Пословица |
Број |
|
10523 |
А ага и чалма не бива. |
6631 |
А ага и чалма не може, прво ага после чалма. |
8675 |
А бидам зет ушче еднош, знъм како да гувјам. |
9478 |
А вјавни, а бодни не бидуат, треби да клаиш нога на ѕенгија. |
8676 |
А јагнето блејт, а цицат. |
9537 |
А легнала а заспала. |
10128 |
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето. |
2 |
А царица а магарица епи си бир. |
10129 |
Ај без пари си бил, ај без ум си бил. |
3 |
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е. |
4 |
Ај нему си му зборвал, ај на дрво. |
5 |
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит. |
6 |
Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор. |
7 |
Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик. |
8 |
Ајдук земја не отима. |
6632 |
Ајдукот ајдук фаќа. |
10130 |
Ајдутин од ајдутин се плашит. |
9 |
Ајдутин, ајдутин фашча. |
6633 |
Ак'л ми не даве, пари ми дај. |
6634 |
Ак'л ни за две пари. |
6635 |
Ак'ло му гледе, та му капа крој. |
6636 |
Ак'ло сос пари не се купува, ами се печали. |
6637 |
Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал. |
40 |
Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше. |
41 |
Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив. |
42 |
Ако арно прајме, арно ќе остајме. |
10 |
Ако баба биде моме, понапред дедо ќе биде ергенин. |
8678 |
Ако баба лаже, трап не лаже. |
6638 |
Ако бабата е умрела, лажите не е однела. |
6639 |
Ако бараш беља, лесно ќе си ја најдеш. |
10131 |
Ако бегаш од арно, че паднеш на зло. |
8679 |
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше. |
11 |
Ако беше добро да се има брат, и Господ ќе имаше. |
10132 |
Ако би змија да е, ама од срце да е. |
10133 |
Ако би знаел куга ќе умра, гробо сам ќе си ископам. |
6640 |
Ако бидам невеста уште еднаш, знам јас како да гувеам. |
8680 |
Ако бидеш мост, секој ќе те газе. |
8681 |
Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат. |
12 |
Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си. |
8682 |
Ако бумбаро збира мед, ногу ќе собере. |
6641 |
Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша. |
13 |
Ако газот лаже, лицето не лаже. |
10134 |
Ако го ватиш пријател камилџијата, брго прај ја повисоко портата. |
9638 |
Ако го гледаш с едното око, он ќе те гледа и сос двете. |
6642 |
Ако го менал рувото, ама табиетот не. |
14 |
Ако го мразиш детето, поштеди го од стапче. |
10135 |
Ако го мрса ножот да го мрса на крмник, а не на заек. |
8683 |
Ако го најш попот, ќе је најш и попаѓата. |
15 |
Ако го пуштиш под кревет, ќе ти се качи на кревет. |
9639 |
Ако го пушчиш под одаро, ќе се качи на одаро. |
6643 |
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата. |
16 |
Ако гости примаш и чес ќе имаш. |
9576 |
Ако да знаев кога ќе умрев, сам гробот ќе си го ископав. |
3992 |
Ако даваш и ќе земаш. |
10136 |
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата. |
3993 |
Ако даиш со раце, ќе го бараш со нозе. |
3994 |
Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт. |
17 |
Ако дојде ти да прогориш, та тој. |
18 |
Ако е ајнаџија, не е аџија. |
6644 |
Ако е арен, одведи си го дома. |
6645 |
Ако е аџија, ама да не ет ајнаџија. |
3995 |
Ако е баба умрела, лажите не ги однела. |
10137 |
Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?! |
8684 |
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело. |
19 |
Ако е директор, не е бог. |
6646 |
Ако е добар косачот и косата е добра. |
10138 |
Ако е за фајде, доста е. |
20 |
Ако е за џабе и киселината е убава за пиење. |
10139 |
Ако е зет, не е и магаре. |
10140 |
Ако е изеден зелнико, тепцијата стои. |
8685 |
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет. |
21 |
Ако е јунак, нека излезит на мегдан. |
22 |
Ако е колиба - наша е. |
23 |
Ако е куќата мала, ама да има пиење и веселба. |
3996 |
Ако е кус денот, дълга е годината. |
24 |
Ако е куска нека е нова. |
8686 |
Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица. |
3997 |
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет. |
25 |
Ако е мома, нека си седи дома. |
6647 |
Ако е мрсно, нека е свинско. |
6648 |
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит. |
26 |
Ако е налутен, кој му е втесен. |
3998 |
Ако е некој будала, не биди му другар. |
27 |
Ако е некој будала, не прави се и ти. |
10141 |
Ако е некој магаре, секој ќе го јава. |
10142 |
Ако е некој улав, не биди му другар. |
3999 |
Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко. |
28 |
Ако е оцедо без пари, он е посладок и од медо. |
9640 |
Ако е Петко ќор, децата му се опулени. |
29 |
Ако е пишано не може да се распише. |
10090 |
Ако е пишано, да се отпише. |
10143 |
Ако е познавач, нека познава за себе, а не за друг. |
6649 |
Ако е празна торбата, ќе биде празно и вашето водениче. |
10091 |
Ако е пријатело мед, не го изедуве цалие. |
6650 |
Ако е речено, да се одречи. |
10144 |
Ако е свинско, нека е дебело. |
8687 |
Ако е секој господин, не ќе има кој да работи. |
10145 |
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде. |
6651 |
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит. |
30 |
Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце. |
6652 |
Ако е стар, не ќе му го вариш месото. |
31 |
Ако е тесно, ама нека е бесно. |
4000 |
Ако е тесно, не е бесно. |
6654 |
Ако е умрел, неговата дупка е нап'нил. |
6653 |
Ако е цар, не е господ. |
32 |
Ако е цар, не носит две глај. |
33 |
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав. |
34 |
Ако е чича ти кум, ти ќе си старек. |
6655 |
Ако е човек кус на панталони, ќе му и наддадеш, ама ако е кус на ак'ло, не мож да му додадеш. |
6656 |
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав. |
4001 |
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце. |
4002 |
Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придаиш; ама ако е од умот — не можиш. |
4003 |
Ако е чорбаџија, не е господ. |
6657 |
Ако еден будала фрлат камен в бунар, сто паметни не можат да го извадат. |
9641 |
Ако еден петел не пропее, пак ќе се раздени. |
10146 |
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш. |
35 |
Ако зелќи не донесох, баре земја видох. |
6658 |
Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит со опашката. |
36 |
Ако зимата не къснит, ќе клоцнит. |
37 |
Ако зинит, ќе те гълтнит. |
38 |
Ако знеш да играш фати се на оро. |
8688 |
Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме. |
39 |
Ако и газиш на змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат. |
9642 |
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа. |
4004 |
Ако и слушаше Господ кучињата, пастрма ќе врнеше. |
9643 |
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата. |
43 |
Ако има в кацата, ќе има и в тавата. |
6661 |
Ако има вадеж, ќе има и јадеж. |
6659 |
Ако има век, ќе има и лек. |
6660 |
Ако има масло, и папрата манџа бидуат. |
4006 |
Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде. |
4007 |
Ако има ув гуша, има и душа. |
8689 |
Ако имав среќа, не ќе бев сиромав. |
10147 |
Ако имам со што, немам во што. |
10122 |
Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата. |
44 |
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек. |
45 |
Ако имат некаде поарно, викај ме и мене. |
9644 |
Ако имате вештачки вилици, не покажувајте ги забите. |
10148 |
Ако имаш верни пријатели, ќе имаш и пари. |
4008 |
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп. |
46 |
Ако имаш вуќа владика, ќе станеш поп. |
6662 |
Ако имаш касмет, ќе имаш и бериќет. |
10149 |
Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет. |
49 |
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина. |
47 |
Ако имаш маша, не ваќај го огно со рака. |
4009 |
Ако имаш маша, не гори ги си рацете. |
10150 |
Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка. |
48 |
Ако имаш ногу пари, фати се ќефил, а ако немаш работа, оди за сведок. |
6663 |
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши дури е брго, оставај. |
4010 |
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши, дури е брго, оставај. |
4011 |
Ако имаше Иглика касмет, ќе земеше владика. |
8690 |
Ако искаш да остарееш купи си овци. |
8691 |
Ако ја згазиш змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат. |
4013 |
Ако ја менал капата, не си го менал умот. |
50 |
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен. |
4015 |
Ако је мома, нека си седи дома. |
8692 |
Ако је служиш на парата, си најсиромав. |
51 |
Ако коза лаже, рог не лаже. |
10151 |
Ако козата мами, рогот не мами. |
10152 |
Ако кучката не ја крене опашката, кучињата не одат по неа. |
10153 |
Ако лагата осамне, мракот не ја чека. |
10154 |
Ако лаже, тој и краде. |
10155 |
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија. |
52 |
Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него. |
53 |
Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна. |
54 |
Ако ме мъме, те мъмам. |
55 |
Ако ме неќат стреде во рај, нека ме сакаат на крај. |
4016 |
Ако мелеш, ќе месиш. |
6665 |
Ако месечината не огрее, и од ѕвездите нема фајда. |
6666 |
Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите. |
56 |
Ако ми биеш сенката, кога не ми биеш снагата. |
4017 |
Ако ми бркнеш в очите, ќе ти бркна и јас. |
6667 |
Ако ми газиш на стапалките, на ксметот не можеш. |
10156 |
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката. |
4018 |
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја свршам работата. |
4019 |
Ако ми е крив оџако, кога ми излегуа напрао чадот. |
4020 |
Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш. |
57 |
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам. |
58 |
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет. |
59 |
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа. |
60 |
Ако ми попредиш, ќе ти поткам. |
61 |
Ако ми стапнеш на стапката, касмето не мож да ми настапиш. |
6670 |
Ако ми ти е мила, нека ми ти е жива. |
10093 |
Ако мирно седела, не би чудо видела. |
6668 |
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај. |
6669 |
Ако мислиш оти просото ќе го исколфаа пилишчата, не го сеј. |
8693 |
Ако можеш да правиш добро, не прави лошо. |
8694 |
Ако можеш да трпиш, ко бег ќе си поминиш. |
10565 |
Ако можеш да трпиш, ко Бог ќе си поминиш. |
8695 |
Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш. |
62 |
Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката. |
63 |
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината. |
4021 |
Ако му дадеш педа, ќе ти бара цел аршин. |
9645 |
Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето. |
9646 |
Ако му е дујден часут - ки умре. |
8696 |
Ако му е за умирајне, пуд камен да ги кладиш па ки умре. |
8697 |
Ако му е цорно лицето, бело му е сорцето. |
10157 |
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата. |
4022 |
Ако му мислиш лошо на братот, ќе ти дојт на вратот. |
10158 |
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено. |
6671 |
Ако на еден не му се стемни, на друг нема да му осамне. |
10092 |
Ако на магарето не може да удре, на самаро ќе удре. |
9647 |
Ако на младост ништо не си собирал, на старост ништо нема да најдеш. |
9648 |
Ако најдеш некаде поарно, викај ме и мене. |
6672 |
Ако направиш манастир, тури му и врата. |
6673 |
Ако научиш да плачеш, ќе знаеш и како да се смееш. |
9649 |
Ако не 'и арџеше чоек парите што 'и вадеше, калдрма од нив ќе напраеше. |
4027 |
Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата. |
4023 |
Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја. |
64 |
Ако не биде сос молба, ќе биде сос борба. |
6674 |
Ако не вервиш, оди број. |
65 |
Ако не во тиква, нека е во црпка. |
4024 |
Ако не врни, барем нека капи. |
4025 |
Ако не врнит, барем ќе капит. |
8698 |
Ако не врнит, ќе капит. |
66 |
Ако не дајш труд, ќе јадиш леб и лук. |
9580 |
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але. |
67 |
Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш. |
68 |
Ако не е лажа, верно е. |
6675 |
Ако не жнееш, нема да вееш. |
6676 |
Ако не заврне дожд, нека падне и град. |
9579 |
Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја. |
4026 |
Ако не знае на гајда, ти дај му тапан. |
10159 |
Ако не знаеш да лажеш, немој ни да крадеш. |
6677 |
Ако не знаеш на попадија да бркнеш под фустата, ќе бркнеш на попо вов гашчите. |
6678 |
Ако не знаеш шчо е убаво, пите шчо е скапо. |
6679 |
Ако не знаеш, немој да се каеш. |
9584 |
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш. |
69 |
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов. |
4028 |
Ако не ми беа очиве да видам, можеше и да се излажам. |
4029 |
Ако не ми помогвиш, не одмогви ми. |
70 |
Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се. |
4030 |
Ако не ми шиеш, не парај ми. |
10160 |
Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш. |
8699 |
Ако не можеш еден оѓин да изгасиш, не го ни разгоруве. |
6684 |
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит. |
4031 |
Ако не можиш да праеш добро, не прај лошо. |
10562 |
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен. |
71 |
Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка. |
72 |
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш. |
73 |
Ако не му беше носон, трева ќе пасеше. |
74 |
Ако не носиш старо, и ново нема да носиш. |
6685 |
Ако не ојш кај лекарот, ќе ојш кај попот. |
10161 |
Ако не остане, нема да стигне. |
6686 |
Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат. |
8700 |
Ако не прднеш, не смрди. |
10162 |
Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци. |
6687 |
Ако не раниш пцета, ќе раниш в'ци. |
6688 |
Ако не расипеше, неќе да научеше. |
6689 |
Ако не садиш, не јадиш. |
10567 |
Ако не се истури, не мож да се нап'ни. |
6690 |
Ако не се учит, не мојт да се научит. |
75 |
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот. |
8701 |
Ако не си за себе, за друг ич не си. |
10163 |
Ако не си и отвараш, друг ќе ти и отвори. |
6691 |
Ако не си со мене, си против мене. |
10094 |
Ако не спотнеш, нема и што да голтнеш. |
9582 |
Ако не спотниш немаш, ако спотниш ќе имаш. |
10563 |
Ако не стапиш вов оѓине, неќеш да се изгориш. |
6692 |
Ако не сум личен, сум чесен. |
76 |
Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш. |
77 |
Ако не тече, барем да капе. |
6693 |
Ако не трапаш, не лапаш. |
8702 |
Ако не трга оџакот, ќе трга домаќинката. |
10164 |
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит. |
78 |
Ако не умре у краставици, ќе умре у тикви. |
9650 |
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него. |
79 |
Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него. |
80 |
Ако некој те гледа со едно око, ти гледај го со две. |
10165 |
Ако некоја овца се деле од булукот, неа волкот ќе ја изеде. |
10166 |
Ако нема дрва, оѓине не гори. |
6680 |
Ако нема јадеж, не требаше и вадеж. |
4033 |
Ако нема момица, арна е и довица. |
6681 |
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено. |
4034 |
Ако нема прашување, нема ни кажување. |
10167 |
Ако немат мрша, не се берет галој. |
81 |
Ако немаш вов главата, ќе имаш вов петите. |
6682 |
Ако немаш пари, и жената не те чести. |
4035 |
Ако немаш пари, не барај од стари. |
9577 |
Ако немаш, ќе те кудат, ако имаш, ќе ти завидуваат. |
10168 |
Ако немаше тевнина, немаше да се милува виделина. |
6683 |
Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила. |
82 |
Ако немаше темница, ич не ќе се милуаше виделината. |
4036 |
Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа. |
4037 |
Ако нешто велиш, не одвелувај. |
10169 |
Ако нешто не почнеш, не можеш да завршиш. |
10170 |
Ако нешчо не разбираш, остај го. |
83 |
Ако ни го јаде месото, ќе ни ги остави коските. |
8703 |
Ако ногу знаеш, ќе те тепаа. |
6695 |
Ако ногу знаеш, ногу ќе знаеш. |
6694 |
Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек. |
6696 |
Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал. |
8704 |
Ако од секое дрво бива сворче, од мое куре кавал. |
6697 |
Ако од секое дрво свирче се правеше, од магарешкиот кур сурла ќе бидеше. |
8649 |
Ако оиш по мува ќе те занесит на лајно. |
8705 |
Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш. |
84 |
Ако оставиш брада, ќе си купиш брич. |
10171 |
Ако оџако не тегли, ти ќе теглиш. |
6698 |
Ако оџакот е крив, чадот ојт прау. |
85 |
Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена. |
4038 |
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам. |
4039 |
Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам. |
4040 |
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена. |
86 |
Ако падниш, падни од мъж, а не од жена. |
87 |
Ако палтото е мусо, само да не е кусо. |
9578 |
Ако пестиш, работиш и учиш, ќе имаш, ќе вредиш и ќе можеш. |
6699 |
Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо. |
4041 |
Ако пиеш, умот да не си го пиеш. |
8706 |
Ако пијам, за мој пари пијам. |
88 |
Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите. |
8707 |
Ако поможиш, ќе ти поможет. |
89 |
Ако посадиш, ќе копаш. |
6700 |
Ако посееш, ќе жниеш. |
6701 |
Ако правдата не помогнува, кривдата не може. |
10172 |
Ако правината не ни поможи, зер кривината ќе ни поможит. |
4042 |
Ако правиш манастир, тури му и врата. |
6702 |
Ако праината не поможит, кривината никогаш. |
90 |
Ако прднеш, ќе речат посрал си се. |
6703 |
Ако пријателот ти е од мед, не го јади целиот. |
8579 |
Ако работиш, ќе јадеш. |
6704 |
Ако реков, дупка на небо не се отвори. |
91 |
Ако реков, не пресеков. |
92 |
Ако рекол господ, да одречит. |
93 |
Ако рекох, не отсекох. |
6705 |
Ако сака Господ, се ќе биде. |
10173 |
Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам. |
4043 |
Ако сака камено, нека пука од горештина, јас ќе траам. |
4044 |
Ако сакаш голема лажица земи и голема мотика. |
8617 |
Ако сакаш да го отепаат некој пес, речи оти е од бес. |
4045 |
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш. |
94 |
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го. |
95 |
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го големец. |
96 |
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него. |
97 |
Ако сам рекол, не сам отсекол. |
8708 |
Ако сам селјак, не сам акмак. |
6706 |
Ако сам црн, не сам Циганин. |
6707 |
Ако се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше. |
4046 |
Ако се боеше дедо од прахците, момпир не ќе да садеше. |
6708 |
Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш. |
4047 |
Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш. |
4048 |
Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани. |
4049 |
Ако се вардиш и Господ ќе те варди. |
10174 |
Ако се забаит, ама да не се забораит. |
4050 |
Ако се изгоре на млекото ќе дува и на потквасо. |
8709 |
Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит. |
98 |
Ако се јадеше, не ќе висеше. |
99 |
Ако се лути нека се собуе. |
8710 |
Ако се лути, брго ќе се одлути. |
4051 |
Ако се лути, на попо. |
10561 |
Ако се лути, нека го лупи. |
4052 |
Ако се лути, нека се напие троа киселина и ќе се одлути. |
4053 |
Ако се мрсиш, омрси се сос сирење, а не сос урда. |
6709 |
Ако се налути сам, сам ќе се одлути. |
4054 |
Ако се налути, бестрага нека ватит. |
4055 |
Ако се направиш овца, секој ќе те стриже. |
6710 |
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш. |
4056 |
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено. |
4057 |
Ако се плаша од снего, нема да зазима. |
6711 |
Ако се плашам од бијол, не и од лепешката. |
100 |
Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо. |
101 |
Ако се плаши орачот од врапците не сее просо. |
8711 |
Ако се правиш овца секој ќе те стриже. |
10175 |
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар. |
102 |
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет. |
103 |
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит. |
4058 |
Ако се страмиш остани си гладен. |
8712 |
Ако си биеш жената, биеш си главата. |
6712 |
Ако си благ като мед, и мушиците по теб ќе се налепат. |
6713 |
Ако си богат, не значи дека си Бог. |
10176 |
Ако си богат, секому си крив. |
10177 |
Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе. |
104 |
Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит. |
105 |
Ако си кељав, не седи гологлав. |
4059 |
Ако си лоша мома, седи си дома. |
9587 |
Ако си мед, и глувците ќе те јадат. |
6714 |
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед. |
8713 |
Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер. |
6715 |
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато? |
4060 |
Ако си мома, седи си дома. |
4061 |
Ако си мост, секој ќе те газит. |
106 |
Ако си мост, секој преку тебе ќе врвит. |
9651 |
Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме. |
107 |
Ако си нема немачка, не си слепа слепачка. |
108 |
Ако си овца волците ќе те најдат. |
8640 |
Ако си овца, секој ќе те стрижит. |
109 |
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата. |
110 |
Ако си помагаме еден други, и Господ ќе ни поможит. |
4062 |
Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит. |
111 |
Ако си посеал, ќе пожнеш. |
9652 |
Ако си постелиш, ќе легниш. |
112 |
Ако си сиромав, барем не биди мрсулав. |
4063 |
Ако си сиромав, не биди мрсуљав. |
113 |
Ако си сиромав, не токми се со богат. |
4064 |
Ако си чупа, седи си дома. |
10568 |
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет. |
114 |
Ако слушаш ќе те слушаат. |
8714 |
Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри. |
115 |
Ако сме денес утре не сме. |
8715 |
Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле. |
116 |
Ако снема чавки, ќе снема и кокошки. |
4065 |
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи. |
6716 |
Ако срцето за љубов ти збори, не дај му да гори. |
9588 |
Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот. |
117 |
Ако сум остарел, кумот не остарел. |
10178 |
Ако сум парталав, сум чесен. |
118 |
Ако сум помак, не сум авмак. |
119 |
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум. |
120 |
Ако сум ти жена, не сум ти робинка. |
121 |
Ако сум црн, не сум Еѓуптин. |
122 |
Ако те боли забот, не седи под дабот. |
9581 |
Ако те лажам да не осунам. |
8716 |
Ако те неќат в кашчи, плевната гас дава за тебе. |
6717 |
Ако те удри некој со камен, ти удри го со леб, така рекол Христос. |
4066 |
Ако ти даваа, зимај. |
6718 |
Ако ти дадох кравата, не ти дадох и Черлија. |
6719 |
Ако ти е арен комшијата, арен ти е и живото. |
6720 |
Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата. |
4067 |
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина. |
4068 |
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба. |
4069 |
Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото. |
123 |
Ако ти е мъка, држи си го в ръка. |
124 |
Ако ти е пријатело мед или шеќер, не јади го сиот. |
4070 |
Ако ти е слаб ума, да ти е јак грба. |
9653 |
Ако ти е тебе мило, мене не ми е. |
125 |
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот. |
126 |
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат. |
4071 |
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село. |
127 |
Ако ти ме гледаш с едното, јас тебе и сос двете. |
6721 |
Ако ти ме гледаш со едното око, јас ќе те гледам со двете. |
4072 |
Ако ти на смеја си се женил, јас на смеја не сум се омъжила. |
128 |
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата. |
8717 |
Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана. |
129 |
Ако ти се фатит за пола, ќини ја полата. |
130 |
Ако ти фали капа можу да ти купу, ама ако ти фали акл е тој не можу. |
10078 |
Ако тис не се почешеш, друг ќе те дрпне. |
6722 |
Ако трапаш, ќе имаш и да лапаш. |
9583 |
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш. |
131 |
Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата. |
132 |
Ако трпиш, ко бег ќе живејш. |
133 |
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам. |
9585 |
Ако умрам зер векот ќе го сотрам. |
9654 |
Ако умрам, зер векот ќе го сотрам. |
4073 |
Ако умрам, сонцето пак ќе грее. |
10179 |
Ако фатиш богати пријатели, подготви повеќе трошоци. |
4074 |
Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе. |
8616 |
Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит. |
134 |
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог. |
4075 |
Акот на Ѓурговден. |
135 |
Акот на стопанот. |
136 |
Акот си оит у стопанот. |
4076 |
Ак’л с’пари не се купува. |
8677 |
Ал да имаш, ал да немаш. |
137 |
Ал има тој, што ја нема. |
4077 |
Ал на бојаџи. |
138 |
Ал со жена, ал без жена. |
4078 |
Ал со неја , ал без неја. |
139 |
Ал чвек да имат, ал да немат. |
140 |
Алал да ти е ко млеко мајчино. |
141 |
Алал да ти е млекото мајчино. |
142 |
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит. |
4079 |
Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов. |
143 |
Алашвереш да немаш со секого. |
10180 |
Алвата е слатка и без леб. |
6723 |
Алваџија за бозаџија. |
6724 |
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам. |
145 |
Али млад жени се, али млад калугери се. |
146 |
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата. |
4080 |
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба. |
4081 |
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани? |
147 |
Алија на мевот, Салија капа му крое. |
8718 |
Алиштата ако ти се издрпани, никој за богат не те есапи. |
4082 |
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав. |
4083 |
Аловито — вековито. |
6725 |
Алчното око по богатство трча. |
10181 |
Амин, господи, ама ногу е. |
6726 |
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче. |
6664 |
Ана барат мана. |
148 |
Ангел со опашка. |
149 |
Анѓел со рогој. |
150 |
Анѓелино, парај колче: ноќе везиш, дење параш. |
4084 |
Анета преде, а Павле меле. |
6727 |
Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет. |
151 |
Апетитот е скриен под забите. |
10182 |
Апсаана куќа необична. |
4085 |
Апсаана куќа сиромашка. |
4086 |
Арам дошло, арам пошло. |
10183 |
Арам дупка не знаит. |
4087 |
Арам му носија, алал му јадење. |
6728 |
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода. |
4089 |
Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса. |
4088 |
Арам стока спечалена, не оди до три појаса. |
10184 |
Арамија арамија ваќа. |
8719 |
Арамија од арамија не се страмуа. |
4090 |
Арамија од арамија разлика има. |
4091 |
Арамија со арамија си живуа и на заем си дава. |
4092 |
Арамија со скорни низ чаршија оди. |
4093 |
Арамија таткото, арамија и сино. |
4094 |
Арамијата арамија ваќа. |
4095 |
Арамијата и ноќе гледа, ама и од сенката се плаши. |
4096 |
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава. |
4097 |
Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види. |
4098 |
Арамијата сеедно кради, а богат или тргоец не можи да биди. |
4099 |
Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес. |
152 |
Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град. |
153 |
Арамја да си со умот, а не со ръката. |
154 |
Арамја од арамја ферк имат. |
155 |
Арамја со скорни. |
156 |
Арамјата арамја фашчат. |
157 |
Арамјата е бериќетлија колку барутот. |
158 |
Арамјата ја влечкат фортомата по себе. |
159 |
Арамјата ја клал глата в торба. |
160 |
Арамот секогаш си е арам. |
161 |
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит. |
162 |
Аргатот е болен, кога денот е голем. |
9586 |
Аргатсќи пари като ковачќи ваглење. |
6729 |
Аргацки пари — коачки јаглење. |
4100 |
Арен ак'л, ама малку пари чини. |
6730 |
Арен бијол, само рогојте му се кусо. |
163 |
Арен глас — златен појас. |
164 |
Арен грб не се плаши од самаре. |
6731 |
Арен е господ шчо не го држит. |
165 |
Арен е господ шчо не трпи. |
6732 |
Арен збор — златен кључ. |
166 |
Арен јунак со добра дружина. |
167 |
Арен комшија и од брат поголема фара. |
168 |
Арен кон и под парлав чул се познава. |
6733 |
Арен маж на збор не стоит. |
4101 |
Арен оѓин — пофална жена. |
6734 |
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена. |
6735 |
Арен си, арен ти камен на главата. |
6736 |
Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот. |
4102 |
Арен ти камен на главата. |
6737 |
Арен човек арно не вижџа. |
6738 |
Арен човек, арно нема. |
10564 |
Арижај ми, брате, това шчо не може. |
6739 |
Арјанот му е влезен. |
169 |
Арна дума железни порти отвара. |
6740 |
Арна капа — лоша глава. |
6742 |
Арна капа, ама лоша глава. |
8720 |
Арна ќуљафка му скроиле. |
170 |
Арна ле ти е жената, свадба не ти требе. |
6741 |
Арна мома рода нема. |
6743 |
Арна пролет — трева до глушчови колена. |
6744 |
Арна стока сама се познава. |
6745 |
Арната дума стига далеко, а лошата ошче подалеко. |
6746 |
Арната жена ет од Бога блаосовна. |
4103 |
Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен. |
171 |
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат. |
172 |
Арната работа се забат. |
173 |
Арната реч царската порта ја отварат. |
4104 |
Арната стока сама се продава. |
4105 |
Арната стока сама се продат. |
174 |
Арната стока секи пат си чини парата. |
9655 |
Арната стока секипат си чини парата. |
4106 |
Арнаутче знаит и друго патче. |
4107 |
Арни пријателје и од братја са помили. |
6751 |
Арние ага и двата вола поткарува. |
6747 |
Арние ден се познава по ѕаранта. |
6748 |
Арние јунак дома не си умира. |
6749 |
Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино. |
6750 |
Арнијт ден са познаве от ѕастрата. |
8721 |
Арниот збор железна врата отворат. |
175 |
Арниот збор и царска врата отворат. |
176 |
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку |
177 |
Арниот јунак дома не умират. |
178 |
Арниот јунак со дружина голема. |
4109 |
Арниот којн арен тоар носит. |
8722 |
Арниот коњ алал јади раната. |
4110 |
Арниот коњ и под лош мутав се познаат. |
4111 |
Арниот коњ стопана си од лошо го куртулисуат. |
4112 |
Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит. |
4113 |
Арните круши свињи 'и јадет. |
180 |
Арните круши свињите и јадат. |
4114 |
Арните пријатели од братјата се подобри. |
10566 |
Арните рабоке по кротко се прает. |
181 |
Арно братство, помило од богатство. |
182 |
Арно ѓубре — арен дом. |
6752 |
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава. |
4115 |
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава. |
8724 |
Арно е се да знаеш, ама не требе се да приш. |
6753 |
Арно е се да знаиш, ама не треби се да праиш. |
4116 |
Арно јади, ама и арно работи. |
6754 |
Арно каче — ама тече. |
6756 |
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел. |
184 |
Арно, лошо — врашча од маала. |
6755 |
Арното лето се познава по пролетта, арние ден по ѕаранта. |
6757 |
Арното на огниште, стоката на буниште. |
4118 |
Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око. |
4119 |
Арното секој го валит, ама секој не го држит. |
4120 |
Арното секој го фали, ама секој не го држи. |
6758 |
Арното секој го фалит, ама секој не го прајт. |
185 |
Арното семе арен род дава. |
10185 |
Арното си е секаде арно, а лошото — секаде лошо. |
6759 |
Арс'з човек сам се окажува. |
6760 |
Арсланицата едно рожџат, ама арслан. |
186 |
Асмалакот трае и до сто години. |
10186 |
Атерџика мома - мев до заби. |
8585 |
Атоите кога се клоцаат, магарињата одеваат. |
4121 |
Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат. |
4122 |
Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците. |
187 |
Ах боже, ако ме видиш в црква да ме ебеш. |
6762 |
Ах за челад, оф за челад. |
3989 |
Ах за чељад, оф од чељад. |
188 |
Аха, куга си вида тило. |
6761 |
Аџија лаж — ѓаол со опашка. |
4123 |
Баата гледаш, биволо не гледаш. |
6763 |
Баба баи, устата је зјаи. |
4124 |
Баба да ти бае, да ти по неа и ја. |
4125 |
Баба дала грош да се фати на оро, а два гроша за да се пушти. |
10187 |
Баба за круши не се лажит. |
4126 |
Баба за круши не се мажи. |
8725 |
Баба куга бае и сос уста знае. |
6764 |
Баба лажи - трап не лажи. |
8726 |
Баба мъмит, трап не мъмит. |
189 |
Баба шимија носи за да скрие бели коси. |
6765 |
Бабата кога бае и со устата зјае. |
4127 |
Бабата не ја гледа кофата, сакаш да види иглата. |
4128 |
Бавна дума брже оди. |
6766 |
Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна. |
6816 |
Багла бегири за плотот. |
190 |
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш. |
4129 |
Бадијала киселина од мед е послатка. |
4130 |
Бадијала киселина поблага е од мед. |
8727 |
Бадијала киселина, поблага (е) од мед. |
10123 |
Бадијала оди, но бадијала не стои. |
10188 |
Бадијала работи, бадијала не седи. |
4131 |
Бадијалџијата си бара бадијалџија. |
9656 |
Бадјала ќиселина поблага од мед. |
193 |
Бадјала работај, бадјала не седи. |
191 |
Бадјала ручег подувјат. |
192 |
Бало со ѓаол не се играт. |
194 |
Бањата сите и миет, а себеси не можи да се измие. |
4132 |
Бара јазол на ситото. |
10189 |
Бара колец во урдата. |
10190 |
Бара леб над погачата. |
10191 |
Барај ако сакаш да добиеш. |
9658 |
Барај го арниот пријател за да го најдиш. |
4133 |
Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само. |
4134 |
Барај го доброто и поземи и по небо. |
4135 |
Барај го доброто, и купи го скапо. |
4136 |
Барај го доброто, оти поскапо е од златото. |
4137 |
Барај да го најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат. |
4138 |
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка. |
4139 |
Барај късмед во работата, а не во надежта. |
195 |
Барај му 'и на даскал от назад парите. |
196 |
Барај работа, оти ако не работиш, ќе бидиш за страмота. |
4140 |
Барат беља со борина. |
197 |
Барат беља со пари. |
198 |
Барат влакно в јајце. |
199 |
Барат игла в плева. |
200 |
Барат сешчо ко трудна жена. |
201 |
Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите. |
202 |
Барут в оган не трает. |
8728 |
Барут и оган не се клавет едно до друго. |
203 |
Барут и оѓин на едно место не бива. |
6767 |
Бацни прачка, пиј вино. |
6768 |
Бачило од кокошки не се прави. |
8729 |
Бачило од свинки не се прајт. |
204 |
Башча и крвник бива. |
6769 |
Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел. |
6770 |
Бе плачи на чужди гроб. |
10590 |
Беб мака — нема ука. |
6780 |
Бега воло да не влези во јаремо. |
4141 |
Бега ле комшијата, поварке и ти. |
6774 |
Бегаа од дош удрија на град. |
8730 |
Бегај далеку од белезано нешчо. |
205 |
Бегај од жена оставена, и пиперка нак'сана. |
10192 |
Бегај од злото како Евреино од крсто. |
4142 |
Бегај од лошото додека не е дошло. |
6771 |
Бегај од пијан като и од улав. |
6772 |
Бегај од пијанио како од улаио. |
4143 |
Бегај од пијаницата, ниту оди му во куќата. |
4144 |
Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо. |
8731 |
Бегајте нозе, посра ве газо. |
6773 |
Бегајте ноѕе, ве испосра гъз. |
206 |
Бегајте ноѕе, ве постра г'зот. |
10193 |
Бегајте, нозе, оти газ ве испостра. |
4145 |
Бегал воло дека го дупна штркало. |
4146 |
Бегал од ѓаолот, паднал на врагот. |
207 |
Бегат воло дека го дупит со остено воларо. |
4147 |
Бегат како ѓаол од темјан. |
4148 |
Бегат како ѓаолот од темјан и Евреинот од крстот. |
4149 |
Бегат како Евреин од крс и протестанец од пос. |
4150 |
Бегат како некој елен треќак. |
4151 |
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака. |
4152 |
Бегат како од чума. |
208 |
Бегат ко ѓаол од крст. |
209 |
Бегат ко Евреин од крст. |
210 |
Бедна кула — една кула. |
6775 |
Бежаноа бело носи, а Стојанова црно. |
4153 |
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа. |
211 |
Бежаноа мајка црно не носила. |
212 |
Без алат нема занаат. |
6776 |
Без алат нема занает. |
213 |
Без башча — половин сирок, без маќа — цал. |
6777 |
Без белачка нема живјачка. |
214 |
Без Бога нема добрина. |
4154 |
Без Бога нема слога. |
9597 |
Без бога ни до прагон. |
215 |
Без вода воденица не мели. |
8732 |
Без време ништо не зрее. |
4155 |
Без голема работа, нема голема слава. |
10194 |
Без дури не зијанит тргоецот, не добиват. |
4156 |
Без дури не паѓа дете, не можи да се научи да оди. |
4157 |
Без дури не пати чоек, не можит да се научит. |
4158 |
Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш. |
4159 |
Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја. |
4160 |
Без жена, без куќа. |
9659 |
Без заахмет — нама раахмет. |
6778 |
Без здравје нема радување. |
10195 |
Без здравје немат богатство. |
216 |
Без Камбера свадба не се прајт. |
217 |
Без ќар ти го продам. |
227 |
Без мака нема наука. |
4161 |
Без мака нема раат. |
6779 |
Без Мара не бива попара. |
6781 |
Без мера кој јаде, брже ќе се разболи. |
6782 |
Без мера којшто јади, брго ќе се поболи. |
4162 |
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори. |
4163 |
Без мера работа — брза умора. |
6783 |
Без мъка немат наука. |
218 |
Без мъка ни песма не се испевјат. |
219 |
Без неоља немат богу мољба. |
220 |
Без нож ме колиш. |
221 |
Без пари месо не се вари. |
9595 |
Без пари не можи чоек да живеи. |
4164 |
Без пари не се оди во кафеана. |
9494 |
Без пари ни в рај, ни в пекол не те прибервеет. |
9660 |
Без пари никој не те сака. |
8733 |
Без пари се кон не кове — зобнико му зимаат. |
6784 |
Без питање само магаре одговара. |
6785 |
Без покана на свадба не оди. |
8734 |
Без пот нема род, ако садиш ќе јадиш. |
9593 |
Без пот немат бериќет. |
222 |
Без пушка на лов се не оди. |
6786 |
Без работа леб немат. |
223 |
Без работа, без леб; без работа, без чест. |
224 |
Без слобода ко риба без вода. |
225 |
Без стари не се прават пари. |
9592 |
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак. |
226 |
Без труд не се ора со плуг. |
4165 |
Без ука нема сполука. |
8735 |
Без фајда овца, трн му под опашка. |
4166 |
Без чарк водејнца не мелит. |
228 |
Беќар без девојка млада, губи љубовна нада. |
9590 |
Бела - дење свешча не се палит. |
229 |
Бела книга, црно писмо. |
8736 |
Бела Неда на кур гледа и се познава. |
6787 |
Бела пара за црн ден. |
9598 |
Бела работа, не се учи човек да е. |
6788 |
Бела сос пари, ошче побела без пари. |
6789 |
Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува. |
6790 |
Бели пари за црн век. |
6791 |
Бели пари за црни дни. |
4167 |
Белите ръце чужџа работа барет. |
231 |
Бело е момето како од котело газеро. |
4168 |
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево. |
232 |
Бело му е лицено, ама црно му е срцено. |
233 |
Бело му е лицето, а црно му е срцето. |
4169 |
Бело преде — црно носи. |
6792 |
Белото видело е најмило. |
6793 |
Белото не праи го црно кога те ваќа инато. |
4170 |
Белото си е секоаш бело, а црното — црно. |
4171 |
Белото црно не бидуа. |
4172 |
Беља чоек пари да има, беља да нема. |
4173 |
Бељата е во торбата. |
234 |
Бељата е сирак. |
235 |
Бељвица - рибица. |
236 |
Берберин ле си, секакви бради ќе стрижеш. |
6794 |
Берберо ќе бричи и здраво и ќелао. |
4174 |
Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај. |
237 |
Берберот и ќељаи ќе бричит. |
8737 |
Берберот на лудиот се учи да бричи. |
9661 |
Бери мъжи, тъжи. |
238 |
Бери памет да не бериш душа. |
10196 |
Бериќето се раѓа кога и Господ го блаослава. |
4175 |
Бес си бараше, два си најде. |
4176 |
Бесен гъз крвав нос. |
239 |
Бесна коза пресна рана. |
8738 |
Бесна челед в тесна кашча не бива. |
6795 |
Бесната кучка, сегде муцка. |
9599 |
Бесно куче и на чорбаџијата се фрла. |
6796 |
Бесот гла ѓинит. |
240 |
Би брак помина. |
241 |
Би го самаро да се сети магарето. |
4177 |
Би лага, доби, скака скакулец, доскака. |
4178 |
Би свадба, доби, секој со чес дома да си одит за да не се устрамит. |
4179 |
Би свадба, помина, секој дома на попара, дури мајка не го окара. |
4180 |
Бидете орачје — јаште ќебапје. |
6797 |
Биди ербап, јади ќебап. |
6798 |
Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар. |
4181 |
Биди потрплив за секоа работа. |
6799 |
Биди умен и опулен. |
8739 |
Биди чоек, а не нечоек. |
4182 |
Била баба на сол, се посрала во расол. |
10197 |
Било, да за тоа се кажуало. |
4183 |
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна. |
4184 |
Биљбиљот од јъзикот си тргат. |
242 |
Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа. |
4185 |
Бистра вода се а пие. |
6800 |
Бистра водица, мирна главица. |
243 |
Битисае мъмлешките, битисае и парите. |
244 |
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб. |
245 |
Блага дума железна врата отвара. |
6802 |
Блага реч железна врата отворат. |
8740 |
Благиот збор и железна врата отворат. |
246 |
Благо секој јајт. |
247 |
Благодарноста е полесна од перото. |
10199 |
Благословено вино, проколнето пијанство. |
10200 |
Благословено е пиењето — проклето е пијанството. |
6803 |
Благословено е телото, кое работи за душата. |
10201 |
Благословено пиењето, проклето пијанството. |
8741 |
Благослоено вино, а проклето пијанство. |
9662 |
Бладзе на глувиот зашто два пати слушат. |
8742 |
Блазе куќа кај ќе појде. |
10202 |
Блазе на тој што знае да крој. |
9601 |
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана. |
4186 |
Блаѕе на вредната ръка. |
248 |
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат. |
249 |
Блаѕе на тој шчо имат бел образ. |
250 |
Блаѕе на умната гла и вредната ръка. |
251 |
Блаѕе си је на мајка ти. |
252 |
Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит. |
253 |
Блаѕе си ми кога имат кој да ме перит, тешко мене кога немат кој да ме перит. |
254 |
Блаѕе си му на белјот образ. |
255 |
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите. |
256 |
Блаѕе си ти бре будала! |
257 |
Блаѕе та мајка шчо го родила! |
258 |
Блаосоено вино, а проклето пијанство. |
4187 |
Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца |
259 |
Боб јади, коње кради. |
6804 |
Бог да бие кој многу пие. |
9596 |
Бог да бие таа мома што без љубов седи дома. |
9589 |
Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена. |
4188 |
Бог да не пази од сиромашија и од простотија. |
4189 |
Бог да не чуа од луди, млади. |
4190 |
Бог да не чуа од препраени светци. |
4191 |
Бог да не чуа од стари неразбрани. |
4192 |
Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари. |
4193 |
Бог да прости кој ме гости сношти. |
4194 |
Бог да прости кој остајл. |
260 |
Бог да те чуа од домашен арамија. |
4195 |
Бог да те чуа од туѓа беља и од лоша стреќа. |
9663 |
Бог да те чува да не ти клекне мајстор в кашчи. |
6811 |
Бог да те чува куга слеп прогледне. |
6812 |
Бог да те чува од гнил мос и од прдлив гос. |
6813 |
Бог да те чува од домашен арамија. |
6814 |
Бог да те чува од закарок. |
6815 |
Бог да те чува од лажибогородица. |
6817 |
Бог да те чува од невиден жар. |
6818 |
Бог да те чува од пијани жени. |
6819 |
Бог да те чува од преправен светија. |
6820 |
Бог да те чува од тамавќар и од завислив. |
4196 |
Бог да те чува од улав пријател. |
6821 |
Бог да чува од домашни арамии. |
10569 |
Бог да чува — цар да брани. |
6822 |
Бог дава, ама в кошара не накарува. |
6808 |
Бог дава, ѓаволот зема. |
10203 |
Бог давал, давал, па заборил. |
6809 |
Бог дал, свети Илија зел. |
6810 |
Бог доброто — на душмане злото. |
6823 |
Бог е во срцата на тие што го бараат. |
4197 |
Бог на никој не е оставал д'жен. |
6824 |
Бог, сполај му, забавлја ама не заборавува. |
9664 |
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш. |
4198 |
Богат е тој што зема од богатите. |
10204 |
Богатие цапи парата. |
6805 |
Богатин до планина, убавина до векнина. |
10205 |
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина. |
8743 |
Богатио чоек на секого в очи му биет. |
4199 |
Богатиот зборува седејќи. |
10206 |
Богатиот има многу другари. |
9665 |
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат. |
4200 |
Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат. |
6806 |
Богатото мамче младо се жени. |
6807 |
Богатство немат наситство. |
8744 |
Богатството е доилка на лудоста. |
10207 |
Богатството има крилја. |
9666 |
Богатството носи многу пријатели. |
10208 |
Богатството раѓа грижи. |
10209 |
Бодата спие, думата не спие. |
6915 |
Бодливие вол боде и без рогове. |
6825 |
Бодни прачка пиј вино. |
8745 |
Боже, чуај, брани од лоши другари. |
4201 |
Божик идат, со шчо ќе не најт? |
261 |
Божјето око гледа на луѓето. |
4202 |
Божјето око гледа насекаде. |
4203 |
Бој се од Бога и не бој се од никого. |
4204 |
Бој се од тиа вода. |
9667 |
Болен здрав носит. |
262 |
Болен ле си лежал или си болен чувал? |
6826 |
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа. |
4205 |
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади. |
4206 |
Болен се моли. |
6827 |
Болен се праша, на здрав се подава. |
10210 |
Болен човек душа бере, па за живот мисли. |
6828 |
Болен човек, половина човек. |
10211 |
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира. |
4207 |
Болеста дооди сос товаре, а си оди сос грамове. |
6829 |
Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето. |
4208 |
Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмој. |
4209 |
Болеста лесно дооди, лесно не си оди. |
6830 |
Болеста не прашува кога ќе дојде. |
10212 |
Болеста се ваќа за чоека како некоја пијавица. |
4210 |
Боли го забо та криви. |
6831 |
Болна жената, болна и куќата. |
263 |
Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа. |
4211 |
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри. |
4212 |
Болниот малу јајт, ама многу арџит. |
264 |
Болници лежат, квасници врват. |
6832 |
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе. |
8746 |
Бољката оде пу нас а не пу планинта. |
8747 |
Бори се со злото, и викај го на помош доброто. |
4213 |
Борч неплатен, греф непростен. |
8748 |
Борчлија ако си молчи, малку давај и многу моли. |
4214 |
Борчлија човек не е свој човек. |
8749 |
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига. |
4215 |
Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати. |
4216 |
Борџот е лош другар. |
265 |
Борџот ет полош и од волкот. |
4217 |
Бос оди, пишчол носи. |
6834 |
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата. |
266 |
Боцни пръчка, пи вино! |
267 |
Браво се вика на магаре куга излезе од ажмако. |
6835 |
Брада му порастила, ама умот не. |
268 |
Брада царска, а гла водејнчарска. |
269 |
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена. |
4218 |
Брадата му сива, главата му дива. |
9668 |
Брадата му царска, главата му воденичарска. |
9669 |
Брадата не го чини филозофот. |
10213 |
Брак и гости куќа пусти. |
270 |
Бракот е добар кога нема собар |
9591 |
Браќа коа ќе се збијат, трчај да и отмиш, оти ќе се умртват. |
4223 |
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират. |
4224 |
Браќата тврдина, а невестите сабји. |
10216 |
Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка. |
271 |
Брасто за брасто, сирење за пари. |
4219 |
Брат без помош, враг се викат. |
272 |
Брат брата не рани, тешко кој го нема. |
4220 |
Брат брата не рани, тешко му кој си нема. |
6836 |
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат. |
273 |
Брат за брат мирашчија. |
6837 |
Брат за брат, брашното со пари. |
9600 |
Брат за брата, сирењето со пари. |
274 |
Брат не е брат, комшијата е брат. |
6839 |
Брат од брат кога се помага, и Господ ќе 'и даруа. |
4221 |
Брат од брат помогнат, појак ет од еден град. |
4222 |
Брат од брато помогнен, појак е од град. |
6840 |
Брат по брата, сите низ врата. |
275 |
Брат помогнат од брат, појак е од еден град. |
276 |
Брат против брат, полош е од најголем враг. |
277 |
Брат само мајка рожџат. |
278 |
Брат сум ти, ама и враг сум ти. |
9670 |
Брате, брате, пълна уста. |
279 |
Братот брат, сирењето за пари. |
10214 |
Братската љубов појака е и од железно кале. |
280 |
Братството за братство, брашното за пари. |
8750 |
Братството за братство, сирењето за пари. |
10215 |
Брачното тенџере секогаќ врие. |
10217 |
Брблаица жена е како некоја празна воденица. |
4225 |
Брблаица жена никој не ја милуа. |
4226 |
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша. |
4227 |
Бргу иде, бавно си оди болеста. |
8751 |
Брезо магаре не е едно. |
281 |
Брз е зајакот, ама побрз е 'ртот. |
4228 |
Брз ко ајта. |
282 |
Брз коњ се втасуа, ама брз збор не се втасуа. |
4229 |
Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може. |
8752 |
Брза коња се стига, брза дума се не стига. |
6841 |
Брза кучка слепи кучиња раѓат. |
8754 |
Брза кучка слепи кучиња ражџа. |
6842 |
Брза помош — двојна помош. |
283 |
Брзата вода бргу истеквит. |
284 |
Брзата и силната вода и од камен мос турка. |
4230 |
Брзата кучка слепи ги раѓа. |
9602 |
Брзата кучка слепи рожџат. |
285 |
Брзата одлука секогаш има каење. |
10218 |
Брзата работа брзо се расипвит. |
286 |
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди. |
4231 |
Брзиот коњ и од калта те вади. |
9603 |
Брикова огрева — зетова привида. |
6843 |
Бричен, не целиван. |
8755 |
Бричи ле се комшијата, топи се и ти. |
6844 |
Бричот бричи, а думата коле. |
10219 |
Бркавме вълк, излезе лисица. |
287 |
Бркај го лошото дури не ти дошло. |
288 |
Бродот кога броди, не избира води. |
9594 |
Броени денови брзо минуваат. |
9542 |
Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога. |
4232 |
Будала давал — итер јал. |
6845 |
Будала дал, итер зел. |
8756 |
Будалата ако имаше рогој, сите ќе го познаве. |
289 |
Будалата и на брашно се смејт. |
290 |
Будалата лесно се прелажуа. |
4233 |
Будалата немат рогој. |
291 |
Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата. |
4234 |
Будалата се смејт и кога не е за смеење. |
292 |
Будалестите дале, паметните јале. |
10220 |
Будалијо му прај п'т на пијанијо. |
8757 |
|