Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Будалиот побегнал од пијаниот. 10221
Будалиот талка, а умниот патува. 10222
Будинарки — се ленарки, митрашинки — пенугарки. 6846
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит. 4235
Бутарино ет удрен од тланико. 4236
Буцни прачка, пиј вино. 10223
В арман не се чита ферман. 6854
В битка куршум не са дава на заем. 8753
В брзата вода човек не се дави, в тијата ќе се удави. 6856
В ѓол влази, сух излази. 6857
В една тиква прдет. 293
В една уста пљувет. 294
В едното уше влезе, в другото излезе. 6858
В која кашча нема мачка, глувците оро водат. 6890
В кревет работа не свршуваш. 6901
В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва. 8758
В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат. 295
В лозје пошол тамавќарот и грозје не зобнал. 4237
В море на дно влезе и пак сув излезе. 4238
В ново грне шчо прво ќе ставиш, на това ќе мериса. 6904
В орман кадија не судит. 296
В орман ферман не се пејт. 297
В пазва би го клал да е кабиљ. 298
В празна племна глуфци не влегват. 10124
В решчо вода не се носи. 6929
В секое село требе да имаш по еден пријател. 6934
В село не го прибирет а тој опитвит ке седит попот. 299
В среде реката бараш вода. 10224
В стара кашча ред не туре. 6936
В туѓо грне сол не се фрла. 10225
В устата ти мед. 300
В царова уста има и оѓин и вода. 6938
В Чифлико овца да не си. 6939
В чужџа манџа не туре сол. 6940
В'к баница не јаде. 6884
В'к в магла дави. 6886
В'к в'к не јаде. 6885
В'к домазл'к не бива. 6887
В'к од добро не разбира. В'к од овча кожа не се плаши. 6889
В'к сермија не чува. 6891
В'ко влакното мени, табието не меми. 6888
В'ко го бесили, а он за овца питал. 10249
В'ко дека лежи не дави. 6892
В'ко дека се кучи там лови. 6893
В'ко и броено не признава. 6894
В'ко куга краде, не гледа ни бела ни црна, само да е подебела. 6895
В'ко куче не станува. 6896
В'ко на пазар не оди. 6897
В'ко не чека да го викаа — сам си дооди. 6898
В'ко се на магла радува. 6899
В'ко се од кучето не плаши, туку од лао. 6900
Вади си вода од новиот бунар, но не плукај по стариот. 8620
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат. 4239
Ваќај пријатели арни и чесни за да ти се најдат во лоши саати. 4258
Ваќај пријатели арни и чесни, да ако сет и троа сиромаси. 4259
Валбата е краста: чунки кој се вали, не пали. 4240
Валени јаготки, празни кошници. 4241
Валеното девојче ќе земи полошо момче. 4242
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење. 4243
Вали ме, усто, оти ќе те раскинам. 4244
Валкан човек, нема долг век. 9611
Вало-прдло наш Неделко се повали настред село. 4245
Варвара вари, боксава брка, Никола срка. 6847
Вардењето не е страх. 6848
Варди го попот, за да е мирно селото. 301
Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш. 302
Варди дури не се затркаљало клопчето. 303
Варди се да не се поболиш, оти мачно можиш да оздравиш. 4246
Варди се да не ти речат бисерко. 6850
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата. 304
Варди се и господ да те вардит. 305
Варди се и Господ ќе те варди. 10226
Варди се од злото дури не ти дошло. 4247
Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади. 306
Варди се од лошото дури не те снашло. 10227
Варди се од мътна вода! 307
Варди се од слеп да не прогледне. 6851
Варди се од терзија арамија. 6852
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога. 4248
Варен, варен, та дур печен. 6849
Варена пченица ич никнуат? 4249
Варена пченица не никнува. 8763
Варена та печена. 308
Варено печено, кому му е речено. 8764
Варено, печено нам ни било речено. 309
Вари го, печи го, гајда си е гајда. 6853
Вари го, печи го, па си е тој. 9671
Вати го слепецо, извај му очите. 4250
Вати да си оди коњо по пато, ама откоа го изеде грбачо. 4251
Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката. 4252
Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго. 4253
Вати пријател поп, да ако сакаш да му го раниш коњо со зоб. 4254
Вати пустина и бестрага. 4255
Вати се да се држиш за даб, а не за шип. 4256
Вати, трати, и ич не есапи. 4257
Ваши деца, ваши судии. 6855
Ве боли на вашето, па удри на туѓото. 8765
Ведра ноќ ко рибино око. 310
Веков е колце — се вртит. 311
Веков е скала: еден качи се, други слези 312
Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат. 4260
Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај. 313
Векот на младите останува. 8766
Вели му ти на чоека арно, да ако тој ти речи лошо. 4261
Велигден е еднаш во годината. 10228
Велигденои пости многу сет долзи. 4262
Велиден е еднаш в годината. 6859
Вера без дела е како меур од сапуница. 10229
Вера да веруаш, ама и добри работи да праиш. 4263
Вера да веруваш, ама и добри работи да правиш. 10230
Вера е да се држит, а закон е да се вардит. 314
Вера имало од века и ќе има довека. 4264
Вера планини поместува. 6860
Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа. 4265
Вера сос пари кој купува, брже а остава. 6861
Верата е стара и млада. 4266
Верата и планина поместува. 10231
Верата и планини подмрдвит. 315
Верата ни се ваќа, ни се гледа; ни се јади, ни се мириса. 4267
Верата од Бога е остаена. 4268
Верата планиње преместуа. 4269
Верата си е вера, законот си е закон. 316
Верата со пари не се купуа. 4270
Верата Христоа го омекнуа чоека. 4271
Вербата и љубовта планина креваат. 10232
Верви му на момокот, ама и на окото. 317
Верен измеќар, цел стопан. 4272
Верен слуга - здрав клуч. 10233
Верен слуга — здрав кључ. 318
Вересија кој дава, непара ќе напредуа. 4274
Вересија потреси ја, вересија гола шија. 10234
Вересија потресија. 8767
Вересија — гола шија. 319
Вересија — истресија. 6862
Вересија — реси ја. 4273
Вересија, потресија, дај со раце, барај со нозе. 4275
Верувај, ама и проверувај. 10235
Весело срце кадел'а преде. 6863
Весело срце къдељка предит. 320
Веселото срце го разведрува лицето. 9672
Ветар го вејт на бела кобила. 321
Ветар дупка не пълнит. 322
Ветар и магла, глувци во табла. 10236
Ветар му вејт низ ушине. 323
Ветар терат со капата. 324
Ветер вати, ветер пушти. 4276
Ветро крпи, конци губи; старо љуби, ноќ си губи. 4277
Ветро што ќе донесит, ѓаолот ќе однесит. 4278
Ветрот дебелите дрвја 'и уриват, а слабите 'и виткат. 325
Ветрот е најсилен пред да тивнит. 326
Ветрот коа да веит, од никого не се боит. 4279
Ветрот ќе повеит, песокта ќе останит. 4281
Ветрот ќе поминит, и плевата ќе одвеит. 4282
Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи. 4280
Ветувањата за лудиот се радост. 10237
Вехто крпи, конци губи; старо љуби, дни си губи. 6864
Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет. 327
Виде кубаса, па сакаш и крвавица. 10095
Видел манго масло, па си намажал и газо. 6867
Видел на кур урда, помислил си бачија е. 6868
Видела жаба дека се коне кове, и она придигала нога. 6865
Видела жабата ке се коет коњите, та и та је кренала ногата. 328
Видела камилата уши, побарала рогои. 4283
Видела свињата рогозина, па посакала и постела. 10238
Видела шута рогове, притерала и уши. 6866
Види го прво дрвото, да после седни под него. 4284
Види го прво дрвото, после седни под него. 10239
Види гъзе новина, не дочекај година. 329
Види му 'и опинците, та пушчи го дома да ти влезит. 333
Види му глава, крој му капа. 10240
Види му главата, па му а крој капата. 6870
Види му го умот, крој му капа. 330
Види му го умот, купи му ја стоката. 331
Види му го умот, суди му за дома. 332
Види му и другарето, па го есапи каков е. 6871
Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е. 4285
Види му умо, да после есапи го домаќино. 4286
Види му умот крои му капа. 8769
Види поп, јади боб. 6869
Види си в кесе, да после купи си прасе. 4287
Видиш ле луд, не стануве друг. 6872
Видиш ле матна вода, не гази. 6873
Видов, не видов, чув, не чув, држ'ја еврејската. 4288
Виж дрвото какво е, па седни под него на сенќа. 6874
Виж му рацете, та па главата. 6875
Виж се сам, па наоди маана на другите. 6876
Викај го аго, да му остане на душата драго. 10241
Викај ме грне, само не крши ме. 334
Викај на вукот вујко, додека си му у јама. 9673
Викај по в'ко додека не влегол в трлата. 6877
Викај по волкот дур не влегол во булукот. 10242
Викај по волкот дури не влегол во булукот. 4289
Викај по вълкот дури не влегол в трло. 335
Викај си по волко откоа ќе влези во булукот. 4290
Вике по в'ко додека не е однел јагнето. 6878
Викнала баба гости, а та седнала да се пошчит. 336
Викни го волкот да ти варди булукот. 4291
Вино носи, вода пиј. 8770
Вино носит, вода пиет. 4292
Виновникот се плаши дури и од сенката. 10243
Виното в чаша мирно седи, а во главата чуда реди. 9608
Виното го праи чоека еднипати везир, а еднипати резил. 4293
Виното го прајт чвека и везир и резиљ. 338
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет. 339
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет. 340
Виното и умниот го збудаљвит. 341
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека. 4294
Виното кој го препива, челадта и куќата си ја слечуа. 4295
Виното кој препива, кашчата си растура. 6879
Виното не седит во глата мадро како во шишето. 342
Виното не стои во главата како во бурето. 10244
Виното раце нема, а за очи фаќа. 10245
Винското грне се држи со една рака, а пушката со две. 9674
Високите планиње си носат својте тежиње. 4296
Високо дрво плод нема. 6880
Високо дрво страчките го серат. 8771
Високо литаа орлите, па затова и надалеко гледаа. 6881
Високо небо крај немат, длабоко море брод немат. 4297
Високо орело лета, затоа далеку гледа. 4298
Високото дрво и чавките го серат. 6882
Вистина на чистина. 343
Вистината боцкат. 344
Вистината ги затвора устите. 10246
Вистината е како пипер в очи. 345
Вистината ѕвони како селски камбани. 10247
Вистината и зејтинот секогаш излегуваат на површина. 10248
Вистината и маслото секогаш излегуваат на површина. 9675
Вистинскиот пријатељ е помил од се. 346
Виш му другаро та есапи кој е. 8772
Више вреди човек да е умовит, отколку имовит. 6883
Вјаај ме, желко, од горнега. 4299
Вјавај ме, жељко, дури летат орелон над мене. 347
Вјајме желко, оти ево го орелот над мене. 8773
Вјасај за брго да втасаш, ама глеај да не се препниш. 4300
Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк. 348
Владика Турчин не станува. 6902
Влакното го цепит. 349
Влакното кабул не го чини, камоли руного. 4301
Влакното се ќине дека е тенко. 6903
Влегвит како в ан. 350
Влегол во ќелеш дефтер. 351
Влезе низ врата, ама излезе низ пенџере. 10250
Влечкај стапот, земај акот. 352
Внучето е помило од детето. 6905
Внучето е помило од сино. 8774
Во богатата куќа и мачката е важна личност. 10251
Во Бруса по мајмуни. 353
Во виното е вистината. 9676
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит. 4302
Во голема вода големи риби се лоет. 354
Во градот по пари, а на село по разум. 10252
Во делник зелник, во празник попарник. 10253
Во еврејско село црква не се прајт. 355
Во еден час чоек чес добиват и во еден изгубуат. 9677
Во една врчва мед, една олџица лајна. 356
Во една гемија кај што имат многу капидани, таа можи и да пропадни. 4303
Во една каца мед, една ока лајна. 357
Во едно уо му влезе, во друго му излезе. 9678
Во затворена уста мува не влегува. 8641
Во затворена уста не влегува мушичка. 10254
Во зборот го гледаш благ, а во срцето лукав. 9679
Во здрава нога, трн не се клат. 358
Во јазико мед носи пчелата, а на газо отруачка. 4304
Во јајцето влакно не се бара. 10255
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале. 359
Во куќа празна не треба сказна. 9604
Во куќата на обесен не зборви за јъже. 360
Во куче ако имат чвештина, та во него. 361
Во ќесе празно, не барај азно. 9613
Во лагата се куси нозете. 9490
Во лете спечали си, во зиме јади си. 4305
Во лето имат на секое трнче и лепче. 3990
Во лошото чвек се познат каков е. 362
Во лутината нема разум. 9680
Во љубовта нема разум. 9681
Во маката радост, во радоста мака. 8775
Во мала вода јъдра риба не живејт. 363
Во мало село многу кучиња. 364
Во малоо село честа ангарија. 4306
Во меана кој влегуа начесто, не излегуа трезен. 4307
Во меаните се арџат пари со пот неспечалени. 4308
Во морето дупка. 365
Во морето со олџица притурвит. 366
Во мъката рат не те оставет. 367
Во мъката чвек не се познат. 368
Во мътна вода не се лојт. 369
Во мътна вода ракој — мекачи. 370
Во неоља и песот бълви јајт. 371
Во неоља не се плачит, ами чаре се барат. 372
Во неоља чаша отрув е поблага од печено јагне. 373
Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме. 374
Во ново грне што ќе туриш сопрво, на тоа ќе мириса. 4309
Во ноќта сите мачки се црни. 10256
Во плетките да ти стојат клетвите. 10257
Во поголем град — поголем глад. 4310
Во празен амбар глувците не влегуваат. 8776
Во празен амбар не стои глушецот. 10258
Во празен амбар ни глуфци не живеет. 375
Во празен кош, не барај грош. 9612
Во празна плевна арамија не влегуа; и да влези, зијан не сторуа. 4311
Во празно трло и волкот не влегува. 10096
Во Прилеп мајмун не играт. 4312
Во решето вода не носи. 8780
Во решето вода не се носи. 4313
Во својата школка бисерот е безвреден. 9682
Во секое брашно имат трици. 377
Во секое жито има и какол. 9533
Во секое жито имат граор. 378
Во секое село и град башка адет. 4314
Во секое стадо има црна овца. 9683
Во секој закон има дупки. 9684
Во секоја куќа има чад. 10259
Во секоја манџа - мирудија. 8655
Во секоја манџа мироѓија. 379
Во секоја манџа пипер не влегви. 8783
Во село без пци — и без стап се оди. 4315
Во сред слепи и ќорав е цар. 9685
Во стара бочва не се става младо вино. 10260
Во старо село нов адет не прај. 380
Во сто ореј здрави, еден лош не се познат. 381
Во тебе е ореот, во тебе е каменот. 8784
Во тенџерето вари, во капакот јади. 382
Во тивка вода повисоко кревај 'и полите. 383
Во туѓина како во гроб: и сам и нем. 10261
Во устата од царо има и огон и вода. 4316
Во фети меој младо вино не се туриват. 384
Во царско азно влезе, и пак празен си излезе. 4317
Во чужда манџа не турај сол. 9686
Во чуждото око ја гљаш раската, а во своето гредата не.Гладна кокошка просо сонуат. 8785
Во чуждото око је гљат раската, а во своето гредата не. 385
Во чужџа манџа не клај сољ. 386
Во шегата има половина вистина. 9687
Вов воденица се по двапати повтара. 6906
Вов селото не го пушчаа, а он поповата шчерка тера. 6907
Вода в речина не се носит. 387
Вода в речина се вртит. (Речина - решето со кое сејат пченица. Разликуваат решета: тагар - кожата му 8786
Вода гази — жеден оди. 6908
Вода газит, жеден ојт. 388
Вода донела — вода однела. 6909
Вода донесла, вода однесла. 389
Вода мие — оѓин не мие. 6910
Вода на врло не оди. 6911
Вода со трње не се кршчат, туку со босиљок. 390
Водата го чисти телото, а солзите душата. 10262
Водата е посилна и од огно. 8787
Водата е посилна од оѓине. 6913
Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари. 391
Водата ќе протечит, песокта ќе останит. 401
Водата не знъјт ни кумство, ни пријатељство. 392
Водата се мати и од изворо. 6912
Водата се мијат, само јъзикот не го мијат. 393
Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат. 394
Водата се мијат. 395
Водата се може да измие, само лошио јазик не може. 8789
Водата се носит, само страмотата не ја однесвит. 396
Водата спие, душмано не спие. 4318
Водата спијат, душманот не спијат. 397
Водата спијат, љуѓето не спијет. 398
Водата спијат, рајата не спијат. 399
Водата течит, песокта останвит. 400
Водејнци и ваљајци гајда не се слушат. 402
Воден газ јадит риби. 4319
Воден од дожд не се плашит. 403
Водени гаќи јадат риби, а суи јадат пиперки. 4320
Воденица многу зборои се праат. 4321
Воденица на ред меле. 6916
Воденица неклепана и жена нетепана нема. 8792
Воденица неклепана и жена нетепана — не оди. 6917
Воденицата без вода не мели. 10263
Воденицата на ред меле. 8793
Воденицата неклепана брашно не мели. 8794
Воденичаре волк ти под колце, а лисица на огниште. 4322
Води го, буцат, терај го, клоцат. 404
Војдана ни вчера чиста витка ни денеска. 8795
Војната не е добра, ниту за тој што ја одбра. 9606
Војникот пушка носи, без да мисли кого коси. 9607
Војска дека мине, град не требе да к'ца. 6918
Воклот го клале да ги вардит овците. 9692
Воко овца не се чинит. 9690
Волк ако го клаиш да ти паси овци, тој сите ќе ти и издави. 9689
Волк од волк не се плашит. 9688
Волк пастрма не чуа. 4323
Волк руно менува, но со јагне го заменува. 9610
Волко ако го клаиш да ти паси овци, тој сите ќе ти и издави. 4324
Волко го гледат и трагата му ја барат. 4325
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија. 4326
Волко го прашале кога му студело поеќе, тој рекол: во сонце огревање. 4327
Волко дави не дави, секој што да го види, ќе го гони. 4328
Волко длаката ја менуат, ама ќудта не ја менуат. 4329
Волко е побудала од лисицата. 4330
Волко магла барат да дави овци. 4331
Волко на пазар не оди. 4332
Волко на синоро не дави. 4333
Волко пастрма не држи. 8796
Волко секоаш раѓа волчина, а не јагниња. 4334
Волкот ако не си ја врши работата сам тешко нему. 8797
Волкот влаконото го менува, ама ќудта не ја менува. 8798
Волкот во атарот не дави. 9691
Волкот домаќин и Манго ученик. 8799
Волкот и од броените овци јајт. 10125
Волкот не гризе волк. 10264
Волкот овчар не бидува. 10265
Волкот пастрма не држи, нема кој да му ја пржи. 9609
Волкот пастрма не чуват. 10126
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот. 8800
Волкот се дружи со волк. 10266
Волкот си го менува влакното, но не и навиката. 8801
Воло рие прахта му пада по грбо. 6920
Воло рие прста на грбо си ја фрла. 8802
Воло се врсува за роговето, а човеко за јазико. 6921
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит. 4335
Волот без ширкол не штрклее. 6919
Волот коа да копат земјата на себеси ја фрлат. 8805
Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик. 405
Волот се учи да ора од јунчуле. 10267
Волците нито и колат, нито и јадат и пак набулуци и немат. 4336
Вонка од орото ного песни знае. 8806
Воред слепи и ќоравие е цар. 6935
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони. 4337
Воукот ко го крштеваа му велеја да речит вангеле, нему јжзикот му велеше: јагнеле. 8807
Воукот од влаконото се менвит, од умот не се менвит. 8808
Воукот те секнал. (Велат на вампир кога ќе видат на коњот дека се плаши од некое лошо суштество и на 8809
Враг на враг псалтир не чете. 9693
Враго ти е влезен. 8810
Врана на врана не колве очи. 9517
Врана на врана очи не копа. 9489
Врана на врана очи не копат. 8811
Врана на врана очи не си вади. 6922
Врапците буот го бркаат, ама сами в уста му влегуаат. 4338
Врапчето не може да си игра со штркот. 10268
Врато му е претриен од јаремо. 9694
Врба дрео, зет фара и магаре стока не се. 406
Врба низ гъзот ќе му порастит. 407
Врба огрја, зетва накрепа. 408
Врбата родила грозје. 9695
Врбова огрева — зетова привидија. 6923
Врви си по патот чоечки, за секој да ти заблазнит. 4339
Врви си со арџот со поевтино за да си платиш царското. 4340
Вреват в црква како во авра еврејска. 4341
Вреден ко долниот камен од водејнца 409
Вредни раце чуда чинат. 9502
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит. 4345
Вреќа скината што клај, ќе истечит. 4346
Времато си оди като сос крила. 6927
Време бреме продат. 410
Време време докарува. 6924
Време градит, време разградвит. 411
Време доноси — време односи. 6925
Време купвит, време продат. 412
Време лошо ама друм врви. 6926
Време носит бреме. 413
Време течит, пљаги лечит. 414
Времето е најголем учител. 9696
Времето е пари за секого, кој што го есапи. 4342
Времето понекогаш е мајка, а понекогаш мъшчја. 415
Времето се лечит. 416
Времето си врви, нам ни се куси. 4343
Времето си лета како со крилја. 4344
Времето сламата арчи. 6928
Времето чуда прави. 9697
Времето шчо поминало назад не се врашчат. 417
Врзан загар зајаци не лови. 6930
Врзан поп, мирно село. 418
Врзан р’т зајаци не лови. 8813
Врзат ле те за уста, ќе те водат като вол. 6931
Врзи го коњот каде ќе ти каже газдата. 9698
Врзи попо да е мирно селото. 6932
Врзи прс и тере лек, па да ти бае секоа баба като шчо знае. 6933
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи. 4347
Врзи прст, барај лек. 419
Врзи си црвен конец на прстот. 420
Врни, грми, патот си врви. 9605
Врнит, грмит, пътот врвит. 421
Врти като црвјк в дрво. 8815
Врти куќа без леб. 422
Вртит ко лисица околу стъпица. 423
Вудве и вутри му одит арџот на скржаиот и тамавќарот. 4348
Вура супура за три дена, ох леле за сите дена. 6937
Вълк на вълк ни в планина не удират. 424
Вълк пастрма не чуват. 425
Вълко пастрма не држи. 8768
Вълкот влакното го менвит, ама уќот не го менвит. 426
Вълкот во врешче не влегвит. 427
Вълкот вълчња рожџат. 428
Вълкот и од броените јајт. 429
Вълкот плачит за мъгла. 430
Вълкот по поръчано не идат. 431
Вълкот сакат млади јагниња. 432
Вълци, врани стоката ќе му је јадет. 433
В’к дамазл’к не чува. 8759
В’к од овча кожа не се плаши. 8760
В’ко и од броените дави. 8761
В’ко козината мени, ќудта не мени. 8762
Гаавран гаврану очи не копат. 9699
Гавран на гавран очи не вади. 8816
Гавран со гавран, а сокол со сокол. 434
Гаврањ на гаврања очи не вајат. 9700
Гаду очи. 435
Газ знае и две и двеста. 6941
Газ и нос не знаат чес. 4349
Газ мараз не фата. 6942
Газ место прави. 6943
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере. 9544
Гази ми на стапалката, ама не гази ми на работата. 4350
Гајда куќа не храни. 10269
Гајле му е на Господ, што магаре рика. 10270
Гајлето го јаде човека ко 'рѓата железото. 8612
Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата. 8817
Гајлето го јаде човекот како 'рѓата железото. 8631
Гајрет на болниот, дури да му излези душата. 4351
Гал одлета, сокол долета. 436
Гален поп и в црква карат. 4352
Гален поп и в црква прди. 6944
Галената жена не преди со урка. 4353
Галената невеста, не ја риза свекрвата. 4354
Галените деца се качуаат на трпеза. 4355
Галеното дете е како ѓупцото теле. 4356
Галеното дете е како магарешко прле. 4357
Галон колку старејт, толку црнејт. 437
Гара сос гора се состанува, а камох ле човек сос човек. 6963
Гарван на гарван очи си не вади. 6945
Гарван, гарвану очи не ваѓа. 8820
Гарвано грачи, зима да донеси. 4358
Гемија по суо ако можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш. 4360
Гемија по суо да тераш не можиш, нити со жена на војска да одиш. 4359
Ги барат Маркојте конаци. 438
Ги врлил плочите. 4361
Ги остајле мечките да 'и вардет дренките. 439
Ги рашчепил вилиците ко бесно куче. 440
Ги сплетка конците. 8821
Ги удри петиците в гъз. 441
Ги фрлил плочите. 442
Глава прави — глава тегли. 6946
Главата е постара од книгата. 9701
Глад се не трпи. 6955
Гладен 'рт и дивјачки јајт. 445
Гладен вълк постред село ојт. 443
Гладен коњ матна вода не гледа. 9702
Гладен ќе заминеш през девет села, а гол ни през едно. 6948
Гладен од Бъдник до Божик. 444
Гладен петел на бунишче не пое. 6947
Гладен петел не кукурика. 10271
Гладен рт и дивјачки јајт. 8822
Гладен рт на лоф не ојт. 8823
Гладен чоек суи кори гриза. 9703
Гладна врана зајаци не носи. 6949
Гладна кокошка куга се најаде излази на вр'о секој да а види. 6950
Гладна кокошка просо сонвит. 446
Гладна мачка оро не игра, или сита мачка стопан не припознаа. 4362
Гладна мечка оро не играт. 447
Гладната кокошка просо сонуа. 4363
Гладни очи не спијат. 6953
Гладниот 'рт и кочани јајт. 9704
Гладно куче кога се најаде не знае шчо прави. 6954
Гладно куче не стравува од стап. 10272
Гладот е најглема сила. 448
Гладот е најголема неоља. 449
Гладот очи нема. 8626
Гласот е побрз од ветар. 450
Гласот на народот е гласот на бога. 9705
Глата в ношви, ръцете на тилот. 451
Глата динамит не му је цепит. 452
Глата мојт да соберит појќе од морено. 453
Глата му обелела, умот не му дошол. 454
Глата прајт, глата тргат. 455
Глата прајт, ноѕете тргет. 456
Глата ти је кршам, атарот не ти го кршам. 457
Гледај го коњо во одот, да после влегуј во пазаро. 4364
Гледај го коњо, не гледај му огламнико. 4365
Гледај го пијаницата, пожалај му децата. 4366
Гледај да имаш пари, да ако даваш по сиромаси. 4367
Гледај да не купуаш тоа што не ти треба, оти да не продааш тоа што ти треба. 4368
Гледај дури не ти летнало врапчето од рака, оти после мачно се ваќа. 4369
Гледај му главата крој му капата. 8829
Гледај му главата — крој му капата. 6956
Гледај се себе каков си, да после да гледаш светските кусури. 4370
Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката. 4371
Гледај сос комшијата да си арен. 9706
Гледе го пијаницата — пожали му децата. 6957
Гледе му дузене, та му цени работата. 6958
Гледе му коне, не му гледе оглавта. 6959
Гледе напред, ама обршче се и назад. 6960
Глен поп и ф црква прди. 8830
Глоби сирота и погледај на Бога. 4372
Глобок збор: езеро, море. 458
Глобока вода брод немат, убао моме род немат. 459
Глобока вода брод немат. 460
Глув слуша, слеп гледа. 4373
Глувците први го напуштаат бродот што тоне. 9529
Глупецот се смета за мудар кога молчи. 9707
Глучецот што има само една дупка, бргу го фаќа мачката. 9708
Глушецот отишол у глуфците. 461
Гљај го пијаницата, пожаљај му 'и децата. 462
Гљај си го пътот, скрши си го вратот. 463
Гљајте слепи, слушајте глуви! 464
Гнилата крушка сама паѓа. 10273
Го бацил татка си в гъз. 465
Го болеше за неговото, па маваше по туѓото. 8831
Го боцкет паричките. 466
Го вапца. 467
Го ватил ѓаолот за врат, та го зауздал пијаниот. 4374
Го врте јазикот кај што го боле забот. 8832
Го гребала нестата котлето. 468
Го држит за перчин. 469
Го дупнала Марта во гъзот. 470
Го жаљаш ко мајка ти да го родила. 471
Го зајаде левата рака. 8833
Го зела матната лели се сторил пијаница. 4375
Го зела мътната. 472
Го извлекол подебелиот крај. 473
Го изел бијолот, се удајл со опашката. 474
Го јадет плешчине за дрео. 475
Го јајт грбон за стап. 476
Го клала нестата прстот на зелникот. 477
Го клукнала и волкот змија. 8834
Го најде мајсторот. 478
Го најде попот, ја најде и попаѓата. 479
Го намамил на гнила шчица. 480
Го намамил на слаб мраз. 481
Го направи вратот како питачко магаре. 8835
Го напраи грошо золота. 4376
Го обравме бостанот. 482
Го остајл ѓаолот, се нашол со врагот. 484
Го остајл стадото на вълк. 485
Го остајл „доброто утро" на врата. 483
Го остајле питомјот, го барет дивјот. 486
Го перит, а не го остат да плачит. 487
Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт. 488
Го полазила чужџа вошка. 489
Го превртил листот. 490
Го препливал морето, се удајл на крајот. 491
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш. 4377
Го престрел зајак, затоа ал'швериш не напраил. 4378
Го префрлил жеден преку вода. 492
Го пушчив да чукат со ушите круши. 493
Го сакат ко куче стап. 494
Го стискат гъзот, дури влакно ќинит. 495
Го фатија Господа за очи. (Не мислат веќе за Бога во делата си.) 8836
Го фатил волот за рогој. 496
Го фатил кокошкин съмрак. 497
Го фатил шчркољот. 498
Го фатила чумата за врат. 499
Говорам ти (наговарам ти), шчерко, дошикај се снао. 8837
Говорам ти ќерко, дошикај се снао. 500
Говорам ти, ќерко, сеќавај се, снао. 10274
Годините и гајлињата не может да се сткријет. 501
Гол ко од мајка роден. 502
Гол чвек за на бана. 503
Гол чоек на бања го прилега. 4379
Гола е како змија на трн. 8838
Гола коска ни куче не сакат. 504
Гола сиромашчија, готва болест. 505
Голем амбар со кутле не се пълнит. 506
Голем град, мали гробишча. 507
Голем залак голтни, голем реч не речи. 4380
Голем залак голтни, голема реч не речи. 8840
Голем залак г’тни, гулема дума не продумвај. 8839
Голем залак касни, голем збор не речи. 9616
Голем збор: мечка, планина. 508
Голем та несолен. 509
Голема гла голема капа носит. 8841
Голема сенка — гладна дупка. Голема сенка — голема треска. 4381
Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце. 4382
Големата лакомија чоека поболуа. 4383
Големата риба во мала вода не живејт. 510
Големата риба голема вода барат . 511
Големата риба голема вода сака. 4384
Големата риба је јајт помалата, 512
Големата риба помалата ја изедвит. 8842
Големите болки се неми. 9709
Големите кораби во големи води пловат. 9710
Големите почести се големи товари. 9711
Голи нозе под синија, цело прасе над синија не бидуа. 4385
Голи се раѓаме, облечени се испраќаме. 9617
Голи се родивме, голи вземи ќе влезиме. 4386
Голо здравје не е здравје. 8843
Голо здравје — готоа треска. 4387
Голо здравје, готва болест. 513
Гологлај работале, бунџоглај ќердосале. 514
Гони го ѓаолот, ама не барај му трагот. 4388
Гоопод велит: поможи си сам, да и јас да ти поможам. 4389
Гора со гора се ставуа, камули чоек со чоека. 4390
Гора сос гора не се сришча, свет сос свет се сришчаа. 6962
Гора фали — поле зимај. 6964
Гори ле на комшијата кашчата, трчи да гасиш твоата. 6965
Горниот да му дојт до ак. 515
Гос дојде, јајце снесе. 6966
Гос е мил до три дена. 6967
Гос сос една нога бос. 6974
Госпад е и горе и доле, и на небото и на земјата. 6970
Господ бој му дал, ама ум не му дал. 516
Господ борч не плаќа. 4391
Господ високу, а царот далеку. 517
Господ владее на небото, а парите на земјата. 10275
Господ грев да не ми клајт. 518
Господ грев ќе ти пишит. 519
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам. 520
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам. 521
Господ да не те остајт со едно око и со едно дете. 522
Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер. 523
Господ да те бранит од гладна вошка. 524
Господ да те бранит од голи дебрани, 525
Господ да те бранит од голи фодули. 526
Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани. 527
Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци. 528
Господ да те бранит од крстен ѓаол. 530
Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат. 538
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена. 531
Господ да те бранит од нов чорбаџија, 532
Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена. 533
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња. 534
Господ да те бранит од покондурен опинок. 535
Господ да те бранит од полошо. 536
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена. 537
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали. 539
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали. 540
Господ да те бранит од учени луѓе. 541
Господ да те запази од лесици клеветници и од в'ци мурафетл'ци. 6969
Господ да те чуа од гол та фодул. 4392
Господ да те чуа од дива свиња в планина и од лоша дружина. 4393
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш. 4394
Господ да чуа од долзи стапој и од ниски одаи. 4395
Господ дава на работникот, а не на спанкото. 10276
Господ дава, ама в кошара не накарува. 6968
Господ дава, Господ зема. 9620
Господ дават ама в кошара не внесуат. 9713
Господ дават, ама в амбар не ти тура. 4396
Господ дал на земјава се што му треба на чоека. 4398
Господ дал, господ зел. 542
Господ дат, ама низ оџак не пушчат. 543
Господ душа сакат. 544
Господ е еден и за богат и за беден. 9618
Господ ет на небеси и наземи. 4400
Господ забаат, ама не забораат. 8847
Господ забавја, ама не заборавја. 6971
Господ знае и за стари жени. 6972
Господ знаи кому што праит. 4402
Господ и на шега дат. 546
Господ ич не спиет. 4403
Господ ка е, никој не е. 6973
Господ кога да сакат и од амбар житото ти го земат. 4404
Господ кога да сакат и од пазуа ти го земат. 4405
Господ кого чуа, куршум не го ваќат. 4406
Господ когого милуа, и го накажуа. 4407
Господ љубовта да им ја артерисат. 547
Господ мене со вреште, јас тебе со торба. 8848
Господ милоста да им ја умножит. 548
Господ на заем не земат. 8849
Господ не гледа на лице, ами на срце. 4408
Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата. 549
Господ не е мачка да те драпнит одеднош. 550
Господ не одбират, а собират. 551
Господ не се мами со кисели јаболка. 10277
Господ ни куцата овца не ја остат. 552
Господ од луѓе скали прави. 8850
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката. 553
Господ се распасал. 554
Господ секому не можит како што сакат да му угодит. 4409
Господ та те чуа од ќосе човек и од сакат. 9712
Господ чвека без пријатељ да не го остајт. 555
Господи брани од будали луѓе. 556
Господи брани од голи дебрани. 8851
Господи брани од женска беља. 558
Господи брани слепо да прогљат. 559
Гостинот и рибата по третиод ден смрдат. 8642
Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат. 560
Госто и прди и не, ама домаќине не сопира. 6975
Готва стока — готој пари. 561
Готоа сермија, боргу се трошит. 10278
Готој пари и печен леб лесно се јадет. 562
Грабено — кълнато. 563
Град бие до бразда. 6976
Град глад не прави. 6977
Град глад не праит, ама тешко кого ќе наит. 4410
Град к'ца и в ношвите. 6978
Град се плени, а баба се чешла. 10279
Град фали в село живеј. 9619
Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит. 564
Градска крава млеко не дава. 9615
Грба не се исправјат. 565
Грбата в гроб се правит. 566
Грбата ни в гроб не се исправјат. 567
Грбата само в гроб се исправјат. 568
Грда е жената на онцица, ама работна и e раката. 4411
Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата. 4412
Грдата жена берит куќа, а личната берит панаѓур. 569
Грди му се дните на слепците што просат по сокаците. 4413
Грдиот човек ретко оди пред огледало. 10280
Грејт сънце в але. 570
Грео не ет нешто живо, ами пак го мачит чоекот. 4414
Греот во меот, душата на круша. 571
Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш. 4415
Грешен чоек жив ет во гроб закопан. 4416
Грешит поп во книга, а не магаре во нива. 572
Грешка оро игра, уготка дома си седи. 6979
Грешките се по инсанот. 573
Грижи се за стадото свое. 10281
Грмавица без светкавица не бива. 6980
Грми ле ногу, не врне. 6981
Грми, врни, пато врви. 4417
Грмит не врнит. 574
Грнчаре ти тура рачката на грнето од коа си страна иска. 6982
Грнчаро кај сака, таму рачка клаа на грнето. 4418
Грнчарот во ветво грне манџа јадит. 4419
Грнчарот во ветво грне си вари на огниште. 4420
Гробишча од глад немат. 575
Гробу на врата. 576
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш 6983
Гром в коприва не удара. 6985
Грош години се сторил. 577
Грош пара кашча не обара. 6986
Грош петел, шеесе пари крчма. 4421
Грош по грош, се полни кош. 9614
Гугучката кога на брго гуга, пролвт наближуа. 4422
Гузен негонен бега. 6987
Гузрава жена е црн данок на кашчата. 6988
Гулаби рани, работа губи. 4423
Гулем залаг апни, гулема дума не кажи. 6991
Гулем кур и през гашчи се познава. 6992
Гулема рана здравее, ама лоша дума се павни. 6989
Гулема снага зашчо ти е куга немаш здраво срце. 6990
Гуска за маска излезе есапот. 10282
Гъз за гъз, поарно својот. 578
Гъз и гашчи. 579
Гъз и нос не знъјет за чест. 580
Гъз преку гла. 581
Гъз пукат. 582
Гъз точит коприна. 583
Гъзот земјојна ти мирисат. 584
Гъзот не велит ејвала. 585
Гъзот не си го помрдвит. 586
Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето. 587
Д'га година — крапа градина. 7036
Д'гокоса — крапоума. 7037
Да 'и купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе 'и пасит. 611
Да бев ти рекол така да речиш, не ќе речеше. 588
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу. 589
Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара. 590
Да беше арно, и господ брат ќе имаше. 591
Да би мирно седело, не би чудо видело. 592
Да бидам неста, колку да поминам на редот. 593
Да видам и да не вервам. 594
Да видиш и да не вервиш. 595
Да врлиш капата и да бегаш од лоша жена. 4424
Да ги продадеме кожите поскапо. 8855
Да го дуниш, ќе паднит 596
Да го заколеше, крв не ќе притечеше. 597
Да го маш, ќе плачит, остај го ќе ти се смејт. 598
Да го насолам да не се смрдит. 4425
Да го немат носон, трева ќе пасеше. 599
Да го облеквиш, да не го раниш. 600
Да го оставите волкот да ги чува овците. 9714
Да го помирисаш, носот ќе ти паднит. 601
Да го раниш, да не го облеквиш. 602
Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата. 603
Да е арна работата и владиката ќе работи. 8856
Да е арна работата, и владиката ќе оре. 6998
Да е глува земја. 604
Да е жив калемот! 605
Да е имал кушо касмет, неќе да е имал куса опашка. 7000
Да е имала касмет Марика, ќе а е оженил владика. 6999
Да е кабил душата ќе му извади. 8857
Да е кабиљ и в пазва би ме клал. 606
Да е мирно седела, не би чудо видела. 7001
Да земиш жена сиромашка, ама да не е лижи-саавка. 4426
Да зинит, ќе те гълтнит. 607
Да зинит, ќе те измъмит. 608
Да знае човек кога ќе умре, гробо сам ќе си ископа. 9715
Да знаеш ка се прди пред оџова кашча. 7002
Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот. 609
Да знъјш не е марифет, марифет е да умејш. 610
Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан. 612
Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата. 613
Да има црна овца касмет, та и јас да сам касметлија. 7004
Да има чоек многу пари и да и крие вземи, фајда не ќе види. 4427
Да имам касмет, неќе владиката да ми ебе жената. 7003
Да имаш два гъза, та еднјот да го рашчиниш. 614
Да имаш не е марифет, марифет е да знъјш да чуваш. 615
Да имаше баба мустаќи, не ќе предеше. 616
Да имаше брашно и мас, и баба ќе посучеше преснеѕ. 617
Да имаше сиромајот к'смет, не ќе беше сиромав. 4428
Да лижнеш, па ќе ти е арам на душата. 7012
Да лижнеш, па ќе ти е ногу. 7013
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт. 618
Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот. 619
Да ми е жив соколон, еребици доста. 620
Да ми е овој ум, а она младост. 621
Да ми е село весело, фурката да си допреда. 8858
Да може сека муа да бере мед бумбаро највеќе ќе собере. 8859
Да може секоа муа мед да бере, бумбаро ќе збере највеќе. 7014
Да му 'и извајш очине, пак ќе прогљат. 624
Да му е жив калемот! 622
Да му е жив на мъжа ми калемот. 623
Да му паднит носон, не се навеждат да си го зејт. 625
Да му речет: „Летат магаре", тој ќе излезит да го видит. 626
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш. 627
Да му цутит јъзикот. 628
Да не бегаа жените, а момите нека одат. 7015
Да не би било не би се думало. 8860
Да не го знъјш, скъпо би го платил. 629
Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е. 8861
Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа. 4429
Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже. 630
Да не зинит, та да не те измъмит. 631
Да не му беше носон, трева ќе пасеше. 632
Да не не носат светот од пазар на пазар. 8862
Да не речат за кучето дека е бесно, и да не е ќе побеснее. 7016
Да не си ја матите водата самите. 10283
Да не ти врнит на свадбата. 633
Да не чуете лага. 8863
Да не чујат лошото. 634
Да немаше темница не ќе ни беше мила светлината. 8632
Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава. 635
Да немаше темница, не ќе ни беше мила светлината. 8864
Да опитвиш не грешиш. 10570
Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит. 636
Да паметвите кога бил дедо ви во Солун. 637
Да прашаш не е грешно, ако луташ е смешно. 9624
Да прднам, ќе умриш. 638
Да растураш е лесно, ама да направиш е тешко. 8865
Да сам ошче еднаш невеста, знам ка да се кланам. 7017
Да се баре, не ќе се наје. 639
Да се греши човечки е. 9716
Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е. 640
Да се живи живите да 'и споменвет умрените. 641
Да се живи предните зъби. 642
Да се нает за какан-ден. 643
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи. 4430
Да се чуа чоек од лошо дури не му дошло. 4431
Да се чудиш и да се древиш. 644
Да си клајш убетка на уше. 645
Да си мирно седело, не би чудо видело. 8866
Да сме живи и здрави па...(се ќе биде). 8867
Да сме живи, да видиме. 646
Да сте кучки триста бачии ќе браните. 8868
Да сте кучќи, триста бачии ќе браните. 7018
Да сум в рај, макар и на крај. 647
Да сум паша, ако со опинци. 648
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит. 649
Да те ритне ат, да не те е јад, а оно магаре. 7019
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога! 7020
Да ти е алал на граот. 650
Да ти е арам лебот шчо го јајш. 651
Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам. 652
Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани. 653
Да ти е жив коњот. 654
Да ти имам младоста, (а) да ти немам срцето. 8870
Да ти ја имам младоста, да не ти го имам срцето. 8871
Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град. 655
Да ти неје уд око!- се вели кога некој ќе се поправи. 8872
Да фатит вол з' опашка, ќе му останит опашката в ръце. 656
Давај с раце, зимај с нозе. 6993
Давај си на царо даноко и на попо колако. 4432
Давај со раце, барај со нозе. 9623
Давала баба пара да се фане, две давала да се пушчи. 6994
Давалец, питалец, на вратата дрискалец. 9717
Дават ле ти зимај, гонат ле те бегај. 8874
Дават ли ти - зиме, гонат ле те, беге. 6995
Дават скржаиот една маслинка да земит мев масло. 4433
Давенико и за сламката се фашча. 6996
Давенико и сенќата лови. 6997
Давеникот се фаќа за сламка 9497
Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа! 657
Дадена ръка, спасена душа. 658
Дај Боже, да сме сите во рај, да ако сме на крај. 4434
Дај вересија, ама на мразо пиши ја. 4435
Дај ми 'и очите да те видам. 659
Дај ми 'и очите да те водам. 660
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми. 661
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко. 662
Дај милостина за греоите да ти се простат. 4436
Дај милостина лебец и чаша студена водица, за поеќе греои да ти се простат. 4437
Дај му влас да му видиш ак'ло. 7005
Дај му власт на човека, па ќе видиш каков е. 8584
Дај му милостиња на сиромав, ако е сакат. 4438
Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец. 663
Дај му на будалата стап, за да ти е скршит глата. 664
Дај му на жена узда, ако сакаш да ти запусти куќата. 4439
Дај му на коњо зоб и сено за да ти носи тоарот. 4440
Дај му на магарето зоб, да ти носи самаре. 7006
Дај му на пијаница милостиња за да се бие шега. 4441
Дај му на слеп очи, и пак да и неќи. 4442
Дај му на човек власт и ќе видиш колку вреди. 9485
Дај му пари, а не ак'л. 7007
Дај на Еѓупка, за да ти се истаи од врата. 4443
Дај на питач, на бога му даш. 665
Дај на поп, а не сакај. 4444
Дај на сиромав милостиња и не чекај да ти ја враќа. 4445
Дај на Циганката, да ти бега од вратата. 7008
Дај нож да се закољам. 666
Дај садака, на господа заем му даш. 667
Дај си мажу жената ти оди во трњето. 8876
Дај си нивата наполу — зиме на третјо. 7009
Дај си, мажу, жената, да ти барај друга. 4446
Дај со раце, барај со ноѕе. 4447
Дај сос раце — тере сос нозе. 7010
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале. 669
Дала баба два гроша да влезе на орото, а сто да излезе. 10084
Далеку од очите, далеку од срцето. 9514
Далеку оди, ама и за дома мисли. 4448
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 1001 до 2000 од 10338

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org