Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Во просторот меѓу старата и новата населба се наоѓа малата црквичка Св. Атанас. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископyвања извршени од…
Св. Атанас. Старохристијанска црква. На околу 1 km јужно од селото, крај патот за селото Коњско се наоѓа црквата Св. Атанас, подигната во XVIII век. При трасирањето на патот што поминува крај самата црква биле откриени остатоци од постар објект —…
Југозападно од црквата Св. Богородица, на растојание од околу 1 км., се наоѓа црквата Св. Атанасиј. Во нејзината непосредна околина, низ обраснатиот предел, се распознаваат остатоци од темели на објекти, како и стари гробови. Храмот претставува…
Св. Атанасија. Средновековна некропола. Bо непосредната близина на селото, на југоисточната страна се гледаат остатоци од гробови покриени со камени плочи од кои некои се должи и до 3 м.
Св. Атанасија. Средновековна црква. На 1 km источно од селото, од десната страна на патот има остатоци од средновековна црква со димензии од 7,60 х 5 м. Дебелината на ѕидовите, градени од кршен камен и варов малтер, изнесува 0,80 м.
Св. Атанасија. Средновековна црква. Со сондажното археолошко истражување во 1972 година се откриени темели од еднокорабна црква со полукружна апсида, ѕидана од камен и варов малтер.
Оваа мала еднокорабна црква е сместена во источниот дел од Љубојно. Несомнено дека врз неа се вршени повеќе преправки, во различни временски периоди, се до најново време. Црквата има полукружна апсида на исток и единствен влез од западната страна. На…