Влегува човек во аптека: - Ве молам лек против икање. Аптекарот се доближува до човекот и му залепува шамар. Овој изненаден: - Зошто ми удривте шамар!? Аптекарот: - Тоа секогаш помага, а нема да ве чини ништо. Човекот: - Да, ама лекот е за жена ми. (567)
Влегува човек во берберница и прашува: - Што бара ова кучево овде? - Уво чека! - одговорил берберот. (710)
Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот: - Дај ми две дупли вотки. - Ти изгледа си имал многу тежок ден, а? - Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер. Доаѓа следниот ден истиот човек, порачува повторно две дупли вотки и објаснува: - Испадна дека и помладиот брат ми бил педер. Третиот ден, човеков повторно влегува во истиот кафич и пак го порачува истото. На шанкерот не му се верува, па прашува: - Добро бе, нема ли никој во твојата фамилија што сака жени!? - Има... жена ми. (531)
Влегува човек во месарница. - Добар ден, имате свинска глава? - Не, само така си ја чешлам! (520)
Влегува човек во продавница за брави: Имате ли патент брави? Немаме. A имате ли магнетни брави? Немаме. А имате ли било каква брава? Немаме никакви брави. Па,што тогаш не ја затворте продавницата! Па како да ја затворам - нели ти реков дека немаме брави! (639)
Влегува човек во такси и го прашува возачот: -Може да пушам? -Може, ако не ти смета воланот. (739)
Влегува човек со куче во кафич, седнува на шанк и порачува две чаши виски. Му ги дава шанкерот чашите и овие двајцата ги испиваат. Некоја девојка во кафичот зачудена се приближува до човекот и го прашува: - Убаво си го научил кучето. Знае уште некој трик?? - Секако. Знае како да задоволи жена. Девојкава се заинтересирала како тоа кучево може да задоволува, па ги зема и двајцата за рака и ги носи во некоја соба позади. Се соблекува девојката, се мести убаво на креветот и чека кучево да ја задоволи. Арно ама кучево не реагира, само си го гледа газдата, па човеков изнервиран му вика: - Абе, глупо куче. Гледај сега, ова е последен пат како ти покажувам како се прави тоа! (617)
Влегуваат во кафана Американец и Албанец. Американецот нарачува: -Џек Даниелс виски. А Албанецот: Фазли Велиу Кока Кола. (1020)
-Внимај ќерко... немој гаврани мозокот да ти го исклукат - секојдневно и велела мајката на ќерката, мислејки на онаа работа. Еден ден, додека ќерката работела во полето, слетало јато гаврани на блиското дрво. Плашејки се за мозокот а немајки каде да се сокрие, ја сокрила главата во најблискиот стог сено. Токму тогаш, таму минувал еден селски ерген и решил да ја искористи пригодата. И почнал да ја користи... -Клукајте... само клукајте... - извикала девојката - ама до мозокот нема да допрете. (76)
Внучето го прашува дедо Трпе. - Дедо, а бе, имаш ти секс? - Имам, и тоа орален! - А што е тоа орален? - Е па јас на баба ти ќе и кажам "оди еби се", а она мене "и ти еби се"! (1231)
Во 5 часот наутро ѕвони телефонот на рецепцијата во хотелот: -Ало рецепција! -Да, повелете. -Дали набрзо ќе се отвори барот во хотелот? -Не, жалам. Прерано е за отварње. По 10-тина минути, телефонот повторно ѕвони: -Ало рецепција! -Да, повелете. -Дали барот во хотелот ќе се отвори барем до 9 часот? -Жалам, нема да се отвори до 9. По 10-тина минути, телефонот ѕвони по трет пат: -Ало рецепција, дали барот во хотелот ќе се отвори барем до 10 часот? -МЕМА! НЕМА! Барот се отвара на пладне... ќе можете да влезете во него дури тогаш. -Простете... јас не прашувам за да влезам во барот, туку да излезам! (132)
Во авион на сред лет пилотот им се обраќа на патниците: - Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе. После половина саат повторно обраќање: - Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора. Еден час подоцна, повторно пилотот: - За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор. На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа: - Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух! (1160)
Во авион со останатите патници се возел и еден мечок. На пола пат ужасно огладнел и се упатил кон пилотската кабина. -Сега ќе изедам еден од вас двајца - рекол мечокот. И пилотот и копилотот се уплашиле и почнале да го убедуваат дека е ризично и дека доколку изеде еден од нив може сите да настрадаат. Затоа пилотот му предложил: -Кога веќе си решил да изедеш некој од персоналот, изеди ја стјуардесата. Послушал мечокот и се упатил кон стјуардесата. Со неа разменил неколку збора, се замислил малку, а потоа си седнал на седиштето. Летот мирно продолжил. Малку подоцна, решил пилотот да прошета низ авионот. Го видел мечокот и го прашал: -Нели беше многу гладен. Зошто не ја изеде стјуардесата? А мечокот му одговорил: -Даааа, па после мене да ме "онадите"! (242)
Во авион, патникот порачал од стјуардесата кафе. Во истиот момент неговиот папагал дофрлил: -Мене виски со мраз, краво една. Збунета стрјуардеста се вратила со виски, а кафето го заборавила. Патникот ја потсетил за кафето, а папагалот веднаш додал: -Гуско една, си заборавила мраз да ставиш. Стјуардесата брзо се вратила со мраз, но кафето повторно го заборавила, на што патникот изнервирано извикал: -Навистина се однесуваш и како гуска и како крава штом и сега го заборави моето кафе. Веќе во следниот момент и патникот и неговиот папагал се нашле исфрлени надвор од авионот. Папагалот кратко изјавил: -За некој што не знае да лета, ти си прилично безобразен! (246)
Во автобус разговараат возачот и еден патник: -Зошто имате две билети кога сте сам? - прашал возачот. -Па ако го изгубам едниот, другиот е сеуште тука - одговорил патникот. -А ако го изгубиш и вториот - прашал возачот. -За такви ситуации, имам јас и месечен билет - одговорил патникот. (232)
Во академијата на нуки се предлага прием на нови членови: -Јас за нов член го предлагам Мирко Драпогаз. -Чекајте, па тој е неписмен! -Знам. Затоа не го предлагам за дописен член туку за редовен! (248)
Во болница влегува панкерка и се жали на болки во стомакот. Младава жена имала розова коса, еден куп тетоважи и обетки и чудна облека. Откако докторот утврдил дека има воспаление на слепо црево, ја поставиле на операциона маса и и дале анестезија. Откако и ја соблекле облеката, лекарите забележале дека срамните влакна и се офарбани зелено и над нив има тетоважа која вели "Подалеку од тревата". После успешната операцијата, докторот оставил белешка за пациентката "Извинете, моравме да ја искосиме тревата" (721)
Во брачниот кревет: -Жено... женичке...дај да отчукам едно писмо на машината... -За жал, не може... има само црвена лента... Во брачниот кревет, после неколку дена: -Ајде мажу... машината е подготвена... ќе го отчукаш ли писмото? -Веќе не е важно. Писмото го напишав... рачно... (36)
Во војска имаат тренинг за ставање на гас маски. И старешината вика: - Маските на лице! - и сите ги ставаат маските. - Тргнете ги маските - и сите ги тргаат. Му се приближува на еден војник и му вика, абе јас кажав да ја извадиш маската! - Ја извадив друже! - Пу да ти ебам фацата! (602)
Во Германија отишле Македонци и прашуваат Германец: - Moже да не сликате? - Was? - Да, да, нас. (1248)
Во гнездото на врвот на високите карпи, малото орле ја пршува мајка си: -Мамо, а дали и тако ми е орел? -Да сине - одговара мајка му - тој е крал на височините. Кога ќе пораснеш и ти, ќе леташ високо и ќе господариш со небото. Зошто прашуваш? -Онака! Кога ќе погледнам од карпиве надолу, добивам вртоглавици. (258)
Во градскиот парк долетел ангел од небото и ги оживеал двете скулптури на маж и жена велејки: -Со години стоите тука. Ви давам живот за половина час да правите што сакате. Мажот и жената веднаш отрчале во најблискиот џбун. Од таму се слушало мешколење, шушкање, смеење... По извесно време се слушнало од џбунот: -Ајде сега ти држи го гулабот, а јас ќе му се испосерам на главата! (255)
Во една кафеана, гостинот чита од менито: -Сендвич со сирење: 80 денари -Сендвич со пилешко месо: 110 денари -Специјалитет на куќата - Рачна работа: 200 денари Во тој момент, до неговата маса доаѓа келнерката - атрактивна русокоса. -Дали Вие служите се што е напишано во менито? - прашува гостинот. -Да господине. -Вклучително и специјалитетот на куќата? -Да господине. -Во тој случај, измијте ги рацете и донесете ми еден сендвич со сирење - порачува гостинот. (142)
Во зоолошката во Скопје им умираат животни. И директорот решил кога ќе умре некое животно на негово место да дојде некој вработен преправен во истото животно. И така му дошол крајот и на лавот, па на негово место дошол заменик директорот Кире. Си шетал Кире преправен како лав во кафезот некое време, се смрзнал, прегладнел и си легнал. Наеднаш во кафезот влегла мечката. - Лелеее оваа или ќе ме ебе или ќе ме јаде!? - си помислил лавот. - Не се секирај Кире, јас сум Мими од финансово, да не имаш цигарче за Миле слонот? (966)
Во кафеана Гиго порачал кафе од келнерката: -Кафето да биде јако како мене а слатко како тебе. Келнерката го донела кафето, па откако сркнал еднаш, Цветко го прашал: -Како кафето? -Ми се чини... дека се преценила! (112)
Во кафеана, гостин пие и лумпува, чести се по ред. Во секоја тура го чести и келнерот. На затварање, излегува дека гостинот нема пари. Келнерот добро го изнатепал и го исфрлил. Следната вечер, гостинот повторно лумпува. Сите ги чести освен келнерот. -Каде е пијачката за мене? - прашува келнерот. -Ти не смееш да пиеш - одговара гостинот. -Имаш лошо пијанство... кога ќе се опијаниш не знаеш што правиш! (139)
Во кафеана, двајца поднапиени гости разговараат: -Ајде кажи, што пиеш? -Ништо, доста беше за денес. -А бе кажи што пиеш? -Ништо. Благодарам. -Ама човече кажи, што пиеш? -Добро... една ракија. -А каде ти е? (145)
Во кафеаната каде Гиго и Цветко се постојани гости, Гиго седнува крај масата каде седи ново лице... и започнува разговор: -Многу си ми познат. Од каде си? -Од Битола. -Од Битолаааа... и јас сум од Битола. -Навистина! Ајде, те честам еден пијалок за Битола. Келнерот донесува пијалоци, а разговорот продолжува: -Во кое училиште учеше? -Гимназија "Јосип Броз". -Знаев! И јас учев во таа гимназија. -Навистина! Ајде, те честам еден пијалок за старата добра гимназија. Келнерот донесува пијалоци, а разговорот и натаму продолжува: -А која година си роден? -1952. -И јас сум роден 1952. Ова е неверојатно!!! -Навистина? Келнер... донеси нова тура за генерацијата "1952". Келнерот носи нова тура... и нова... и нова... Цветко седи со другарите на соседната маса и еден го прашува: -Цветко, што се случува на соседнава маса? -Ништо особено... Близнакот на Гиго е повторно пијан! (118)
Во менувачница: -Имам една банкнота од 700 марки... дали може да ми ја расситните... -Секако... Повелете... Една од 400 марки и една од 300. (214)
Во некоја кафеана, еден од гостите ги фасцинирал сите со своето познавање на пијалоците. Ќе пробал малку од пијалокот и го погодувал произведителот, годините на старост, регионот од каде потекнува... Некој пијаница, следејки го сето тоа, му донел една чаша и проговорил: -Импресивно! Каков раскошен талент. Можеш ли да погодиш што има во оваа чаша? Откако "дегустаторот" пробал од пијалокот, кратко изјавил: -Ова мириса на мокрача. -Точно - извикал пијаницата. - А сега погоди кога и каде сум роден? (138)
Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во кој жените можат да изберат и да си купат сопруг. На влезот се изложени следните упатства: 1. Можете да го посетите дуќанов САМО ЕДНАШ; 2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате погоре карактеристиките на мажите се подобруваат; 3. Можете да го изберете кој било маж на катот на кој се наоѓате или да отидете на горниот; 4. Не може да се враќате на долните катови. Една жена одлучила да го посети дуќанот и да си најде партнер. На вратата од првиот кат пишувало: Овие мажи имаат работа Жената се одлучила да оди на горниот кат. На вратата од вториот кат пишувало: Овие мажи имаат работа и сакаат деца Жената се одлучила да се качи еден кат погоре. На вратата од третот кат пишувало: Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре. На вратата на четвртиот кат пишувало: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома -Неверојатно - си мисли жената - тешко можам да одолеам да не влезам... Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат. На вратата на петтиот кат пишува: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични. Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат. На вратата од шестиот кат пишувало: Вие сте посетителка број 51 352 177 На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан. Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6 ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга. На првиот кат се жените што сакаат секс. На вториот кат се жените што сакаат секс и не гњават премногу. Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОСЕТЕНИ. (504)
Во ординација чекаат многу луѓе меѓу кои и Трпе. Излегол докторот и им рекол дека за денес е доста и да дојдат утре. А Трпе: - Докторе а јас што ќе правам со печењето! - Добро ај ти влези, другите одете си. - А бе докторе што да ти кажам, многу ме пече кога мочам! (383)
Во Охрид пристигнува автобус од Белград полн со манекенки. Во тој момент Трпе ја поминува улицата и што да види... Љубов на прв поглед... Ја здогледал преубавата Ивана, едни долги нозе, едни цицки, еден газ набабрен, убавина, и одма ја поканил на кафе. И на Ивана во тој момент и се случило љубов на прв поглед и без размислување отишле на кафе. Тие 10 дена биле неразделни, Ивана многу се заљубила во Трпе, но дошло време да си оди за Белград. Тогаш Ивана: - Трпе, ја би се удала за тебе! А Трпе: - Ти аку се удајш за мене, ја се бесам на чинарон! (1206)
Во продавница за секси помагала и опрема: Продавачот: Повелете! Русокосата: Колку чини вештачкиов? Продавачот: 2.000 денари. Русокосата: А оној, поголемиот? Продавачот: 3.000 денари. Русокосата: А оној, црниот, уште поголем? Продавачот: 4.000 днеари. Русокосата: А оној, најголемиот, зелениот? Продавачот: Г-гице, термосот не е за продажба! (33)
Во пустина во некоја оаза имало езерце. Езерцето имало „лековита“ вода ... Влага човек без една нога и искача со нова нога. Влага човек со една рака, искача со 2. Влага човек во инвалидска количка и искача со нови Мишелин гуми. (775)
Во сообраќајна несреќа во која настрадале момче и девојка, несреќата ја преживеал мајмунот милениче. -Баш би сакал да знаеше да зборуваш - промрморел полицаецот за себе. На тие зборови мајмунот почнал да клима со главата. -Дали сакаш да ми кажеш дека ме разбираш? Мајмунот климнал со главата. -Што правеше момчето? Мајмунот гестикулирал како да пие од шише. -Пиел алкохол. Мајмунот климнал. А девојката? Мајмунот гестикулирал како да пуши. -Пушела цигара? Мајмунот одмавнал со главата. -Пушела марихуана? Мајмунот климнал. -А што правеа во моментот на несреќата? Мајмунот почнал да прави безобразни движења со телото. -Аха... јасно ми е. А ти што правеше? Мајмунот почнал да гестикулира како да вози... . (195)
Во судница: - Значи вас господине Трпе, соседката ви рекла дека сте мајмун. Дали е тоа вистина? - Вистина е господине судија. - Па зошто тогаш ја тужите? (1068)
Во училиште учителката ги прашува прво-одделенците: - Кој ќе ми каже реченица со зборот дефинитивно? Прво се јавува Ана: - Небото е дефинитивно сино. - Извини Ана, но небото може да биде и сиво, портокалово! Се јавува Аце: - Дрвата се дефинитивно зелени. - Жалам, но во есен, дрвата можат да бидат и кафени! На крај се јавува малиот Трпе и ја прашува учителката: - Учителке прдежот има грутки? Оваа го погледнува запрепастено: - Трпе бре! Се разбира не! - Е па добро, тогаш, јас дефинитивно се посрав во гаќи!!! (376)
Во Црна Гора решиле дека е време луѓето да почнат да работат. За работен ден го избрале Среда. Луѓето имале 4 дена одмор после работниот ден и 2 пред да почнат да работат, значи 6 дена одмор.. им одговарало. Станал еден пратеник и рекол сакам да прашам нешто. И овие ајде прашај слободно. И пратеников: Извинете, секоја Среда или секоја втора ќе работиме!? (861)
Воделе љубов глушец и слоница. Утрото глушецот кога се разбудил ја нашол слоницата мртва и си рекол: - Е, што ти е судбина, за една ноќ уживање сега треба цел живот гроб да копам!! (716)
Возел камионџија и наишол на калуѓерка - автостоперка. Застанал и ја примил во камионот. Кога се доближиле до целта и рекол дека мора да му плати за возењето. Калуѓерката му одговорила: "Не доаѓа предвид. Се заколнав дека нема да се ебам ." "А си се заколнала ли дека нема да го правиш тоа од позади?" "Не" - одговорила по кусо размислување калуѓерката. "Ете гледаш"- рекол камиопџијата, ја одвел во шумата и завршил работа. Закопчувајќи ги панталоните, тој се враќа кон камионот и задоволно мрмори: "Ама сме вешти ние шоферите." А калуѓерката дофрла: "А камоли ние, педерите." (714)
Возел Мујо низ Сараево со мерцедесот негов, отворил прозорите, рокнал турбо фолк и ја извадил едната рака низ прозор и почнал да удира на кровот по тактот на музиката. Го среќава Хасо и му вика: Аман бе Мујо, шо се правиш фраер, па пола Сараево вози мерцедес?' А Мујо му вика 'Абе пола Сараево вози мерцедес, ама пола Сараево нема две Pаце' (956)
Возел Трпе камен пијан и го сопрел полицаец: - Господине, вие смрдите на алкохол, да не сте пијан? - Пијан сум! - Па што не и дадете на сопругата до вас да вози тогаш? - Епа ако сум пијан, не сум и луд! (923)
Вози русокоса автомбил. Одеднаш, в среде нива со пиперки, здогледува друга русокоса како се сонча во една лотка. Застанува и и довикнува: -Гуско една. Заради такви глупави како тебе измислуваат безброј вицови за русокосите. Имаш среќа што не знам да пливам, инаку ќе си го добиеше своето. (165)
Вози Цветко и пред него знак Намали 90. Цветко намалува на 90. После некое време знак намали 60 и Цветко поштен човек намалува на 60. Понатака гледа знак Намали 30 и Цветко повторно си намалува на 30 и позади него се создава огромна колона. После некое време се гледа знак "Добредојдовте во Намали" (290)
Војна во Босна. Се шетаат Мујо и Хасо по улица и гледаат унпрофорец погоден од снајпер. Дотрчуваат двајцата да му помогнат и Мујо вика: - Хасо, ја идам по брза помош, ти за тоа време давај му вештачко дишење, уста на уста и слично. Оди Мујо и се враќа по 15 минути, кога го гледа Хасо како го натртил унпрофорецот. Запрепастен го прашува: - Што е ова бе Хасо, нели ти реков уста на уста вештачко дишење?! - Еее, така почна. (948)
Вулканизер се оженил со некоја девојка и ја однел дома. Само што влегле ја напунил кадата со вода, ја грабнал жена си и почнал да ја потопува и да вика: - Ај сега да провериме дали си стварно невина. Едно меурче да видам, тешко тебе ќе биде! (677)
-Г-ѓо, Вашиот маж е во голема депресија - и рекол докторот на жената. - За среќа, со една насмевка дневно и со неколку добри збора ќе можете да го спасите. После овој разговор, на пат кон дома мажот ја прашал жената: -Кажи...што ти рече докторот? -Рече дека за жал, наскоро ќе станам вдовица! (181)