Св. Богородица. Средновековна црква со некропола. Во 1960 година, при изградбата на одморалиштето на Тутунскиот комбинат од Прилеп биле откриени темели од црква и околу неа гробови од камени плочи.
Според својот надворешен изглед, објектот на прв поглед не оддава впечаток на некаков исклучително значаен споменик. Тој се карактеризира со крајно едноставен план, без посебни архитектонски карактеристики и со релативно скромни димензии од 15 м. во…
Самата црквичка е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната фасада и влез од запад. Над западниот влез во црквата од надворешната страна во плитка ниша, поставена е мермерна плоча со подолг врежан натпис. Од него дознаваме дека…
Св. Димитрија. Средновековна црква и некропола. На околу 150 т западно од селото, од левата страна на патот што води кон селската утрина се гледаат остатоци од мanа црквичка околу која има гробови со конструкции од камени плочи.
Св. Ѓорѓи. Некропола од римското време. На 500 м југозападно од селото, во правецот на езерскиот брег, според кажувањата на мештаните, при изградбата на црквата Св. Ѓорѓи биле откопани и уништени повеќе гробови со конструкции од камени плочи.…