Колку службеници се потребни за да заменат сијалица? - 45. Еден ја заменува, а останатите 44 ги пополнуваат формуларите. (997)
Колку физичари се потребни за да заменат сијалица? - Одговорот треба да биде: n-физичари. (993)
Колку шовинисти се потребни за да заменат сијалица во кујна? - Ниту еден, нека готви курвата во темница. (484)
Колку шумари се потребни да заменат сијалица? - Одговор: Сијалицата уште не е пронајдена. (1000)
-Колку? -Пет. -Што пет? -А што колку? (264)
Командирот на станицата во ноќно време го гледа некој џандар гол на работа и му пришол и му вика: к: Колега зар вака ли се оди на работа? џ: Командире можам да ви објаснам што се случи и зашто сум гол. к: Ајде...! џ: Епа вака бев на журка и се собравме цело друштво и после тоа некоја девојка рече „сите машки соблечете се“ и видов сите се соблекоа и ја се соблеков и после рече некоја „сите женски соблечете се“ и сите се соблекоа и после некоја од таму го изгаси светлото и рече „е сега мажи на работа“, и еве јас дојдов.... (1009)
Комшивката му вика на малиот Трпе. - Знаеш дека го видов денес татко ти во школо? - Знам, го викна учителката да се жали од мене. - И што бидна? - Ништо, сега ја викна мајка ми да се жали од татко ми! (926)
-Конкурирате за работното место "ѓубреџија". Какво искуство имате со собирање на ѓубре? -На некој начин, имам големо искуство. Повеќепати се женев! (147)
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот. По некое време, кралицата рекла: - Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму. Завртила, разговарала 5 минути и го прашала ѓаволот колку должи. - Пет милиони фунти, рекол тој. Елизабета напишала чек и му го дала. По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска: - Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене! Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, ѓаволот му рекол 10 милиони долари. Овој напишал чек и се смирил. Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал: - И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите! Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел... го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал: - Колку дужам? - Десет денари, рекол ѓаволот. - Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари, а јас за два саата само 10 денари? - Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик. (942)
Купил Трпе вијагра и отрчал кај Трпана. Брзо почнал да се соблекува, почнала и Трпана ама во меѓувреме му паднал. - Што ти се случи бе Трпе? - Те препозна! (869)
Купил Трпе од пазарче пиле, се вратил дома и и рекол на Трпана: - Ајде сега Трпано да свариш една убава рибја чорба од ова младо пиле. - Што ти е бе тебе Трпе, како да направам рибја чорба од пиле? - Така фино, па кога може оние таму да прават пиво од даб, зошто и ти да не може да направиш рибја чорба од пиле! (1062)
Ќерката ја прашува мајката: - Како е да имаш прв секс? - Па ќерко, тоа ти е исто кога ти се клати заб! - Е како тоа мамо, не разбирам? - Па ќерко, чувствуваш болка, а не сакаш да ти го извадат! (1273)
Ќерката станува полнолетна, па мајката ја советува пред излегување: -Сега мозеш да најдеш дечко, но мора да внимаваш на некои работи: кога ќе најдеш некој да ти се допаѓа, тој мора како прво да биде штедлив, како второ да биде глупав и како трето не смее да биде некој заводник, кој си го истрошил алатот на други жени. И отишла ќерката и наредниот ден и раскажува на мајка си: -Мамо, веднаш најдов баш онаков каков што ме советуваше. Ми приоѓа еден, ме фати за рака и ме одведе во хотел. И наместо да земе двокреветна соба, тој зема еднокреветна-значи дека е штедлив.Потоа, наместо да ми ја стави перницата под глава, тој ми ја стави под газот-значи дека е глупав. И на крај, мамо, го извади алатот, а тој потполно нов, во целофан, неотпакуван... (736)
Лавот како цар на животните наредил во неговата шума да не се пуши трева. Шетал така лавот низ шумата и дошол до езерото кога видел како од водата излегуваат меурчиња. Ја брцнал шепата во вода, напипал уши, и кога што да види, зајкото со цигара во рака. -Ти мене не ме слушаш, сега ќе видиш. -Те молам лаву, не знаев дека тоа важи и за нас рибите! (965)
Лежат Трпе и Трпана во кревет и по долго размислување Трпе ја прашува Трпана: - Кажи ми искрено, дали сум ти прв со кој си спиела? - Да бе Трпе! Со другите бев будна цела ноќ. (1256)
Лекарска експедиција на Кавказ се обидувала да ја открие тајната на долговечноста. Сретнале некој старец и го прашале: -Како го поминавте животот? -Во умерена храна и алкохол, без цигари, без стресови и само со една жена. -А колку години имате? -112. Сретнале друг човек на лик постар и му го поставиле истото прашање. -Јас живеам на планина. Со малку храна, без цигари и алкохол, без жени. -Аколку години имате? -121. Кон крајот на истражувањето, го сретнале на лик најстариот човек што го виделе во животот. И нему му го поставиле истото прашање. -Е јас животот го минувам во кафеани. Јадам изобилно а пијам уште повеќе. Пушам колку за тројца а имам жени колку за петмина. -Аколку години имате? -45. (231)
Жената му вели на мажот: - Леле колку сум среќна што се врати! - Што така? - Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката. (657)
-Леле колку сум среќна што се врати - му рекла жената на мажот. -Зошто бре жено? - се чудел мажот. -На радио кажаа дека некој идиот одлетал со автомобилот во бездна. (150)
-Леле, леле, отиде БМВ-то, вратата е оштетена, крилото гребнато ... и страничното огледало, леле, леле, - кука некој адвокат кој со својот автомбил учествувал во една сообраќајка. На полицаецот кој што вршел увид на сообраќаката, му се смачило и му вели на адвокатот. -Зошто вие адвокатите сте толкави материјалисти. Цело време кукаш за твоето БМВ, а не гледаш дека левата рака тие е повредена и крвари. ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ, - повикал адвокатот гледајки во својата лева рака - КАДЕ МИ Е ЧАСОВНИКОТ? (168)
Лепрозен ебел сидаш. Сидашот му вика: - Знаеш дека имам сида? - Нема везе и онака цел ми остана кај тебе. (776)
Лета мува и среќава комарец што си го лади патлакот во една капка роса. - Што правиш тука бе? - А, мори муво, искрено речено, сакав да ја силувам светулката во темницава, ама тоа цигара да ти било! (870)
Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика: - Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран. - У право си - вика Србинот, грабнува еден падобран, му го дава на Словенецот и овој скока. - Шо прајме сега, ние сме двајца, а само еден падобран - прашува Македонецот. А Србинот одговара: - Не бери гајле, имаме два падобрана. На Словенецот му дадов празна торба, он е паметен, до доле ќе смисли нешто. (746)
Ловџијата пукнал во мечокот и утнал. Додека се чудел зошто утнал, некој го удрил нежно по рамото. Се завртел и го видел мечокот. -Бирај - му рекол мечокот - или ќе те изедам или партија секс? Ловџијата не сакал да умре. Сепак, сакал да се освети па затоа дошол и следниот викенд во лов. Но се случило истото. Кога тоа се повторило уште неколку пати, мечокот, како интимен пријател го прашал ловџијата: -Кажи... ама искрено... веќе не ти е до лов! (233)
Љубоморната русокоса Митра, која што го уловила сопругот во прегратка на друга жена, го извадила пиштолот од ташната и го вперила кон својата слепоочница. -Драга немој - повикал очајно сопругот. -Замолчи - низ заби промрморела Митра - ти си следениот што ќе умре денес. (58)
Љубопитниот дедо, откако го видел вибраторот во собата на внуката, ја прашал што е тоа. Таа му одговорила: -Знаеш дедо... Имам многу работни обврски, грда сум и дебела... тешко се доаѓа до маж. Ова е замена за маж. Утредента, кога внуката се вратила од работа, го нашла дедото како пие кафе. На масата до кафето стоел вибраторот, па го прашала дедото што прави. -Еве - рекол дедото - пијам кафе со зетот! (148)
Магарето и мечокот се договориле да се дупат. И прво мечокот го дупел магарето. Го дупел, го дупел и при крај му вика,ај магарче помешај малце да свршам. И магарево помешало малце и мечокот свршил. Се смениле и почнало магарево да го дупи мечокот. Го дупи го дупи и при крај му вика,ај сеа ти мечоку помешај малце јас да свршам. И мечокот вика. ај ама извади го малце укочен ми е вратот! (754)
Маж и жена во кола ги запира полицаец. Полицаец: Дозвола и сообраќајна ќе ве молам. Маж: Дали има некој проблем, полицаецу? Полицаец: Ве фатив на радар како возите со 80 километри на час. Маж: Сигурно е некоја грешка, јас возев со само 60. Жена: Ах, Трпе, возеше најмалку 75! Полицаец: Исто така, задното светло не ви работи. Маж: Но, јас не знаев за тоа. Жена: Трпе не зафркавај, знаеш веќе два месеци. Полицаец: А, забележав и дека го немате врзано појасот. Маж: Ама неее полицаецу, јас сега го откачив, додека вие доаѓавте накај колата. Жена: Трпе, но ти никогаш не го врзуваш појасот. Маж: Слушај мори глупава гуско, одма да си ја затнала муцката или... Полицаец: Госпоѓо, дали тој секогаш вака ви се обраќа? Жена: Само кога е пијан. (13)
Маж и жена живеат на пуст остров многу години. Еден ден уште еден маж доживува бродолом и доаѓа на островот. Мажот и жената се пресреќни поради неговото доаѓање, зашто ќе можат да дежураат на смени, па така нема да може да помине брод, а тие да не го видат. Првата вечер новодојденецот се качува на дрво и пази, а овие седат под него. Понекое време тој им викнува: - Еј, без ебење! - Не се ебеме - велат тие и продолжуваат. После пет минути пак им вика: -Еј, без ебење! Овие пак викаат: - А бе, не се ебеме! И, така уште дваесет пати, додека не му поминува смената. Потоа другиот маж оди да дежура. Само што се качува, другиве двајца почнуваат да сесексаат како никогаш во животот. Овој ги гледа и збунето си коментираво себе: - Од овде стварно личи како да се ебат. (849)
Маж и жена пред развод одлучуваат да посетат брачен советник и тој ги прашува: - Добро сега, кажете ми во што е проблемот? Жената одговара: - Маж ми пати од прерана ејакулација. Советникот се врти накај мажот: - Вистина е ова??? Мажот одговара: - Па не баш. Она пати, не јас. (703)
Маж и жена се возат со кола и едно време женава вика: - Мажу, морам да ти признам дека имам врска со твојот најдобар другар и дека сакам развод ! Мажот си преќутел и додал гас. По една минута молчење женава пак му вика: - Сакам децата јас да ги земам. Мажот пак ништо не рекол и само додал уште гас... - И сакам куќата јас да ја земам. Мажот пак преќутел и уште убрзал. По некое време женава зачудено го прашува: - Добро, јас кажав што сакам, ти ништо ли не сакаш ? Мажот уште додал гас насочувајќи се кон една карпа и и вика: - Не, се што ми треба си имам овде пред мене. -рекол мажот - Не те разбирам, што е тоа ? - Аирбег !!! - Рекол мажот удирајки во карпата (545)
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Сестемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената надолниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон жената, ја разбудил и рекол: - Извини што те будам, но дали би можела да ми дадеш уште едно ќебе. Многу ми студи. Жената го погледнала со сјај во очите и му рекла: - Јас имам подобра идеја! Ајде да се преправаме дека сме маж и жена. "Уф, супер. Ќе падне секс вечерва" - си помислил мажот. - Важи - рекол. - Добро. Мрш сам да си земеш ќебе, ѓубре едно! Јас тебе слугинка сум ти?! (848)
Маж, кој имал проблеми со својата машкост, а кој се сеќавал на подобрите времиња, побарал помош од лекар. Лекарот, по извршените анализи, му вели на мажот: -Жалам, прекумерната употреба во последните 30 години си го направила своето. Ти преостануваат уште 30-тина ерекции. Депримиран, мажот и го кажал истото на сопругата. -Ох, не! - извикала сопругата разочарано. - Само уште триесет пати. Мора рационално да се распоредат. Да се направи добар распоред. -Распоредот е веќе направен, само што на него го нема твоето име - рекол мажот. (59)
Мажот и вели на жената: -Жал ми е веќе да те гледам... цел ден работиш и се мачиш... затвори ја вратата од кујната. (156)
Мажот и вика на плавушата. -Ја стави ли колата во гаража? -Не! -Зошто? -Многу е темно неможам да ги соберам сите делови! (411)
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената: -Замисли ја загубив венчалната бурма. -Како можеше да ја загубиш? -Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот? (626)
Мажот, како што велел за "статистички" потреби, после секое водење љубов со жена си, ставал во една штедна касичка од гипс по една метална паричка. Кога касичката се наполнила, решил мажот да ја види "статистиката". Ја скршил касичката и останал зачуден од големиот број на хартиени банкноти од 50 и 100 денари. -Што е ова? - ја прашал жена си. -Тоа што гледаш. Не се сите циции како тебе - одговорила таа. (57)
Мажот, секоја вечер се враќал дома пијан. Решила жена му да му се приклучи. Така, отишле заедно во кафена. Вообичаено, тој порачувал пијалок по пијалок. Жена му го следела до шестиот пијалок, после што згадено изјавила: -Ова е гадно... ова не е нормално. -Аааааа - рекол мажот. - Да видиш како ми е мене секоја вечер! (140)
Мажот: Зошто никогаш не можам да забележам на твоето лице љубовно сладострастие? Жената: Затоа што никогаш не си дома кога тоа се случува. (61)
Мајка и син стојат пред излог со скапоцени бунди. - Ах, колку би сакала една ваква бунда!? - Мамо, не се секирај, тато ќе ти ја купи! - Е сине, сине, да го чекав татко ти и тебе ќе те немав! (628)
Мајка му го бања малиот Трпе. Овој си ги пипа јајценцата: - Мамо, мамо, ова ми е мозокот!? - Се уште не, сине! (1069)
Мајка му на Цветко го прашува: - Да не си ја видел мојата цедалка? - Да, ја фрлив. Полна беше со дупки. (277)
Мајката го буди синот. - Станувај сине време е да одиш на школо. - Остај ме на мира денес не одам во школо. - Е како не одиш, имаш причина за тоа. - Да ме мрзат учениците а богами и професорите. После пола саат мајкава пак. - Ај станувај мора да одиш. - Е зошто морам? - Зошто имаш 52 години и си директор на училиштето! (686)
Мајката го советува синот, сине ти си голем веќе ќе мора да си најдеш девојче за жена, денес жените се бог да чува, ич не се домакинки, за да дознаеш која е домакинка ќе ги соблечеш гаќите и ќе ја прашаш што е ова ако знае батали ја, ако не знае донеси ја дома да ја запознаеме. И така синот фаќа една женска, ги соблекува гаќите и ја прашува што е ова, а она му вика кур, ништо, ја откачува, фаќа друга и пак исто му одговара.. и така неколку пати фаќа уште една и ја прашува што е ова, она гледа гледа гледа и дига раменици, не знае. Еее супер, сега те носам дома кај моите да те запознаам, ти си вистинска домаќинка. И ја носи така до дома и вика, знаеш, тоа што го виде беше кур, а женската зачудено го гледа и му вика: Тоа кур??? Пхахахахаха!!!! (728)
Мајката ја советува ќерката: - И добро запамети, со својот иден сопруг не смееш да бидеш интимна пред бракот, разбра!? - Да, само не ми е јасно зошто само со него? (1266)
Мајката на Славко го прашува Славко: - Славко го поправи ли кецот по математика? - Не бе мамо, професорката ми го напишала со пенкало! (649)
Мајката си доаѓа од работа и синот и вели: - Мамо, мамо бато се обеси во дневната... - Што?!?! - Априлили, не се обеси во дневната туку во кујната! (786)
-Мајсторе, треба ли да се вади карта за цвеќе? -Не. Вртејки се назад довикува: -Розо, влегувај. (265)
Македонска делегација на чело со Никола Груевски заминала во посета на Кина. На аеродромот во Пекинг го пречекал кинескиот претедател и им рекол: - Сега баш зборувавме за популацијата кај вас, кажете ми колку жители има Македонија? На тоа Груевски гордо им одговара: - 2 милиони. На тоа претседателот им рекол - Ееееее, па што не дојдовте сите? (1144)
Малиот Игорче прашува трудна жена: - Што е тоа во твојот стомак? - Моето бебе. - А го сакаш? - Да, многу? - Па што си го изела тогаш?! (19)
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет. - Како беше сине? - го прашува мајка му. - Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа. (18)