Долно Дупени. Населба од доцноантичкото време. Во дворот на Славе Калајџиески и во околните дворишта, на поголема површина при копањето на темели за нови куќи биле откриени фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал кој не е зачуван.
Далечна Црква. Средновековна црква и некропола. На источната периферија на селото, кај селските гробишта, според кажувањето на мештаните, постоеле постари гробови градени од камени плочи. Исто така, биле откриени и темели од црква со мали димензии,…
Гура.Населба од доцноантичкото време. На 1 km источно од селото по површините на нивите се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Гумниште. Средновековна црква. На југоисгочинот дел на селото, покрај патот што води за селото Долна Бела Црква, според кажувањето на мештаните, имaло мала црква од која се зачувани само контурите на темелите, со приближни димензии од 10 м должина и…
Гумење. Населба од доцноантичкото време. Северно од селото, во непосредната близина на локалитетот Св. Спас има издолжено плато што се надоврзува на ридот Крушичка Краста. Според кажувањето на мештаните, при обработувањето на земјата наидувале на…
Гробишта. Средновековна некропола. Покрај реката во селото се гледаат остатоци од гробни конструкции градени од камени плочи, со ориентација истокзапад.
Гробишта - Св. Никола. Средновековна црква со некропола. На Околу 1.500 м источно од селото, во подножјето на Баба, на издолжен гребен со зарамнето плато се откриени гробови градени од камени плочи. Во средишниот дел на платото се гледаат остатоци од…
Грнчарско Селиште. Средновековна црква. На 2 km западно од селото, а исто толку и од селото Грнчари, според кажувањето на мештаните, на едниот крај од ливадите, обраснат со капини, имало остатоци од темели на мала црквичка.
Грмада. Населба од хеленистичкото време и црква од средниот век. На 2 km јужно од селото, покрај брегот на Преспанско Езеро, на простор од 100 х 250 м по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови. Се гледаат остатоци од објекти градени од…
Грамада. Населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на западниот раб на селото, на една блага падина што се спушта кон брегот на езерото. Со изградбата на асфалтниот пат локалитетот е пресечен на два дела. Во нивата на Јордан Василев со земјоделските…
Граишта. Некропола од римското време. На 1 km од селото, покрај патот за селото Брајчино, при обработувањето на земјата мештаните раскопanе повеќе гробови во кои биле најдени керамички садови.