Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Дали стомната ќе удри на камен, или каменот на стомната, лошо е за стомната. 9718
Дан ти се уборит бисерот. 670
Даруј на Еѓупка леб, ако сакаш да те вати некој грев. 4449
Даруш магаруш и не даруш па магаруш. 4450
Даскалска гла — празна. 671
Два гроша — петел, три гроша — крчма. 7021
Два гъза в едно рало гашчи. 672
Два дни во зиме браќа не сет. 4451
Два душмана лежет в една постеља. 673
Два зајака с еден патрон не прават. 7022
Два камена лути не мелат брашно. 8878
Два камења љути не мелат брашно. 9627
Два камења љути не мељат брашно. 8879
Два камна лути не мелат брашно. 4452
Два карпуза под една мишка не се носет. 674
Два ќотега се карет, ама не и два ручега. 679
Два лешника еден орев го кршат. 4453
Два лешника еден орев надвивјет. 675
Два љути камена брашно не мелет. 676
Два остри камења не мељат брашно. 9719
Два пати мери еднаш сечи. 9493
Два пати помисли еднаш кажи. 8881
Два пати помисли, еднаш прозбори. 8602
Два пати речи оп па скокни. 8607
Два петла на едно буниште не можат да пеат. 4454
Два петла на едно бунишче не пејет. 677
Два петла на едно лајно не клофаа. 7023
Два ручега не се карет, а два ќотега. 678
Двајца без душа, третјот без гла. 680
Двајца голи на бања и прилега. 4455
Двајца кога се караат, кој поеќе викат, нему правото му го дават. 4456
Двајца се караат, третиот користи. 10284
Двајца со ист занает ретко се сложуваат. 9720
Двамина аги в една постела не може. 7024
Двапати дава кој бргу дава. 9721
Двапати мери, еднаш сечи. 7025
Двапъти в стъпица не падинат лисица. 682
Двапъти водејнци се зборвит. 683
Двапъти водејнци, трипъти ваљајци се кажвит. 684
Двапъти мери, еднош сечи. 685
Двапъти по очите, еднош по носот, образ и немат. 686
Двапъти удри еднош број. 687
Дваш магаре на дрва и има време да се истркала. 7026
Дваш помисли — еднаш сечи. 7027
Дваш се човек не излаже. 7028
Две глави секогаш мислат подобро од една. 9530
Две гнезда една квачка не може да квачи 8883
Две гнезда една квачка не може да квачи. 8884
Две добра заедни нема. 10571
Две добра на една перница не лежет. 688
Две жени води без гашчи оди. 8885
Две жени пазар, три жени панаѓир. 8886
Две и две секугаш не са четири. 7031
Две и две четири праат. 4457
Две кучиња на едно копанче не јадет. 689
Две лубеници под една мишка не се носат. 4458
Две нозе во еден чевел не влегуваат. 8887
Две ноѕе во еден чел не влегве. 10572
Две раце една уста ранат. 8888
Две раце за една глава. 7033
Две раце за една уста. 9626
Две риби на една скара се печеле и една на другата не си вервеле. 690
Две риби на една скара се печет. 691
Две риби се пекли на еден оѓин — една друга не си верували. 7034
Две ръце една уста ранет. 692
Две умирања нема, без едно не се може. 8889
Двесте овчички, двесте сълзички, триста пенушки, триста песмички. 693
Двете ноѕе в еден опинок. 694
Двете се поеќе, а едното е помалку. 4460
Двујца се пречкаа, третие добива. 7035
Дебела кокошка јајца не носит. 695
Девеесет и девет умој слушај, пак на својот остани. 696
Девет варени и девет печени изедов и пак арно не се најадов. 4461
Девет вели, десет не вели. 4462
Девет сина за фаљба, еден за рана. 697
Деветпъти мери, еднош крој. 698
Девојката млада се љуби, после и нада губи. 9625
Дедо води баба, оти не му даваа млада. 7038
Дека акшам — там сабам. 7039
Дека гарван грака, петел не пое. 7040
Дека го не сееш, там ничи. 7041
Дека го не тераш, там ќе го најдеш. 7042
Дека дим, тамо свадба. 7089
Дека дум — тамо кум. 7046
Дека дума не помага и тојага не помага. 7044
Дека е едно, оно е без дно. 7047
Дека е едно, оно е двамина. 7048
Дека е мајсторо, чирако не е. 7050
Дека е медот благ, тики прстите да си изееме? 4463
Дека е нишката тенка, тамо се преќинува. 7049
Дека е одила козата и јарето ќе оди. 8890
Дека е скакала козата, там ќе скака и јарето. 7051
Дека е текла водата, па ќе тече. 7052
Дека е тенко таму се кине. 8891
Дека жената повела, там кокошка пое. 7053
Дека има дим, там има и огин. 10285
Дека има квачка тамо има и пилиња. 8892
Дека има квачки, там има и пилци. 9722
Дека има ногу ерѓење дрва цепени нема. 8893
Дека има ногу ерѓење, дрва цапени не тере. 7054
Дека има ногу моми, вода не тере. 7055
Дека има слога, има и бога. 7056
Дека јали и пили, там в'пите вили. 7057
Дека кокошка пое, там арно не тере. 7058
Дека ќе умрам, да векот не ќе го сотрам. 4467
Дека нема дош и град е добар. 9723
Дека нема огин, там нема и чурљава. 9724
Дека нема слога, нема ни бога. 7059
Дека пое балтија, не расте корија. 7060
Дека рипа овено, тамо рипа и јагнето. 9725
Дека се е тресло, па ќе се тресе. 7062
Дека се окучило, там се и научило. 7064
Дека се убаво јадење спрема, за маже и место нема. 7065
Дека сеал, там и жнал. 7061
Дека село плувне, там река тече. 7063
Дека сите Турци одат, там и гол Асан. 7066
Дека старио вол потргне, младие не може. 8894
Дека сум црн, да не сум Арап. 4464
Дека сум црн, да не сум Еѓуптин. 4465
Дека сум црн, не сум биол. 4466
Дека те срби, друг не може да те почеше. 7067
Дека шиеш, там се провирам. 7068
Дека шчо јадат, трчај. Дека шчо бијат, бегај. 9726
Дела, а не зборови. 9727
Делата говорат повеќе од зборовите. 9728
Делени круши, спокојни зъби. 699
Дело на видело и секој ќе верува. 9622
Дељми ми цојса коњот, сега и трева до колена нека растит ако сакат. 700
Дељми си магаре, самари ќе се нает. 701
Ден до ден, ноќ до ноќ, поблизу чоекот до гроб. 4468
Ден до ден, ноќ до ноќ, побрзу чоекот до гроб. 9729
Ден и комат. 702
Ден и нож. 703
Ден орање — година јадење. 7069
Ден работи, ден седи, не треба чоек да праи. 4469
Денеска бил богат, утре осиромашел. 4470
Денеска бил жив, утре си умрел. 4471
Денеска бил сиромав, утре обогател. 4472
Денеска везир, утре резиљ. 704
Денеска гълтај, утре џвакај. 705
Денеска за денеска. 7070
Денеска лешник, утре пешник. 10286
Денеска не има, утре не нема, ќе загиниме како пареа. 9730
Денеска о-хо-хо, утре ох и ох. 4474
Денеска ов, ов, утре в гроб. 4473
Денеска свирам, утре глас ќе се чуе. 7071
Денеска се сторил господар, утре гоедар. 9731
Денеска сме, утре не сме. 706
Денеска со пари утре без пари. 707
Денеска со пари, утре вересија. 4475
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори. 4476
Денешната работа не остај ја за утре. 708
Дено се од ѕаранта познава. 7074
Дено се познаа уште од утрината како ќе биде до вечера. 4477
Дено што носи годината не носи. 8897
Деновето си минат като сос крила. 7073
Денот по утрото се познат. 709
Денот се познава по утрото. 8654
Денот треба да го купиме, та да живејме. 4478
Денот што донесуат, годината не носит. 4479
Дења измиќар — ношја господар. 7075
Деребан, доробан калеми ѓирмес. 710
Дери газ — крпи образ. 7076
Дери го, печи го, па си е тај. 7077
Десет јајца таман манџа. 8900
Десетпъти срквите, попара не прајте. 711
Дете ако не плачи, маќа му го не тера. 7078
Дете брго се лути и брго ќе се одлути. 4480
Дете во мајка се тресит. (Многу страв). 8901
Дете да милуаш поеќе со срце, од што со лице. 4481
Дете дури е помало, е помило. 4482
Дете знае и две и двесте. 7079
Дете мало ет како кучето и мачето. 4483
Дете не сум, да ќе плачам. 4484
Дете поризливо секому му е мило. 4485
Дете при машчаа и народ под друга држава потиснен. 7080
Дете смеа не знаи, та затоа за ништо се лути. 4486
Детео се научува да оди от куга почне да пада. 7085
Детето дури е мало, е безгрешно. 4487
Детето и милувај го, ама и потепнувај го. 7081
Детето и милуј го и негде накажуј го. 4488
Детето кога вели кaк a, кaка, и ќе се покака. 4489
Детето куга се роди, името треба да му се тури. 7082
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно. 4490
Детето нека ти е мило на срцето, та и да не е на устата. 7083
Детето повеќе милуве го сос раце отколку сос лице. 7084
Детето се тепа пред да оди на вода. 8613
Детето се чува додека е малечко. 7086
Детето со многу татковци без капа оди. 8902
Децата гајле не берат, затоа и брго растат. 4491
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите. 8903
Децата е поарно да ти се мили на срцето од шчо на устата. 8904
Децата јъже на гуша ти клавет. 712
Децата како будалите, ја кажуваат вистината. 9732
Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат. 4492
Децата напрајле, татковците ќе тргаат. 8905
Децата поеќе ја милуаат играчката од јадачката. 4493
Децата са като роса: сега и има, сега и нема. 7087
Децата се дар од Бога на татка си и на мајка си. 4494
Децата се ко роса: сега 'и имат, сега 'и немат. 713
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка. 4495
Децата си се деца. 9733
Диви волци виеја кај што вино пиеја. 4496
Диви волци виеја кај што пијаници играа. 4497
Диви волци виеја кај што свадба праеја. 4498
Дигнал глава като бивол в просо. 7088
Дин-душман не биди на брата ти. 4499
Длабоките мисли немаат дно. 9628
Длабоките реки тивко течат. 8614
Дни ко црви, сати ко плева. 714
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа. 4500
Дните врват и нам ни се кусат. 4501
Дните му са набрујани. 8906
Дните не ќе се сосаат, а ние ќе се сосаме. 4502
Дните откоа се создал векот, се тие сет. 4503
Дните праат годиње. 4504
Дните се праат од декики. 4505
Дните си врват како вода. 4506
Дните си летаат како со крила. 4507
Дните си летаат како стрела. 4508
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама. 7090
До Богоројца праој, од Богоројца калој. 715
До ке одит вълче, се камен го тълчит. 716
До ке шчо ојт врана, се е пострано. 717
До очи радост, до зъби сладост. 718
До очи — свет, до заби — старост. 7123
До св. Дув не оди без кожув. 719
Добар ко добар ден. 720
Добар сосед, добро утро. 9734
Добра земја, лош закон. 9735
Добра чорба во старо грне. 9736
Добрата жена куќата отвора, а лошата - за твора. 4509
Добрата мајка не вели дали сакаш, таа дава. 9737
Добрата работа сама се пофалуа. 4510
Добрата работа чоека обогатуа. 4511
Добрата реч оит надалеку, а лошата уште понадалеку. 4512
Добрата стока сама се фали. 10287
Добре дошла, неољо, ако си сама дошла. 721
Добри јунаци — добри коње вјааа. 7091
Добри пријатели од браќа се помили. 4513
Добри пријатели тесно помеѓу себе врзани. 4514
Добри пријатели, ама и добри есапи треба да имаат. 4515
Добри пријателје и од братја са помили. 7092
Добрината брго се забораа, а лошотијата не се забораа. 4516
Добрината со добрина се враќа. 9621
Добрината со добрина се плаќа. 4517
Добрио владика за светец сам не се слага. 4518
Добрио владика и поп црква проповедуа. 4519
Добрио владика на сиромаси помага. 4520
Добрио владика народот со двете очи го гледат. 4521
Добрио владика не гледа од народот пари да граба. 4522
Добрио владика не се големеит в црква. 4523
Добрио владика откоа ќе умрит, ќе се паметуат. 4524
Добрио лаф железни врати отворва. 8907
Добриот глас надалеку се слуша. 9484
Добриот другар во неволја се познава. 8908
Добриот збор, железна врата отвора. 9629
Добриот овчар треба да ги стрижи своите овци, а не да ги дере. 9739
Добриот човек прилега на будалиот. 9738
Добрите луѓе се неќат од лошите, така и лошите од добрите. 4525
Добро веднаш не иди, а лошо иди. 4526
Добро вечер свекрво, дали праеш макало. (Велат за мрзлива жена). Макало е каша која се прави од браш 8910
Добро име е подобро од големо богатство. 9740
Добро со добро се враќа. 9741
Добро утро му реков, беља си најдов. 722
Добро утро! — Фашчам рипчиња! 723
Добродетелта е награда сама за себе. 9742
Доброто вино само се фали. 9743
Доброто лесно се заборавјат, а лошото никогаш. 724
Доброто се дели като зејтине вов вода. 7093
Доброто се памти, лошото повеќе. 10288
Доброто се слуша надалеку, лошото подалеку. 10289
Доброто со пари не се плашчат. 725
Договор куќа не уриват. 726
Додака те не подлази чужџа вошка, нема да се почешеш. 7110
Додека детето не заплаче, маќа му не го дига. 7094
Додека дишам се надевам. 9744
Додека дое пашата, одева ти душата. 7095
Додека думаш, до там знај. 7096
Додека душа к'ца, ќе гнета. 7097
Додека е млад, оди сос две, после сос три и на крае сос четири. 7098
Додека е млад, секуј го иска, остаре ле, нико го неќе. 7099
Додека има брашно, не е страшно. 7100
Додека има гуски, ќе има и подварок. 9487
Додека има сол, за кат'к нема да умреме. 7101
Додека кучката не дигае опашката, кучињата не трчат по неа. 7102
Додека кучката не дигне опашката кучињата не трчат по неа. 8911
Додека не го видиш дрвото, не седнуве под него. 7103
Додека не дувни ветро, лисјата не паднуваат. 8912
Додека не лишнеш, нема да засмрди. 7105
Додека не паднеш, не можеш да станеш. 7104
Додека не рипнеш, не вике оп. 7106
Додека не строшиш орео, не мож да изадеш јатката. 7107
Додека си жив, да си здрав, та ако си сиромах. 7108
Додека те не заболи, не викаш: ох. 7109
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш. 7111
Дож врнало, грмело, ти оди си по пате. 7112
Дож врне, друм врви. 7113
Доигра орото, се шчина гајдата. 727
Дојде Алија в џамија. 7114
Дојде гос, расипа пос. 4527
Дојде гост, растури пост. 10290
Дојде Ѓурѓовден, чекај го Митровден. 10291
Дојде зетот, фукнете му го самарот. 10292
Дојде коса до камен. 7115
Дојде коса до камена: ја косата ќе се крши, ја камено ќе се кршит. 4528
Дојде ле косење, дојде и пички просење. 7116
Дојде ли Митроен, чекај си Ѓурѓевден. 4529
Дојде му умо, куга си ојде кумо. 7117
Дојде Танас, дојде лето у нас. 728
Дојди, бре зло, оти без тебе уште позло. 4530
Дојдоа дивите ги нападија питомите. 8913
Дојдоа дивите, ги нападија питомите. 10097
Дојдоа дивите, искараа питомите. 7118
Дојдое дивите, 'и истерае питомите. 729
Доќина ѓаволо опинците. 7124
Долг стап, кратка постапка. 10293
Долгот лаже, а гладот краде. 10294
Должникот е слуга на позајмувачот. 9745
Дома и стреите помагаат. 8914
Дома кукла надвор панукла е. (Лицемер). 8915
Дома панукла, надвор кукла. 730
Дома седам, ама Стамбол шетам. 4531
Домазет — црн гал. 731
Домаќинката го носит домаќинот на лицето. 732
Домаќинката се познат по лицето на домаќинот. 733
Домаќинот је носит домаќинката, а таја него. 734
Домашарско куче овци не чува. 7119
Домашние есап не излази на пазаре. 7120
Домашниот есап на пазар не излегува. 9519
Домашниот есап чаршија не излегвит. 735
Домашното куче овци не паси. 8917
Домозет е црн гарван. 7122
Домозет, борчлија и трескалија не мож да и познаеш кој шчо е. 7121
Донеси му на попо пагуро за да даит блаосоот. 4532
Досега ручал и тој шчо 'и загинал сите кози. 736
Досољникот на софра, пресољникот по плешчи. 737
Доцкна женидба, рани сираци. 738
Доцна е да стегаш откоа ќе немаш. 4533
Дочекуве по капата, испрашче по ак'ло. 7125
Дошла краста при шуга. 739
Дошло време да се рои пчелата, ќе излева од кошарот. 8919
Дошло му е јајцето на газо. 7126
Дошло си од туѓина, сакат да му платат киријата. 4534
Дошол акот на стопанот. 740
Дошол гост на гола кост. 741
Дошол гост, расипал пост. 742
Дошол гробу на врата, и пак од лошо не се остаат. 4535
Дошол невикан, отишол напран. 743
Дошол нож до коска. 744
Драм памет вреди, него ока сила. 7127
Дрва што берат, непара се обогатуат. 4536
Дрвен господ секој оправува. 7130
Дрвената маша оган не носи. 8920
Дрвјата растат на земјава за доброто на чоештината. 4537
Дрво се вие додека е зелено. 7128
Дрво се потпира на дрво, а човек на човек. 7129
Дрвото дури е зелено се виет. 8921
Дрвото се познава по плодот. 9746
Дреми како млада невеста. 8922
Дрено се витка дури е зелен. 8925
Дрео и камен да седит, тој не седит. 745
Дрео на дрео се накрепвит, а чвек на чвека. 746
Дреоно се виткат дури е младо. 747
Дреото од рај излегло. 748
Држ ме мајко, се посрав. 10295
Држ' пријатело чесно и верно за да не го изгубиш брго. 4538
Држ'ми копилето, да се посмеам на ороспијата. 8926
Држи се да не падниш. 749
Држи се дури не си паднат. 750
Држи се за новите пътишча и старите пријатели. 751
Држи се като слепец за тојага. 7131
Држи си го в р'ъка, да не ти е мъка. 752
Дрндест гъз, крвав нос. 753
Дрнкало ле е ралото, и српо ќе дрнка. 7132
Друг ваде кошчаните, а друг ги јаде. 9747
Друг збира стока со мака, друг ќе јади без мака. 4540
Друг збира, друг ќе јадит што не спечалил. 4539
Друг зина, друг се причести. 4541
Друг јади јагуридата, друг тргат оскомината. 4542
Друг јајцата и изеде, другему останаа лупешките. 4543
Друг пасит овците, а друг берит ругата. 9748
Друг праи грешката, друг трга џезата. 9749
Друг сади дрвото, друг јади плодо. 4544
Другарувај со мечката, а држи се за секирата. 10296
Другему било како било, мене ми се збило. 4548
Други 'и пасит овците, други је стрижит вълната. 754
Други јајт сливи, други фашчат оскомина. 755
Други ти кројт капа. 756
Друго време, други ум. 757
Друго кројат глувците, друго мачорот. 4545
Друго мисли кираџијата, друго анџијата. 4546
Друго мислит, друго ти зборуат. 4547
Дружба си е дружба, служба си е служба. 758
Дуват и на мъшчејнцата. 759
Дувни си и плукни си пазуа за да немаш пијаница в куќа. 4549
Дуј, не ломоти. 760
Дуќан на ќоше не збира муштерии, ами ќошето збира. 4572
Дуќанот сакат скршена нога. 791
Дума дупка не отвара. 7133
Дума дупка не прави, ама ритканица прави. 7134
Дума дупка не прави. 8929
Думам ти, сине — сети се зете. 7135
Думам, ти, шчерко — сети се снао. 7136
Думите се потешки и од камен. 10297
Думичка дума ствара. 7137
Дупит, та врвит. 761
Дупната торба никогаш не се пълнит. 762
Дупни дупче, клај коренче, скокни, мокни, повади го. 763
Дур идеш до пашата, одева ти душата. 7138
Дур не прдниш, не смрдиш. 10298
Дури да бидит есенеска, нека бидит денеска. 764
Дури да му дојт на богатиот ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата. 765
Дури да речиш круша другиот ја чукнал. 8930
Дури да речиш ќиселина, речи мед. 766
Дури да се страмам одоѕади, поарно да се страмам оцпреди. 767
Дури да се умат умните палајте ќе го поминат векот. 8931
Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот. 4550
Дури е здрав чвек и водата му е блага. 768
Дури е млада жената, пули је се во ноѕете и во гръдите, ко ќе остарит, пули је се во ръцете. 769
Дури е младо детето, се учи. 4551
Дури е младо дрвото се вие. 8932
Дури е чоеко жив, барем да е здрав, да ако е и троа сиромав. 4553
Дури еднему не му се стемнит, другему не му се разденвит. 770
Дури и лајната во гъзот му варет. 771
Дури има волој, ќе има и јареми. 8934
Дури имат волој, ќе имат и јареми. 772
Дури имат коњи, ќе имат и амути. 773
Дури имат магариња, ќе имат и самари. 774
Дури ја имаш парата стискај ја. 8935
Дури не видиш куп земја, не плачи. 9750
Дури не видиш реката, не собуај гаќите. 4555
Дури не викнале по песо дујда, да веднаш ќе си свие в газ опашката и ќе бега. 4556
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит. 4557
Дури не врлиш во нива семе, не никнуа, а за трње си растат несеани. 4558
Дури не врлиш рипче, не наоѓаш крапче. 4559
Дури не даиш девет, не земаш десет. 4560
Дури не заплачит детено, мајка му не му дат да цицат. 775
Дури не и згазиш на змијата на опашката, не те клукнуа за ногата. 4561
Дури не ја ватиш работата, сама не се сработуа. 9751
Дури не ја стапниш змијата на опашката не те каснува. 8936
Дури не је кренит кучкана опашката, не трчет кучиња по неја. 776
Дури не је опериш мечката, не продај је кожата. 777
Дури не къснит рисјанин лајна, Турчин не късвит алва. 778
Дури не мрдни кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа. 4562
Дури не мрдни кучката со опашката, не трчаат кучињата по неја.Ѓаоло ако изел зелнико, тепсијата е на 8938
Дури не мрднит кучката со опашката , не трчаат кучињата по неа. 8939
Дури не му дојди времето, не пукнуат грнето. 4563
Дури не плачи детето, не му даат мајка му цицето. 4564
Дури не посеиш, нема што да жниеш. 4565
Дури не прдниш, не посмрдвит. 779
Дури не пукнит, не се слушат. 780
Дури не речиш едно две не се велат. 8940
Дури не се излажиш, не можиш да се научиш. 4566
Дури не се изматит водата, не се ваќат риби многу. 4567
Дури не се истушит, не се празнит, 781
Дури не се ишчинит, не се крпит. 782
Дури не се намъчиш, не се најадвиш. 783
Дури не се расипит, не се прајт. 784
Дури не те полазит чужџа вошка, немаш свој. 785
Дури не ти се посерит чужно куче во ќесето, не се прајш богат. 786
Дури се думет умните, будалите си го врвет веков. 787
Дури си мал, оди на даскал. 4568
Дури сме живи, се пари сме. 4569
Дури срце не заболит, око не заплаквит. 788
Дури сум жив и здрав, се пари сум. 789
Дури те честат светот, чести се и ти. 4570
Дури те честат, чести се. 4571
Дури чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит. 790
Духна ле му под опашката. 7139
Духот е добар, но телото е слабо. 9752
Душа дава, пари не дава. 9753
Душа е мила, ако е без кошула. 9754
Душа нека строи ки да здраве, ако не за дан а оно утре. 8941
Душа носиме, душа не поелвиме. 792
Душа од мрша лесно не се делит. 793
Душата во носот си је носит. 794
Душата да му излезит чоеку, лошо име да не му излезит - окото да му излезит чоеку лошо име да не му 8942
Душата ѕвонец не носит. 8943
Душата не се мери со лакти. 10299
Дълга болест полоша од смрт. 795
Дългокоси — кусоумни. 796
Ѓаволо ќине гашчите. 7141
Ѓаволо ни оре ни копа, ни работа си има. 7140
Ѓаволо се посира и в новите гашчи. 7142
Ѓаволо си немал работа па си ебе децата. 7143
Ѓаволо стига насекаде. 7144
Ѓаволот е многу јак, шета по ден и мрак. 9632
Ѓаволот кози немаше, а сирење продаваше. 10300
Ѓаволот не сака крстена вода. 9755
Ѓаволот не се смее, ниту сонце кога грее. 9631
Ѓаволот немал работа, си ги давел децата. 10301
Ѓаволот ни ора ни копа, каде ќе стаса таму ропа. 9633
Ѓаволот ни ора ни копа, со луѓето џумбуш прави. 10098
Ѓаволот никогаш не мирува. 10302
Ѓаволот ниту ора ниту копа. 9505
Ѓаволот пријател нема, ако се добериш друго ти спрема. 9634
Ѓаволот што не може, може жената. 10303
Ѓаконот е верски слуга, не оди во црква туѓа. 9630
Ѓаолот во трска го затворат итриот. 4574
Ѓаолот и во чоек се препраат коа да сакат. 4573
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, ја нишат вратата. 797
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, правит влакна. 798
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, си и перит децата. 799
Ѓаолот не спијат. 800
Ѓаолот ни ора ни копа со луѓето џумбуш прави. 8818
Ѓаолот ни орат ни копат. 801
Ѓаолот ни орат, ни копат, само гљат пакост да ти напрајт. 802
Ѓаолот ни орат, ни копат, само и учи луѓето да се неќат. 4575
Ѓаолот ни себеси не си мислит добро. 10304
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит. 803
Ѓаолот од темјан бегат, затоа в црква кадат. 4576
Ѓаолот се сакал да бидит, само чирак и војник не. 804
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат. 8819
Ѓаолската кожа и за тъпан не чинит. 805
Ѓаури глата кренале. 806
Ѓаурска пушка не пукат. 807
Ѓаурска сабја не сече. 10305
Ѓаурска сабја не сечит. 808
Ѓаурски глај како тикви. 809
Ѓон имат на образон. 810
е и магаре, исто е. 10320
Ебаниот човек и борчлијата никогаш не заборават. 10085
Ебењето у газ и двајцата ги боли. 8605
Евангелието кој го слушат и го веруат, тој се спасуат. 4578
Евангелието кој не го слуша, нема добра душа. 4579
Еве 'е татко в торба, се најде украдената капа. 4580
Евтините круши многу се поскапи. 4581
Евтините круши са ногу поскапи. 7145
Евтиното месо ни кучиња не го јадет. 811
Ега се посереш од варена лешча. 7146
Ега си дома не умреме да си плашим децата. 7147
Ега си клекав на ѕадните нозе. 7148
Ега те главна р'гне та да светиш като камион. 7149
Ега те с борна терам. 7150
Еден ак'л за дека да е понапред. 7151
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет. 812
Еден в клинец, друг в плоча. 7152
Еден вълк на едно стадо му е доста. 814
Еден гљат клечка, а другиот мечка. 815
Еден го бијат тъпанот, други 'и собират парите. 816
Еден гроб е и за богат и за сиромав. 817
Еден ден радост, илјада дни жалост. 9756
Еден дирек две кшти не може да допира. 8944
Еден драм милос да има чоеко, одошто ока алт'ни да дават в црква. 4582
Еден дробит, други сркат. 818
Еден душа бере, друг кур топори. 7153
Еден е Аџе шчо го држит султан Амида под гъз. 819
Еден за душа, друг за гуша. 7154
Еден за сите, сите за еден. 820
Еден знае едно, друг друго. 4583
Еден јајт ќисело, други фашчат оскомина. 821
Еден је сакат попаѓата, други попската ќерка. 822
Еден јъзик, а две очи чвек имат. 823
Еден јъзик, а две уши чвек имат. 824
Еден како ниеден. 9757
Еден комита, двајца шпиони. 8627
Еден мажи, друг жени. 4584
Еден мајката ја милуа, друг ќерката. 4585
Еден по пътот, други крај пътот. 825
Еден по пътот, другиот в трње. 826
Еден прави, друг ќе носи. 10099
Еден прави, друг трга. 9758
Еден прајт, мноѕина тргет. 827
Еден работи — ногу јадат. 7155
Еден свадба, друг брадва. 7156
Еден се мурти, други се љути. 10573
Еден се родил да сејт, а други да пејт. 828
Еден сее, а друг жнее. 9759
Еден си е памет — дали за зиме или за лете. 7157
Еден син да има чоек и прокопсан, вредит за десет. 4586
Еден тупа тапане, друг собира брашното. 7158
Еден ум имам: дали за лете, дали за зиме. 4587
Еден ум чвек имат. 829
Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме. 830
Еден умира, друт го навира. 7159
Еден час наутро вреди колку два навечер. 9760
Еден чвек не мојт се да знъјт. 831
Еден чоек плачит, а друг се радуа. 4588
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола. 4589
Еден шугав коњ чеша друг. 9761
Една беља да е, со шеќер да је јајш. 832
Една беља не е беља, сто бели се беља. 833
Една врана ќе дрисне, се ќе посере. 7160
Една гла две капи не носит. 836
Една гла — една капа. 834
Една гла — една шија. 835
Една гора се дига, друга се слага. 7161
Една грешка — вечна мака. 4590
Една душа што ќе излегуат утре, нека излезит денеска. 4591
Една душа, една гуша. 10306
Една душичка опште стое - кога некој многу ќе се разболи. 8945
Една земја, два господара. 10100
Една камбана за две села не чука. 7162
Една кашча не прави село. 7163
Една краста коза цело стадо ќе го окрастајт. 837
Една ластовица не прави пролет. 8946
Една ластовичка не ја чини пролетта. 9528
Една ластовичка не носи пролет. 10307
Една ластојца не прајт пролет. 838
Една лоставица не чини пролет. 7164
Една нула — една кула. 839
Една овца не бива бачија. 7165
Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеит волкот. 4592
Една пара работа му свршил, а сто гроша штета му сторил. 4594
Една пара — мала стока, а за голема дужбина. 4593
Една прачка лесно се крши, ногу прачки не се кршат. 7166
Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно. 4595
Една суроица една кола грнци искршуат. 4596
Една та вредна, ногу та ништо. 7167
Една уста, а две ръце чвек имат. 840
Една уста, аљ' за смеење, аљ' за плачење. 841
Една штета сто гревови. 8629
Едната нога за земја, другата на узенгија. (Се готви за на туѓина). 8948
Едната рака другата ја мие, а обете лицето. 4597
Едната ръка је мијат другата, а двете лицето. 842
Едната ръка је мијат другата, за да се и двете бели. 843
Едната ръка је мијат другата. 844
Еднаш излажи — повеќе не требе. 7168
Еднаш крадец, секогаш крадец. 9762
Еднаш ќорав од брег рипа. 7174
Еднаш прогоори, дваш слушни. 4598
Еднаш се водата одбива. 7169
Еднаш се пиле на рамо ставува. 7170
Еднаш се раѓа, еднаш умира чоек. 4599
Еднаш се ражџа — еднаш се умира. 7171
Еднаш се сее — еднаш се жние. 7172
Еднаш се уврат растура. 7173
Еднаш човек излаже. 7175
Еднему мајка, а другему маштеа не биди. 8949
Еднему мајка, другему мъшчја. 845
Еднему со лајца, другему со пајнца. 846
Еднему татко, другему очув не биди. 4601
Едни во осој, други во присој. 10308
Едни закопуваат, други се топорат. 10309
Едни луѓе збеснеле од јадење и од пиење. 4602
Едни луѓе остареле и пак не се одлошиле. 4603
Едни неќаат да работат, ами сакаат да се обогатат. 4604
Едни очи, аљ' за радвење, аљ' за плачење. 847
Едни плачет, други се смејет. 848
Еднио едно рекол, друг друго — и се погодиле. 4605
Еднио едно, рекол и другио илјадо и се погодиле. 4606
Еднио умира од глад, а другио го прашал што ручал. 4607
Едниот в клинецот, другиот в плочата. 849
Едниот викат, другиот не слушат. (Лошо извршена работа). 8951
Едниот го бараш, другиот го нема. 850
Едниот ќор, а другјот слеп. 851
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види. 4608
Едно дете — не е дете. 7176
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца, рекол натемаго ѓаолот. 852
Едно зло никогаш не доаѓа само. 9535
Едно кроат глувците, а друго мачќите. 7177
Едно магаре брезо не е. 853
Едно магаре вода не знъјт да напијат. 854
Едно магаре на сто в'ци нишчо не е. 7178
Едно мислет глуфците, а друго мачката. 855
Едно мисли — друго прави. 7179
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот. 856
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт. 857
Едно мислит, друго зборвит. 858
Едно на срце, а друго на јъзик. 859
Едно на срце, а друго на лице. 860
Едно на срцето — друго на јазико. 7181
Едно на срцето, друго на јазикот. 8952
Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик. 861
Едно на ум, друго на срце. 862
Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста. 863
Едно око домакинско свршвит појќе работа, отколку два ръце измеќарски. 864
Едно око, едно кале. (Многу красна мома или жена). 8953
Едно прсте — едно газе. 7180
Едно сери, друго бери. 865
Едно скапано јаболко ќе ги расипе другите. 9763
Едно цвеќе само во гората не сејт. 10310
Едно чвек кројт, друго господ прајт. 866
Едному со лажица, другему со паница. 10311
Еднош се зафашчат. 867
Еднош се умират. 868
Еднош чвек се рожџат, еднош умират. 869
Еднош чвек се рожџат. 870
Еѓупка не белејт. 871
Еѓупката и царица да бидит, пак ќе просит. 4609
Еѓупката је клале царица, а таја ќинисала да питат. 872
Еѓупката не умрела од шегата. 873
Еѓупката си го носи детето в торба. 4610
Еѓупката со стапо ја рани куќата. 4611
Еѓупката страм нема, затоа си пита. 4612
Еѓупска сила, трње вршила. 874
Еѓупска торба без дно. 875
Еѓуптино и маша да има, па огно со рака го ваќа, на лулето да клава. 4613
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: „Шчо ќе прам за леб"? 876
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил. 877
Еѓуптинот кога имат пекмез, не заспивјат дури не го изејт. 878
Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит. 879
Еѓуптинот не умира за јадење, оти ако не му донесит Еѓупката, тој сам ќе си пропитат. 4614
Еѓуптинот под черга лежит, а Еѓупката по село пита. 4615
Еѓуптинот стока не збира, оти парите си и пие на меана. 4616
Еѓупците и пари да имаат, пак чес немаат, оти сами не се честат. 4617
Еѓупците кога имаат пари, цел ден си пијат по меани. 4618
Еѓупшчината е без пари. 880
Ее, душа не излеве сус кулај. 8954
Ежоа трева мнозина бараат за азно да отворат. 4619
Ежут гу тержт уф копринжте, он беѓе ф капинжта. 8955
Езеро со лопата не се лејт. 881
Езероно млеко да се сторит, за него ќе немат олџица. 882
Езико коски нема, ама коски крши. 8956
Еќим душа не дава, ама болние полесно оздравува. 7194
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат. 4626
Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше. 4627
Ела зло без тебе дабетер. 8957
Ела зло, зашчо без тебе ушче позло. 883
Ела лебу, да те јадам. 884
Еле сме си ние, лесно е. 7182
Ем ага, ем чалма не бива. 7183
Ем боли, ем срби. 7184
Ем волкот сит, ем овците на број. 9486
Ем врзан — ем сопнен. 7185
Ем втесен, ем бесен. 885
Ем гол, ем зол. 4621
Ем крив, ем див. 886
Ем криво, ем ритливо. 7186
Ем курвува, ем џуап дава. 7187
Ем му се иска, ем не му стиска. 7188
Ем не можи, ем не оди. 4622
Ем некадро, ем немадро. 887
Ем овците на број, ем волкот сит, ем пастирот спокоен. 10072
Ем стрижена, ем бричена. 8958
Ем трчи, ем фрчи. 7189
Ем фтесин, ем бесин. 8959
Ем шуто, ем бодливо. 7190
Ем шуто, ем буцат. 888
енулка — црнулка. 7210
Ер шчо да зафатиш помисли каков ќе му бидит крајот. 889
Ергенл'к везирл'к. 4623
Ерѓен везир, женат резиљ. 890
Есап вижџање — половин плашчање. 7191
Есап китап — торба и стап. 4624
Есап па касап. 7192
Есап прво стори, да после касап. 4625
Есап, касап, торба и стап. 891
Есен богата, зима рогата. 892
Ето ја сабјата, ето го наквалното. 893
Етрва на етрва зелен венец не вие. 7193
Ефтиното месо и кучињата не го јадат.Жаба на суо не крекат. 8960
Ефтиното месо ни пцетата с масло го неќат. 7195
Жeната моја детето туѓо. 8961
Жаба да се помочат не се излегвит од кал. (Местото многу е кално). 8962
Жаба на суво не кркат. 894
Жаба на суво не крчит. (Без поткуп не го бива). 8964
Жаба не е риба. 895
Жабата видела како коват, и она си подала ногата. 8965
Жабине се плашет од шчркој, а женине од старост. 896
Жабите се плашат и од зајаците. 4628
Жаден кон вода не пробира. 7197
Жаден коњ матна вода не гледа. 8966
Жал и радос од кај му се раѓа на чоекот, никој уште не знаит. 4629
Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат. 4630
Жалта, радоста се познаа во лицето од чоеко. 4631
Жалта, радоста се познава на лицето на чоека. 9764
Жар на меот да си клајш, пак не те вервам. 897
Жеден коњ матна вода не гледа. 8967
Жеден коњ мътна вода не одбират. 898
Жеден преку вода те (го) поминал. 8968
Жеден преку вода те поминал. 899
Жедна магарица извор вода сонува. 9504
Жедна мечка и роса лижит. 900
Жедниот и матна вода не одбира. 10312
Желба греа нема. 7198
Железоно се којт дури е џешко. 901
Железото дури е топло, се чукат. 4632
Железото железо трие, а збороите умо. 4633
Железото и дрво и камен сечит, ама и него 'рѓата го јадит. 4634
Железото се кове додека е жешко. 7199
Железото се остри со железо. 9765
Железото се чука додека е вруќо. 8971
Жена ако а не биеш, ќе ти се качи на врато. 7200
Жена без маж и маж без жена — за кауѓери и прилега. 4635
Жена вера немат. 902
Жена години и мъж пари никојпът не кажвет. 903
Жена долгокоса плиткоума. 8972
Жена доугокоса, краткоумна е. 8973
Жена е зло без кое не се може. 8974
Жена и змија едно се. 904
Жена и змија не се за вервање. 905
Жена и мачка едно се: ти је мазниш, та ќе те драпнит. 906
Жена и мачка мъчно умирет. 907
Жена и мачка се со по девет души. 908
Жена и пушка другему не се давет. 909
Жена и свиња од село не зимај. 7201
Жена кавгаџија прилега на змија лутица. 4636
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија? 4637
Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа. 4638
Жена лоша — вечна мака. 4639
Жена миразлика дека иска мажо ќе си го води. 7202
Жена млада и вино старо земај. 910
Жена мрзелива мезе на вошките бидуа. 4640
Жена му му је носит капата. 911
Жена недугаа оди расплетена. 4641
Жена нетепана и мотика неклепана не бива. 9766
Жена пијана ет како улаа свиња. 4642
Жена по модата и маж по водата. 7203
Жена прокопсана куќата ја отворат. 4643
Жена работница ноќе 'е свети куќата. 4644
Жена работница одит засукана. 4645
Жена синор нема. 8975
Жена со пари се купуа, ама по селата. 4646
Жена сос пари не се купува. 7204
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда. 4647
Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води. 4649
Жена што лиже тис не лижеш. 7207
Жена што се боит од Бога секој ја милуа. 4648
Жена што шета по комши, дома здрава не си иди. 4650
Жена, коњ, пушка — не се даат на туѓа рака. 4651
Жената - рај, жената - пекол. 8976
Жената го носит мъжот на лицето, а мъжот жената на рутишчата. 913
Жената го прајт мъжот и домаќин и недомаќин. 914
Жената е долгокосна, а кусоумна. 9767
Жената е како куче: лае, но не гризе. 10313
Жената е како патка, трајт и на студено. 915
Жената е како тирен чараб — се тегнит. 916
Жената е ко врба — ке да је посадиш, таму растит. 917
Жената е ноќно кукајче. 918
Жената е ношен даскал. 7205
Жената е од опашката на ѓаволот. 9768
Жената е рај за мажот ко ќе је арна. 919
Жената е три дена пред ѓаолот родена. 10314
Жената Ева сопрво згреши, а после мажо. 4652
Жената ет долгокоса, а краткоума. 4653
Жената знъјт за „дај мъжу", а не за „дај боже". 920
Жената има 99 дупки, а иска 103 полупки. 7206
Жената имат за секого пълна торба сълзи. 921
Жената колку е блага, толку е горчлива. 8977
Жената му вели на мажа си донеси, да кај сака нека си најдит. 4654
Жената не го кажвит само то шчо не го знъјт, а од то шчо знъјт само годињето. 922
Жената не е цвеќе да го помирисаш, за да знъјш какво е. 923
Жената од Бога е блаосоена да му бидит на мажо помошница. 4655
Жената се смејт ко ќе мојт, а плачит ко ќе сакат. 924
Жената у црква е ангел, а дома ѓаол. 10315
Жената што шета по комшии дома здрава не си оди. 8979
Жената — рај, жената — пекол. 912
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула. 4656
Жени се млад, рано е; жени се стар, доцкна е. 925
Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати. 4657
Женило — црнило. 7208
Жените в црква вреват, а мажите муабет си чинат. 4658
Жените во полки кадифени, а мажите во сенети борчлии потпишани. 4659
Жените му баат на болните, ама и му пеат со попоите. 4660
Жените непара се благодарни од мажите. 4661
Жените одат на бања, ако мажите му лежат апсаана. 4662
Жените поеќе од мажите и веруаат маѓиите. 4663
Жените проносија шаторчина, а на мажите му излегло перчето низ капата. 4664
Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата. 4665
Жените се плачат од мажите, а мажите од жените. 4666
Жените сега и повелаат мажите и си играат со нив како мачките со глувците. 4667
Жените сет пофодули од мажите. 4668
Жените си стојат по портите во празниците, а мажите му си пијат по меаните. 4669
Жените сиромашки се облекле во кондури сан'клии, ако се со борч од кондураџии се купени. 4670
Жените со ластики, мажите без парички. 4671
Жените со пари си 'и купуаат мажите, ама во градоите. 4672
Жените со ф'стањето копринени, мажите со бечвите искинати. 4673
Женичка душичка. 8980
Женски гроб немат в поле. 926
Женските сълзи се солени. 927
Женско кога се раѓа, стреите плачат. 10316
Женско куга се роди и стреите плача. 7209
Женско срце — тирен чораб, се ширит. 928
Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои. 4674
Женцките ѓаолштини и ѓаоло не и знаи сите.За брада е мака, а за чешли колку ти душа сака. 8981
Женцките ѓаолштини и ѓаолот не 'и знаи сите. 4675
Жетвар без срп не бива. 7211
Жетвар без срп не може да биди. 8983
Жив в земи не се влегвит. 929
Жив во земја не се влегува. 8985
Жив земја влази ле се? 7213
Жив та клет. 8986
Жива душа без грех не оди. 7212
Живеет ко золва и сна. 930
Живеет ко куче и маче. 931
Живеет ко сна и свекрва. 932
Живејт ко бубрег во лој. 933
Живејт ко гајдаџија. 934
Живејт ко зъјак в трње. 935
Живејт ко куче под стрја. 936
Живејт ко пците на Василица. 937
Живејт ко скрежец. 938
Живејт колку да имат љуѓе на веков. 939
Живот и здравје и добра мисла кога да има у чоека, не му треба многу стока. 4676
Живот је мердиван, еден слага, друг се качуе. 9769
Живот по сосила. (Мачно живее от болест или од бедност). 8987
Живот со пари не се купуат, оти дар од Бога се дават. 4677
Животот на човекот на земјата е борба. 9770
Животот од чоека ет помил од стоката. 4678
Жиот без стега не е жиот. 940
Жиотот му го гљат, мъката не му је гљат. 941
Жито без гадл'к не бива. 7214
Жито се мелит, брашно не падинат. 942
Житото на снопо дооди. 7215
Житото пукнало од просото. 943
За алкот мрсуљ, за мене сокол. 944
За арап се омажив. 945
За арчење пари колај, ама за печалење е тешко. 7216
За атар и во огно се фрла. 10574
За атар и печена кокошка се јајт. 946
За атар лајна не се јадет. 947
За бадијала будалата ја гази земјата. 4679
За бадјала и мама на тате не му дат. 948
За бадјала работај, забадјала не седи. 949
За биол слама, а за мачка риба. 4680
За брада е мака, а да за чешли колку ти душа сака. 4681
За брата до море, за љубе преку море. 950
За будалата нема лек. 9771
За бълвата јорган горит. 951
За в'ко думе, в'к ќе дојде. 7219
За вкусовите не се дискутира. 9772
За вълкот броено немат. 952
За вълкот зборвиме, а тој зад врата шчутел. 953
За гаска маска. (Скапо ќе ти се фане). 8988
За глобавање ќе те глобат, капа нема да ти купат. 7220
За голема гла, голема капа требит. 954
За грош петел, за грош пејт. 955
За гуска ојт маска. 4682
За гуска — мъска. 956
За да го запознаеш човеко, ќе излижеш сто ока сол. 7221
За да има чоек многу пари, треба ноќе-дење да работи. 4683
За дељвачот оптегачот. 957
За деца ражџање и врапците знаат. 9773
За думање многу, за пиење нишчо. 958
За Ѓурѓа и Ѓурѓовден. 959
За Ѓурѓовден јагниња се колет, а не овци. 960
За една болва не гори ја целата черга. 4684
За една кола грнци една ластварка е доста. 961
За една лајца пилаф дури на Ѕвезда. 8989
За една олџица ошмара дури Ѕвезда. 962
За една олџица пиљав дур на Пиљав Тепе. 963
За една пара не го веруаат тој што не си плаќат. 4685
За една пара се неќи лошото от никого. 4686
За една пара се обесуа. 4687
За една рака урда ошол дури на Бистра. 4688
За едни луѓе бричењето му е скапо, а пиењето му е евтино. 4689
За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта. 4690
За едно зрно чејнца рапчено се фашчат в стъпица. 964
За едно јаболко ошол дури на Тетоо. 4691
За жалење сет и тие што даваат на пијаниците пиење. 4692
За жалење сет пијаниците, оти губат дните и парите. 4693
За жената јуда е парата, а за мъжот јуда е жената. 965
За жените и ѓаолот е бел. 966
За инет и врешче сољ се јајт. 967
За инет и Марко Крале би се потурчил. 968
За инет се потурчвит. 969
За кого е речено не е печено. 8990
За коњ што трча не треба бич. 9774
За куче баклава не требат. 9775
За ќефот твој не си го пукам меот мој. 4702
За лајна да го мениш, пак на зијан ќе си. 970
За лисица(та) кокошка, за ергенче девојка. 8991
За лисицата кокошка, за ергенче девојка. 4694
За љубовта нема лек. 9776
За љуле тутун и млекото мајчино си го исказа. 971
За магаре пите, кон тере. 7227
За магаре сено, та за него збор. 972
За мал подарок си ја загубил работата. 4695
За мала печалба човек затанува. 4696
За Марка вила немат. 973
За мене враните се думаа. 7228
За младите е веков, а за старите катот. 4697
За мъмејнца ѓумрук не се земат. 974
За на свадба чекај да те канат двапати, а за на умрен сам појди. 4698
За навјано нагнетено. 8992
За најадок у сиромао — за работа у богатие. 7231
За негва душа, за моја гуша. 975
За неразбранјот и тъпан да бијет не е доста. 976
За нескротлив коњ треба цврста узда. 9777
За никого не е арна кавгата. 977
За обидок се пари не дава. 7232
За ошто да јадам врапче, кога има прасе. 9778
За ошто му е глава, кога му е празна. 9779
За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е. 4716
За пари се може да се купи. 9780
За печена кокошка вера не се продат. 978
За победителот нема суд. 8993
За пола ако ти се фатит, шчини ја полата. 979
За поп викет доктур, а за доктур викет поп. 980
За пред попо не остана ништо. 4699
За работа и фети рутишча не кажви ми. 981
За разбранјот и ајпида да збрчит, доста е. 982
За Рајка немат капа. 983
За свадба парите в долапо. 7233
За свето кој плачи, без очи ќе си останит. 4700
За се има лек освен за смртта. 9781
За се има мерка. 9782
За се имат лек, ако имат век. 984
За секого неговиот дом е најубав. 9783
За секое грнче има капаче. 9500
За секое тенџере, капаче. 10317
За село шчо се гљат, не требит калауз. 985
За селсќи говеда не збире слама. 7234
За сешчо имат биљка, само ако ја знъјш. 986
За стап плачит. 987
За стар мачорок младо глувче требит. 988
За стари дни клај на стрна. 989
За старо лек — мътика и лопата. 990
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 2001 до 3000 од 10338

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org